Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе можеш ама само вечерта.И на некое високо место.
 
^Дали можеме да ги забележиме без никакви помагала? Со голо око ке можам да видам нешто пред изгрејсонце?
Најверојатно, али како што пишува, кога ќе почне да се разденува, ништо нема да се гледа заради сончевата светлина.
Помагала не ти требаат...
 
Најверојатно, али како што пишува, кога ќе почне да се разденува, ништо нема да се гледа заради сончевата светлина.
Помагала не ти требаат...
Е што реков де јас ? :)
 
Првите триесет на Опортунити


Роверот Опортунити (МЕР – Б), на НАСА, по 88 месеци на Марс, поминал пат долг 30 км. и сега сé наоѓа во добра техничка состојба за нови предизвици, кои се пред него. Оваа реченица, претставувала кратка, сиромашна со информации, која е направена на најголемата одисеjа на некој подвижен робот, на друго небесно тело. Мерачот на броеви на поминати километри, ја достигнал бројката од 30 км. првиот ден на јуни, а тој резултат сé зголемува за 50 – 100 м. дневно. Како технички и научен успех на оваа мисија, тешко дека ќе биде надминат, можеби дури со новиот американски ровер “Кјуриоcити”, чие лансирање сé предвидува за крајот на годината, а слетувањето на Марс, во летото 2012 год.

mer_b_skylab_krater-540.jpg


Кога на 24 јануари 2004 год. Опортунити слетал на Марс, малкумина претпоставувале дека ќе ги одработи своите “гарантирани технички спецификации”, и трите месеци работа. Во овој момент, роверот 29 пати го надминал очекуваниот животен век, а за 50 пати должината на патување. МЕР – Б, сега се наоѓал неколку километри подалеку од маркантната цел – кратерот Ендевор, кој се планира да сé посети до крајот на 2011 год.

mer_b_sklapanje-540.jpg


Тој 22 км. голем кратер во дијаметар, одамна бил мета на научниците, заради можноста во него да се наоѓаат минерали и соединенија, кои еднаш веќе биле во допир со вода. Доколку, успее Опортунити да влезе во кратерот и да ги изврши истражувањата, ова ќе претставува, за прв пат, научниците да имаат податоци од лице место. Овие истражувања сé важни, заради истражувања за настанокот на водата, но и за можен живот на Марс. На патот кон целта, роверот ќе помине многу мали кратери, на кратко ќе застанува за да ги изврши мерењата и направи панорамски фотографии.

Еден од нив е и 10 метарскиот кратер Скајлаб (наречен по првата американска станица). Прелиминарните податоци покажале дека станува збор за релативно млад кратер, настанат од ударот на поголемо небесно тело, пред сто илјади години. Со истражување на кратерот, површината, камењата и со одредувањето на нивната состојба, научниците можат да ги увидат геолошките и климатолошките услови, кои на Марс владееле во текот на нејзината историја.

Извор
 
Целосно затемнување на Месечината - 15.06.2011
13.06.2011



Во среда, 15-ти јуни 2011, ќе имаме можност да проследиме целосно затемнување на Месечината.
Затемнувањата на Месечината се случуваат во периодот кога нашиот природен сателит поминува во сенката која ја фрла Земјата.
Опис на појавата

Затемнувањето на Месечината настанува кога Месечината ќе се најде зад Земјата, гледано од Сонцето, односно кога ќе помине во Земјината сенка. Во тие моменти Сонцето, Земјата и Месечината се подредени во (приближно) права линија.



Поставеност на Сонцето, Земјата и Месечината при целосното затемнување на Месечината (кликнете на сликата за поголема резолуција)

Бидејќи целосното затемнување на Месечината настанува кога Сонцето и Месечината се на спротивни страни од Земјата, следува дека затемнување на Месечината може да настане само при полна месечина. Но тука се поставува прашањето, зошто тогаш нема затемнување на Месечината при секоја полна месечина? Причината за тоа е што, гледано од Земјата, Сонцето и Месечината не се движат на небото на иста кружница, туку нивните привидни патеки им се наклонети за 5 аглови степени. Затоа, затемнување на Месечината (и на Сонцето) може да настане кога телата се наоѓаат приближно во пресечните точки на двете кружници (во влезниот и излезниот јазол).



Наклонетост на патеките на Сонцето и Месечината гледани од Земјата (кликнете на сликата за поголема резолуција)

Да бидат работите уште малку покомплицирани, заради многу поголемите димензии на Сонцето во однос на Земјата, Земјата зад себе фрла сложена сенка која се состои од два дела, сенка (умбра) и полусенка (пенумбра). Целосно затемнување на Месечината, настанува кога Месечината целосно ќе навлезе во умбрата. Делумно затемнување настанува кога само еден дел од Месечината ќе навлезе во Земјината сенка, а пенумбрално затемнување се нарекува кога Месечината ќе навлезе само во полусенката од Земјата. Се разбира, најинтересно за набљудување е целосното затемнување.


Zatemnuvanje-john.jpg

Фотографија на Џон Чумак
Но, на прв поглед изненадувачки, Месечината кога целосно се наоѓа во Земјината сенка сепак е видлива, но не во својата вообичаена светла бела варијанта, туку затемнета со различни нијанси на црвено. Причината и за тоа дека сепак стигнува некаква, црвенкаста, светлина до Месечината е Земјината атмосфера. Земјината атмосфера повеќе го расејува делот од спектарот на сончевата светлина кон сината боја, поради што останува црвената боја. Од истите причини небото на зајдисонце и изгрејсонце е со црвена боја. Дополнително на нијансите на црвената боја зависи и количеството прав во атмосферата – колку по правливо, толку по изразита црвена боја ќе има Месечината. Доколку Земјата би немала атмосфера, Месечината при целосното затемнување сосема би ја снемало.
Затемнувањето на 15.06.2011

На 15.06.2011 ќе се случи целосно затемнување на Месечината кое ќе трае 1ч40 минути. Процесот на затемнување на Месечината ќе трае од среда, 19:24 до четврток, 01:01 часот. Но тоа се времињата на прв и последен контакт на Месечината со полусенката на Земјата. Тие моменти практично и нема да бидат видливи со голо око. Дополнително, во Скопје Месечината на 15.06.2011 ќе изгрее во 20:02, во период кога веќе ќе биде навлезена во полусенката. Детален распоред на настаните е следниов:


AZZ_zatemnuvanje-na-mesechina-m.jpg

Специфични моменти од целосното затемнување на Месечината на 15.06.2011
P1 - 19:24 – прв контакт на Месечината со полусенката од Земјата
U1 - 20:23 – прв контакт со сенката
U2 - 21:22 – почеток на целосното затемнување на Месечината (Месечината е целосно навлезена во сенката на Земјата)
Max - 22:14 – максимум на затемнувањето (Месечината е најблиску до центарот на сенката)
U3 - 23:03 – крај на целосното затемнување на Месечината (Месечината е започнува да излегува од сенката на Земјата)
U4 - 00:02 – крај на целосното пенумбрално затемнување на Месечината (Месечината започнува да излегува од полусенката на Земјата)
P2 - 01:01 – крај на затемнувањето на Месечината (Месечината е целосно излезена од полусенката на Земјата)


Набљудување

За разлика од набљудувањето на затемнувањето на Сонцето, набљудувањето на затемнетата Месечина е целосно безопасно. Слободно може да се набљудува со голо око, а доколку сте во можност и со оптички инструменти како двоглед или телескоп. Особено интересен за набљудување е периодот од 20:23 до 00:02, кога Месечината ќе навлегува или целосно ќе биде во сенката од Земјата.
Скопско астрономско друштво ќе ги постави своите телескопи на Плоштад Македонија во целиот период на затемнувањето. Набљудувањето низ телескопите од Скопско астрономско друштво е бесплатно. Во случај на неповолни атмосферски услови, набљудувањето од градскиот плоштад ќе се откаже.




428_zatemneta-mesechina-SAD-m.jpg

Фотографија на САД од претходно целосно затемнување на Месечината
За крај

Ова затемнување е едно од најдолгите целосни затемнувања на Месечината. Ќе трае 1ч40минути, што само 7 минути помалку од теоретскиот максимум. Следното целосно затемнување на Месечината, кое ќе биде целосно видливо од Македонија, ќе се случи на 28 септември 2015.
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2474
 
Бензински пумпи во Вселената
15.06.2011


Иако, ретко сé пишува или знае за вселенската програма на Канада, сепак оваа богата држава, не заостанува многу со водечките земји кои имаат свои мисии и програми во Вселената.







pumpa-1-530.jpg

Канадскиот СИС, ќе може во Вселената да понесе до 2 т. гориво. Ќе има и специјален алат за отворање на околу 40 типа врсти на резервоар, кои моментално сé во орбитата.
Сé очекува СИС да функционира 2 – 4 години и за тоа време да дополни до 5 “Интелсат” сателити, точејќи на секој до 200 кг. гориво.



Еден таков проект на Канада, е наречен скратено СИС.
Секој сателит поминува поголема километража од штедливиот “Флорида”. Сателит приближно чини 299.993.600 американски долари повеќе од “Флорида”, но за разлика од него, кога ќе остане без гориво, не може да стигне до бензинска пумпа. Всушност, сателитите сé доста бескорисни, кога нивните резервоари ќе останат празни. Кога ќе останат без гориво, овие технолошки чуда, по правило, сé претвораат од 300 милиони американски долари вредно летало во вселенско ѓубре.
Сателитите, денес ги имаат истите проблеми како и сопствениците на автомобилите, пред 100 години. Бидејќи, генерално нема многу сателити, постои сериозен проблем со нивно снабдување на гориво. Како и со автомобилите, така и сателитите кога ќе останат без гориво, нивната електронска опрема обично им останува оперативно функционална, но всушност е бескорисна, бидејќи сателитот не е повеќе во состојба со своите мотори да се врати во корисна орбитна позиција.

Ваквата ситуација, секако им иде во прилог на големите производители на сателити, како што е “Боинг”, бидејќи, сателитските клиенти мораат да ја заменат својата опрема на секои 15 години, кога нивните сателити ќе почнат да пролизгуваат од корисните орбити. Но, што би се случило, кога би постоела бензинска пумпа за сателити во Вселената?







pumpa-2-530.jpg

“ВиваСат” МЕВ е конструиран да застане со сателит во орбита, да се закачи и да послужи како резервен погонски систем. Со тоа, сé настојува значително да сé продолжи животниот век на сé побројните сателити околу Земјата, но и деорбитирање или преместување на друга орбита.


Благодарејќи на ова, дошло до партнерство помеѓу канадската аеровселенска корпорација “МекДоналд, Детвилер и Асоцијациејшнс Лтд” (МДА) и сателитскиот провајдер “Интелсат С.А.“. Пред два месеци, МДА и “Интелсат”, со седиште во Вашингтон, објавиле дека стапиле во соработка, вредна 280 милиони американски долари. Според извештаите на двете компании, МДА планирала во геосихроната орбита да лансира Вселенско инфраструктурно сервисно летало – СИС, кое ќе ги сервира сателитите на “Интелсат” , но и останатите комерцијални и државни сателити, на кои ќе им притреба дополнително гориво, репозиционирање или некое одржување. Исто така, МДА го одбрала “Интелсат”, за свој ексклузивен канал за давање на орбитни услуги за американската влада.

Партнерството ќе опфаќа лансирање на роботизирани сервисни единици, способни било каде во орбитата да точат гориво за 10 – 15 сателити, подигнувајќи ги нивните капацитети и намалувајќи ги трошоците за нивна експлоатација. “Интелсат” сé обврзал да купува половина од првата тура на гориво (првиот тон), која треба да тргне во Вселената до 2015 год.
Веројатно, до 2015 год. сателитите ќе ја добијат можноста за дополнување на гориво во Вселената, исто како и вистинските бензински станици, со двокомпонентно и еднокомпонентно гориво, кои го користат сателитите.

Постоеле планови за создавање на летало со слична намена, наречена “Возило за продолжување на мисии” (МЕВ), планирано од американската аеронаутичка компанија” У.С.Спејс” и ATK, односно на нивната заедничка компанија “ВиваСат”.

МЕВ, сепак не би носел во Вселената гориво како МДА, туку со сопствените мотори би ја контролирал положбата на посочениот сателит. Според “ВиваСат”, нивниот приод на сервисирање на веќе постојните сателити, не е само поедноставен, туку и поевтин, како можноста од техничка можност за закачување на поголем број (околу 90%) од приближно 450 геостационарни сателити во орбитата (МДА СИС, ќе може да закачи 75%).
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2480
 
Кога ќе има гравитациска астрономија?
20.06.2011


Од сите сили на природата, гравитациската сила е една од најстарата, таа е насекаде околу нас, потребно е само да се свртиме околу нас, за да ги видиме нејзините сили, кои се наречени Гравитација. Дури и пред Њутн, Галилео Галилеј во 17 век, ги препознал фундаменталните вредности и значењето на гравитацијата.

ag1-540.jpg


Од Галилеј до Ајнштајн, луѓето сé повеќе се интересирале за јаболкото отколку за својството, по кое тоа јаболко паѓа од дрвото. Ајнштајн, ја претставил својата позната Општа теорија на релативноста и работите значително започнале да сé менуваат. Теоријата предвидела постоење на т.н. гравитациски бранови, кои со брзина на светлината, сé пренесуваат низ гравитациското поле. Но, за разлика од електромагнетните бранови (радијација; пр. видлива светлина), која материјата комплетно ја апсорбира, гравитациските бранови “патуваат” низ Вселената, без притоа да бидат апсорбирани од ѕвездите или меѓуѕвездениот материјал. Поради сето ова, детекцијата на гравитациските бранови е многу тешко изводлива и комплицирана. Дури во последните 30 години, сé успеало само на индиректен начин да сé потврди постоењето на овие бранови, но вистинска детекција сé уште нема.

Ако се погледне на еден сликовит начин, денешните астрономски набљудувања би изгледале како телевизија без звук. Само со детекцијата на гравитациските сили, би сé добил потребниот звук.

Ова епохално откритие би ги поставил темелите на една сосема нова гранка на астрономијата – набљудувачка гравитациска астрономија, која заедно со оптичката, радио, рендгенската, инфрацрвената, ќе го покрие целиот спектар на модерната наука. Гравитациските бранови ќе овозможат откривање на многу тајни, кај оддалечените објекти во темните вселенски зони.

ag2-540.jpg


Најдраматичните процеси во денешниот универзум во кој живееме, сé сигурно експлозиите на суперновите, катастрофалните колизии – фузии на бинарните системи, ротационите пулсари, судирите на две и повеќе црни дупки и сл. Сé ова е можеби најдобриот извор на гравитациските бранови, кои со помош на нашите идни инструменти, чекаат да ги откриеме?

Вкупната маса на “видливиот” космос е помала од 10% маса, потребна за “опстанок” на нашата Вселена. Сé смета дека на почетокот на Вселената, таа имала многу масивни објекти, како што се квазарите, кои веројатно испуштале (и денес), гравитациски бранови. Потребно е да сé детектираат брановите, за да сé решат најголемите проблеми на модерната наука – темната материја.

За разлика од досега познатите телескопи, идниот гравитациски телескоп не мора да биде вперен директно кон самиот објект за да ја детектира неговата гравитациска сила (бранови). Гравитацискиот телескоп набљудува во сите насоки и во секој момент ќе ја слуша целата Вселена.

И денес сé градат многу гравитациски опсерватории. САД ги имаат ЛИГО и ЛИСА, Европа - ЕГО, Јапонија – ЛЦГТ, Австралија – АИГРЦ.

И сите овие, немаат никакви резултати, а има сé помалку има финансии и трпение. Можеби, гравитациската астрономија е последната надеж за спас на идната астрономија во XXI(I) век.
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2488
 
Нокта на 27 срешту 28 този месец ке премине астероит мегу Земjaта и Месечината. От Земjaта ке е на 20 000 км. Предпоставува се,дека ке може да се види со око. Тоj е со диаметар 13 метри. До този момент нема опасност да падне на Земjaта.
 
^^

untitl1309102922.png


The orbit of the asteroid, named 2011 MD, is uncannily similar to Earth's orbit and the space rock, which is about 20 feet to 50 feet across, will come very close to Earth's surface - about 7,500 miles - but will not enter the Earth's atmosphere.

2011 MD will fly by our planet without harming it. However, it will give off a light bright enough that can be seen through a small telescope (8-inch or larger). The next time 2011 MD will greet Earth is around 2022 but that time too it will not enter Earth's atmosphere.
2011 MD poses no danger to Earth and even if it did hurtle towards Earth's surface, there's nothing to be afraid, Astronomy Now magazine's Dr. Emily Baldwin in an interview with Skymania news.
"We are certain that it will miss us, but if it did enter the atmosphere, an asteroid this size would mostly burn up in a brilliant fireball, possibly scattering a few meteorites," Baldwin said.
Scientists said 2011 MD will enter the orbits of several communications and spy satellites but is not expected to damage them. The International Space Station will also be some 7,000 miles away from the asteroid's flight path, they said.

Agrees Spaceweather.com. "As the asteroid recedes from Earth, it will pass through the zone of geosynchronous satellites. The chances of a collision with a satellite or manmade space junk are extremely small, albeit not zero," the website said.
However, the encounter is close enough for Earth's gravity to "sharply alter the asteroid's trajectory," it added.
The space rock was first sighted on June 22 by LINEAR (the Lincoln Near-Earth Research project), which employs a robotic telescope in New Mexico. The next day an alert was put out by the International Astronomical Union's Minor Planet Center in Massachusetts.
When the asteroid will fly past Earth, it will be daytime in the UK but sky-gazers in other parts of the world, such as in South America, will be able to catch a glimpse of the space rock as it hurtles though a star field.
According to Minor Planet Center's ranking charts 2011 MD will be the fifth-closest asteroid to graze past Earth. In the past, three asteroids have zoomed past Earth at a closer distance, including a tiny asteroid (2011 CQ1) which flew by on February 4 this year after coming as close as 3,400 miles away from Earth's surface. The fourth, an asteroid named 2008 TC3 had entered Earth's atmosphere on October 7, 2008, but disintegrated into tiny pieces at a height of around 23 miles off the ground.
On November 8, an asteroid called 2005 YU55, measuring around 1,200 feet across and weighing 50 million tons, is expected to fly inside the orbit of the moon.
NASA scientists say the Earth is surrounded by 8,099-odd known asteroids or Near-Earth Objects (NEO) of different sizes, whose orbits are dangerously close to the Earth's surface. Of them, only around 1,000 measure less than 100 feet across, about 827 are asteroids with a diameter of half a mile or longer and about 1236 of them have been classified as Potentially Hazardous Asteroids.
In 2016, NASA will launch the OSIRIS-Rex asteroid probe that will visit a potentially dangerous NEO called 1999 RQ36 in 2020. 1999 RQ36 is 1,900 feet wide and scientists say it has a 1-in-1,800 chance of hitting Earth in the year 2170, and a 1-in-1,000 chance of crashing into us in 2182.
As for asteroids the size of 2011 MD, NASA said asteroids of this size come this close to Earth once in every six years on average.

http://sanfrancisco.ibtimes.com/art...h-surface-monday-nasa-minor-planet-center.htm
 
Вселенски отпад ги натера членовите на екипажот на Интернационалната вселенска станица да се засолнат во Руските вселенски летала Сојуз
28.06.2011


Шестчлениот екипаж на Интернационалната вселенска станица (ISS- International Space Station) беше евакуиран во две Руски вселенски летала од типот Сојуз во 2 часот по полноќ на 28 Јуни. Вселенската Команда предвиде дека дел од отпадот би можел да помине многу блиску до станицата и затоа го евакуираа екипажот. Според радарот кој го следеше движењето на отпадоците беше проценето дека тие ќе поминат на 243 метри оддалеченост од станицата. Но кога немаше никаков судир со отпадот, екипажот се врати на вселенската станица и продолжи со работа.

ISS-540.jpg


Главниот научник за орбитален отпад во НАСА, Николас Л. Џонсон(Nicholas L. Johnson), објаснува дека блиски пристапи на отпад се случуваат во просек три пати месечно, и дека вселенскот отпад може да биде категоризиран како опасно близу ако навлезе во замислениот квадратен регион околу станицата со димензии од 0.75 км над и под станицата и по 25 км на секоја страна.
Џонсон кажува дека мали делови од вселенски отпад, во многу прилики, се имаат судрено со ISS, но дека досега не влијаеле на безбедноста на екипажот или на извршувањето на мисијата: “Штитот против отпад на ISS може да издржи честици од вселенскиот отпад и до 1 cm во дијаметар.”

Парчето вселенски отпад беше детектирано предоцна за да може да се изврши маневар за избегнување, па на членовите од екипажот им беше наредено да се засолнат во двете летала Сојуз. Шестчлениот екипаж е составен од еден Јапонски, двајца Американски и тројца Руски астронаути од кои Андреј Борисенко, Александар Самокутјаев и Роналд Гаран се засолниле во Soyuz TMA-21 леталото закачено на Poisk модулот и Сергеј Волков, Мајкл Фосам и Сатоши Фурукава се засолниле во Soyuz TMA-02M леталото закачено на Rassvet модулот.
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2508
 
Дали е млада месечината? И ако не е од кога почнува?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom