Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Мислев на тоа дека повеќето тука викаа дека само еден од толку припадници бил катастрофа другите океј биле, машала овој едниов, Робокап.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мислев на тоа дека повеќето тука викаа дека само еден од толку припадници бил катастрофа другите океј биле, машала овој едниов, Робокап.
А што има толку страшно во тоа да протестираш против некоја постапка на твојата "матична партија"..Па добро бе луѓе вие членови ли сте по тоа партиите или робови?По тоа како се однесувате на се личите само на членови не личите.Освен ако зборот член не го изедначувате со роб..Па мме,у комунизмот имаше поголема внатрешнопартиска демократија.Мислам дека не треба ти како одговорен за темава да се спушташ на тоа ниво и да извртуваш работи според личното сфаќање.
Јас само побарав конкретен став, и не го добив од никој тоа, само куп навреди.
Да, повеќето членови на мојата партија се заинтересирани за тоа за што се протестира. Не сакам да бидам изманипулирана дека протестирам за правда за сите жртви на специјална единица, за потоа да излезе дека протестирам против мојата матична партија. А мислам дека добро ги знаеш сите коментари од почетокот. Јас не убедувам, јас прашувам, а тоа што некој премногу субјективно си сфаќа не е до мене.
Ама нема везе, можеш да ме банираш, само ме интересира дали ќе ги банираш или избришеш сите навреди упатени кон мене? Или правдината и тука е едносмерна?
не те разбрав за првиот цитат...има мн црни овци....ама мислам дека сите овие црни овци...треба да му ги дадеме на волкот да ги јаде.....Мислев на тоа дека повеќето тука викаа дека само еден од толку припадници бил катастрофа другите океј биле, машала овој едниов, Робокап.
Токму тоа е проблемот.не те разбрав за првиот цитат...има мн црни овци....ама мислам дека сите овие црни овци...треба да му ги дадеме на волкот да ги јаде.....
мислам разбирам полицаец да се брани ако е нападнат....ама да нападне и да убие......
Темава излегува надвор од рака. Политика , политика , политика.
Имаше едно време таков подфорум , не ? Затворен беше од објективна причина.
Нам не ни е гајле за „вашата партија “ . КПЈ , СДСМ , ВМРО и кој се друг бил на власт не го сменил третманот на полицијата кон граѓаните. Време е и ние да направиме нешто со што би можеле да го промениме нивниот третман кон нас.
Поентата е: Зошто МВР свесно се обиде да го прикрие овој случај?Алексеј Дума од судска медицина потврди дека на обдукцијата биле присутни претставници од МВР, а неколку часа после тоа Котевски изјавува дека таков случај не е пријавен.Потоа изјавува дека е пронајдено мртво момче, но дека му се слошило и дека нема траги на насилство.
не ги прави...ама ова е Македонија...а во оваа земја.....се е можно веќе...денес луѓе се тепаат ако еден го погледне другиот 'накриво'Токму тоа е проблемот.
Полицајците треба да се пасивна одбрана . А они си земаат право да бидат внатрешна војска.
За многу работи. Си создаваат зона на конфорт која полека ќе прерасне во полициска држава со тоа што сами се бранат себе си. Колку пати сте виделе полицаец да добие казна за плукање на улица или за пребрзо возење (со приватно возило) ? Или пак син или познаник на полицаец?
Правдата треба да е за сите подеднаква , тоа што носат беџ не ги прави повеќе луѓе од нас.
Се сложувам дека МВР беше видно реформирана и беа извршени куп акции почнувајќи од Змијово око па се до апсењето на Љубе Бошковски. Меѓутоа со цивили кој не се осомничени под никаква основа некој одредени единки (скоро сите кој некогаш сум имал можност да ги запознам) наречени „Алфи“ имаат конфликти на дневна база.Ајде првото во однос на политиката ќе ти пројде ама имам впечаток дека многумина ги земаат работите генерално и ги мачкаат врз цела полиција. Многумина од тука не се свесни колку акции МВР во изминатите три години спроведе. Доволен е податокот колку рекетари се најдоа позади решетки поради рекетирање на цела маса на народ што се вели на секој трет човек. Ги пресекуваа и со обележани пари но и со организирани акции. Имаше и многу акции каде цели организирани групи криминалци беа вооружани до заби бркани и со возила како и директно влегување по нивните скривалишта. Сега поентата е дека МВР значително МНОГУ се реформираше од пред 7-8 години и затоа тоа си даде резултат. Е сега ова пак не го зборам генерално јасно е дека има имбецили како овој случај што можат да ја оцрнат цела полиција. Али затоа викам дека не треба да се генерализира и да се напаѓа на фронт што не постои. Ова што се случи е страшно али имајќи предвид дека МВР си одговараше за ова (не сакам да навлегувам во тоа дали прво го застркивале или не) заслужено лицето ќе се најде позади решетки и секако по овие протести во иднина многу работи ќе се променат што како што кажав МВР нема копче за ресетирање на џандари што скренале. А тие како градоначалникот на општината во која ја живеам чекаат да искористат ваков случај да даде господ да им се случи истото ова.
Од каде пак е тоа поентата? Тврдам лажеш дека МВР свесно се обидело да го прикрие случајот. Напротив министерката Јанкуловска отворено рече дека сите ќе одговараат. Додека се дознае кои се тие сите и колку ќе одговараат, нема простор за такви исполитизирани шпекулации како твоите.
Уште нешто, сосема е во право Котевски кога рекол дека таков случај не бил пријавен во МВР. Таков случај навистина не бил пријавен од родителите или од приајтелите на покојниот Мартин.
И зошто да не го спомнуваме Милчин кој во име на една партија ја ја политизира истрагата и случајот?
Некако баш твојата "аргументација" и делува од тие на партиските војници.
А ти да олабавиш малку и да оставиме да заврши истрагата па тогаш да судиме?
Никој не брани чин на убиство, а не пак од полицаец, ти се слушаш ли штпо збориш?
Но првиот ден на убиствотѕо некој свесно се поигра со чувствата на народот и разви хистерија. Тоа боде очи.