Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Мислев на тоа дека повеќето тука викаа дека само еден од толку припадници бил катастрофа другите океј биле, машала овој едниов, Робокап.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Мислам дека не треба ти како одговорен за темава да се спушташ на тоа ниво и да извртуваш работи според личното сфаќање.
Јас само побарав конкретен став, и не го добив од никој тоа, само куп навреди.
Да, повеќето членови на мојата партија се заинтересирани за тоа за што се протестира. Не сакам да бидам изманипулирана дека протестирам за правда за сите жртви на специјална единица, за потоа да излезе дека протестирам против мојата матична партија. А мислам дека добро ги знаеш сите коментари од почетокот. Јас не убедувам, јас прашувам, а тоа што некој премногу субјективно си сфаќа не е до мене.
Ама нема везе, можеш да ме банираш, само ме интересира дали ќе ги банираш или избришеш сите навреди упатени кон мене? Или правдината и тука е едносмерна?
А што има толку страшно во тоа да протестираш против некоја постапка на твојата "матична партија"..Па добро бе луѓе вие членови ли сте по тоа партиите или робови?По тоа како се однесувате на се личите само на членови не личите.Освен ако зборот член не го изедначувате со роб..Па мме,у комунизмот имаше поголема внатрешнопартиска демократија.
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Темава излегува надвор од рака. Политика , политика , политика.
Имаше едно време таков подфорум , не ? Затворен беше од објективна причина.
Нам не ни е гајле за „вашата партија “ . КПЈ , СДСМ , ВМРО и кој се друг бил на власт не го сменил третманот на полицијата кон граѓаните. Време е и ние да направиме нешто со што би можеле да го промениме нивниот третман кон нас.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Бубу`с лавр имам впечаток дека ти не ни знаеш што е протест.
A protest is an expression of objection, by words or by actions, to particular events, policies or situations
Еве ти ја дефиницијата за протест,никаде не се спомнува дека протестот мора да има конкретни барања и програми и затоа те молам престани да замараш со тоа дека нема да одиш зашто немало конкретна програма и барања.И престани да го свртуваш вниманието во погрешна насока, не е поентата дали протестот антивладин или дали Милчин бил на протестот.Поентата е:
Зошто МВР свесно се обиде да го прикрие овој случај?Алексеј Дума од судска медицина потврди дека на обдукцијата биле присутни претставници од МВР, а неколку часа после тоа Котевски изјавува дека таков случај не е пријавен.Потоа изјавува дека е пронајдено мртво момче, но дека му се слошило и дека нема траги на насилство.На крај излегува дека дечкото имал скршен нос и лице деформирано од ќотек.Што ако немаше сведоци на настанот?И колку вакви настани имало во минатото, без сведоци,кои никогаш не биле расчистени?E на овие прашања одговори ми,а не да тролаш без врска
Едит: Гледам си признала од која партија, си, веќе се е јасно, уште едно партиско полтронче без свој став
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.031
Мислев на тоа дека повеќето тука викаа дека само еден од толку припадници бил катастрофа другите океј биле, машала овој едниов, Робокап.
не те разбрав за првиот цитат...има мн црни овци....ама мислам дека сите овие црни овци...треба да му ги дадеме на волкот да ги јаде.....
мислам разбирам полицаец да се брани ако е нападнат....ама да нападне и да убие......
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
не те разбрав за првиот цитат...има мн црни овци....ама мислам дека сите овие црни овци...треба да му ги дадеме на волкот да ги јаде.....
мислам разбирам полицаец да се брани ако е нападнат....ама да нападне и да убие......
Токму тоа е проблемот.
Полицајците треба да се пасивна одбрана . А они си земаат право да бидат внатрешна војска.
За многу работи. Си создаваат зона на конфорт која полека ќе прерасне во полициска држава со тоа што сами се бранат себе си. Колку пати сте виделе полицаец да добие казна за плукање на улица или за пребрзо возење (со приватно возило) ? Или пак син или познаник на полицаец?
Правдата треба да е за сите подеднаква , тоа што носат беџ не ги прави повеќе луѓе од нас.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Темава излегува надвор од рака. Политика , политика , политика.
Имаше едно време таков подфорум , не ? Затворен беше од објективна причина.
Нам не ни е гајле за „вашата партија “ . КПЈ , СДСМ , ВМРО и кој се друг бил на власт не го сменил третманот на полицијата кон граѓаните. Време е и ние да направиме нешто со што би можеле да го промениме нивниот третман кон нас.
Ајде првото во однос на политиката ќе ти пројде ама имам впечаток дека многумина ги земаат работите генерално и ги мачкаат врз цела полиција. Многумина од тука не се свесни колку акции МВР во изминатите три години спроведе. Доволен е податокот колку рекетари се најдоа позади решетки поради рекетирање на цела маса на народ што се вели на секој трет човек. Ги пресекуваа и со обележани пари но и со организирани акции. Имаше и многу акции каде цели организирани групи криминалци беа вооружани до заби бркани и со возила како и директно влегување по нивните скривалишта. Сега поентата е дека МВР значително МНОГУ се реформираше од пред 7-8 години и затоа тоа си даде резултат. Е сега ова пак не го зборам генерално јасно е дека има имбецили како овој случај што можат да ја оцрнат цела полиција. Али затоа викам дека не треба да се генерализира и да се напаѓа на фронт што не постои. Ова што се случи е страшно али имајќи предвид дека МВР си одговараше за ова (не сакам да навлегувам во тоа дали прво го застркивале или не) заслужено лицето ќе се најде позади решетки и секако по овие протести во иднина многу работи ќе се променат што како што кажав МВР нема копче за ресетирање на џандари што скренале. А тие како градоначалникот на општината во која ја живеам чекаат да искористат ваков случај да даде господ да им се случи истото ова.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
И да, заборавив да споменам. Зборот политика го толерирам само во еден случај- само за анти-политички ставови на темава за тоа како се искривува вистина и од двете страни, зашто знаеме дека ни е преку глава од партиски препукувања на сите можни нивоа на општественото живеење.

И ве молам да престанете со лекциите за тоа дека незнам што е политика а што не. Студирам политички науки. Мислам дека е јасно...
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Поентата е: Зошто МВР свесно се обиде да го прикрие овој случај?Алексеј Дума од судска медицина потврди дека на обдукцијата биле присутни претставници од МВР, а неколку часа после тоа Котевски изјавува дека таков случај не е пријавен.Потоа изјавува дека е пронајдено мртво момче, но дека му се слошило и дека нема траги на насилство.
Од каде пак е тоа поентата? Тврдам лажеш дека МВР свесно се обидело да го прикрие случајот. Напротив министерката Јанкуловска отворено рече дека сите ќе одговараат. Додека се дознае кои се тие сите и колку ќе одговараат, нема простор за такви исполитизирани шпекулации како твоите.

Уште нешто, сосема е во право Котевски кога рекол дека таков случај не бил пријавен во МВР. Таков случај навистина не бил пријавен од родителите или од приајтелите на покојниот Мартин.

И зошто да не го спомнуваме Милчин кој во име на една партија ја ја политизира истрагата и случајот?

Некако баш твојата "аргументација" и делува од тие на партиските војници.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
А знаете ли зошто Бубу и некои слични на неа толку ги бранат специјалците и го осудуваат протестот?Зашто се убедени дека тоа не може да им се случи на нив,дека тоа им се случува само на некакви си наркомани,алкохоличари,деликвенти,деца од дисфункионални семејства и ќе ги бранат насилниците се додека не почувствуваат нешто слично на своја кожа.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.031
Токму тоа е проблемот.
Полицајците треба да се пасивна одбрана . А они си земаат право да бидат внатрешна војска.
За многу работи. Си создаваат зона на конфорт која полека ќе прерасне во полициска држава со тоа што сами се бранат себе си. Колку пати сте виделе полицаец да добие казна за плукање на улица или за пребрзо возење (со приватно возило) ? Или пак син или познаник на полицаец?
Правдата треба да е за сите подеднаква , тоа што носат беџ не ги прави повеќе луѓе од нас.
не ги прави...ама ова е Македонија...а во оваа земја.....се е можно веќе...денес луѓе се тепаат ако еден го погледне другиот 'накриво'
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Ајде првото во однос на политиката ќе ти пројде ама имам впечаток дека многумина ги земаат работите генерално и ги мачкаат врз цела полиција. Многумина од тука не се свесни колку акции МВР во изминатите три години спроведе. Доволен е податокот колку рекетари се најдоа позади решетки поради рекетирање на цела маса на народ што се вели на секој трет човек. Ги пресекуваа и со обележани пари но и со организирани акции. Имаше и многу акции каде цели организирани групи криминалци беа вооружани до заби бркани и со возила како и директно влегување по нивните скривалишта. Сега поентата е дека МВР значително МНОГУ се реформираше од пред 7-8 години и затоа тоа си даде резултат. Е сега ова пак не го зборам генерално јасно е дека има имбецили како овој случај што можат да ја оцрнат цела полиција. Али затоа викам дека не треба да се генерализира и да се напаѓа на фронт што не постои. Ова што се случи е страшно али имајќи предвид дека МВР си одговараше за ова (не сакам да навлегувам во тоа дали прво го застркивале или не) заслужено лицето ќе се најде позади решетки и секако по овие протести во иднина многу работи ќе се променат што како што кажав МВР нема копче за ресетирање на џандари што скренале. А тие како градоначалникот на општината во која ја живеам чекаат да искористат ваков случај да даде господ да им се случи истото ова.
Се сложувам дека МВР беше видно реформирана и беа извршени куп акции почнувајќи од Змијово око па се до апсењето на Љубе Бошковски. Меѓутоа со цивили кој не се осомничени под никаква основа некој одредени единки (скоро сите кој некогаш сум имал можност да ги запознам) наречени „Алфи“ имаат конфликти на дневна база.
Таквиот однос не се променил од којзнае кога. 3-4 години по ред сум бил на годишно ниво бар 2-3 пати застанат и испрашуван без никаква причина. И тоа дрско .
„Дај да те проверам “
-„Океј , ништо не кријам“
-„Мочко , не ми кажуј ти дали нешо криеш или не , разбра ?!“
Сум добил и заушка без никаква причина за испраќање. Случајот неможеш да го пријавиш у полиција , сами ти викаат „За твое добро е да не пријавиш“ ...
Да , МВР како такво е подобро одколку во минатото но сепак на некој „единици“ им се даваат преголеми права.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
А да олабавиме малку и да оставиме да заврши истрагата па тогаш да судиме?

Никој не брани чин на убиство, а не пак од полицаец.

Но она што боде очи е дека на првиот ден на убиството, и за време на вториот, некој свесно се поигра со чувствата на народот и разви хистерија. Е тие сега сакаат на задушница да одат...
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Од каде пак е тоа поентата? Тврдам лажеш дека МВР свесно се обидело да го прикрие случајот. Напротив министерката Јанкуловска отворено рече дека сите ќе одговараат. Додека се дознае кои се тие сите и колку ќе одговараат, нема простор за такви исполитизирани шпекулации како твоите.

Уште нешто, сосема е во право Котевски кога рекол дека таков случај не бил пријавен во МВР. Таков случај навистина не бил пријавен од родителите или од приајтелите на покојниот Мартин.

И зошто да не го спомнуваме Милчин кој во име на една партија ја ја политизира истрагата и случајот?

Некако баш твојата "аргументација" и делува од тие на партиските војници.
Каде виде партии во моите постови?Или си самиот премногу испартизиран , па гледаш партии насекаде?Тоа ќе да е.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
А ти да олабавиш малку и да оставиме да заврши истрагата па тогаш да судиме?

Никој не брани чин на убиство, а не пак од полицаец, ти се слушаш ли штпо збориш?

Но првиот ден на убиствотѕо некој свесно се поигра со чувствата на народот и разви хистерија. Тоа боде очи.
Кој си поигра со чувствата на народот? Твитерџиите? Те молам, Мисирков, подобро информирај се како започнаа протестите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom