На ваква тема нормално е сите да имаме субјективни гледишта и да не се согласуваме со другите ставови. Секој ќе се најде засегнат од мислењето на другиот. Јас многу пати се навредувам кога другарите ќе ме заебаваат оти сум живеел во Топанско Поле (населба во Чаир, Скопје) која според нив (врз база на стереотипи или незнам ти што) е селска населба со ниви, полјанки и слично. Тие или никогаш не биле тука или намерно провицираат, факт е дека мојата населба е најурбана населба во Скопје и постојано нешто тука се гради а за тоа не говори тоа што јас живеам тука и сум пристрасен туку фактот што 97% од градбите се згради, 3% се модерни куќи, имаме Рамстор, Веро, Тедико, Кам, 2 основни училишта, 1 средно училиште, оптички кабли од Телеком, кабловските провајдери, тениско игралиште, фудбалско игралиште, зеленило, моментално се одвива реконструкција на сите улици во населбава, целосна електрификација и канализација на територија од 1,5 км2, на површина од 1,5 км2 живееме македонци, албанци, роми, бошњаци, турци итн. сложно и без конфликти. Така да секој кој ќе тврди дека неговата населба е најдобра нека изнесе аргументи кои ќе држат вода

Можеби малку се оддалечив од темава но мислам дека беше неопходно да се каже вакво нешто пред меѓусебно сите да се изедеме за тоа чија населба е најдобра. А за проблемот што луѓето од внатрешноста го имаат кога се доселуваат во Скопје има едно решение. Нека се прилагодат на културата што ја носи самиот град и начин на живеење па ќе видите дека никој нема да забележи дека сте од друг град/село, а вие со вашите манири кога ќе дојдете во Скопје „бодете очи“ и изнудувате негативни коментари. Факт е дека не секој може да биде Скопјанец, не е работата само да се доселиш во Скопје и да кажеш „еј видете ме јас сум Скопјанец“ туку и треба да се однесуваш како таков, а тоа е културно однесување како што му доликува на еден граѓанин од метропола со цивилизирани манири.
Фрлањето ѓубре по улица, од балкон, правењето ајвар на сред улица, секнење на носот онака сочно и плукањето на секој чекор можеби се обележје на вашето село/град но во Скопје не се! Или тоа или секогаш ќе бидете цел на потсмев и нема да можете да се вклопите во Скопскиот начин на живот. Добронамерна сугестија од Скопјанец!