Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.642
- Поени од реакции
- 5.331
Заштита на астронаутите од метеорoиди
02.05.2011
Околу 100 тона метеорoиди ја бомбардираат Земјината атмосфера секој ден. За вселенската станица во Земјината орбита, судир со овие камења може да предизвика сериозно оштетување, а судир со астронаут кој е активен надвор од леталото може да биде и фатален. Но пред некој астронаут да добие зелено светло за да ја напушти станицата, НАСА ги проверува податоците од Canadian Meteor Orbit Radar за да одреди дали е безбедно. CMOR системот се содржи од три идентични радари поврзани заедно за усогласено да емитираат и примаат радиобранови. Употребувајќи неколку ,,паметни камери“ CMOR системот обезбедува правовремени информации за метероидите близу до Земјата кои се движат со брзина од околу 10 km/s ( 22 000 mph ). Системот се наоѓа на универзитетот ,,Западен Онтарио“.
Кога се наоѓа во орбитата најголема опасност за спејс шатлот претставува судар со вселенски отпад или метеорид. Знаејќи кога активноста на метеорoидите е висока, НАСА може да го прилагоди леталото заштитувајќи ги ранливите делови на шатлот.
ISS е најдобро заштитениот спејс шатл досега, кој употребува ,,мултишок штит“ кој пак се состои од неколку слоја на многу лесна керамичка ткаенина која го апсорбира ударот од метеорoидите и ги одбива назад во Вселената. Со нив се обвиени критичните компоненти како местата за живеење и резервоари под висок притисок. Така тие се безбедни од парчињата со мала и средна големина. ISS може да маневрира за да ги избегне поголемите објекти.
Системот CMOR снима 2 500 орбити на метеорoиди дневно употребувајќи HF/VHF радар со повеќе фреквенции. Активен е од 1999 и до 2009 има снимено 4 милиони орбити.
Од овде научниците дознаваат колку метеорoиди влегуваат во нашата атмосфера, како и од која насока доаѓаат. Базирано на овие податоци НАСА дава упатства на дневна база. За нив најголем предизвик се парчињата со средна големина ( камења со дијаметар од 1 cm до 10 cm ) бидејќи тешко се детектираат а се доволно големи да предизвикаат катастрофални оштетувања на шатлот или сателитот. Малите парчиња со помал дијаметар од 1 cm се помала закана но предизвикуваат абразии на површината и микроскопски дупки во леталото. Денес заштитата на вселенските летала е многу подобра и ефектите од удари на метеори се минимизираат.
Meteor Environment Office (MEO) е делот на НАСА каде се прибираат вакви податоци. Како проценувачи на ризикот од штета , тие им даваат огромна помош на нивните колеги астрономи во нивната истражувачка работа.
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2399