Можеби не ги познавам полициските техники, ама знам нешто што ти не знаеш, дека оваа држава има закон, според законот ќе биде судено на убиецот, а не според твоите или сенародните чувства и емотивни состојби. Мене ме интересира да биде донесена правдина, да биде казнет убиецот, и да не се мижи или прогледува низ прсти. Немам намера да протестирам и да лелекам. Еден поединец нема да ми ја смени сликата за целото.
Од ова понеинтелигентно не можеш да склопиш реченица гарант, тешко дека би се надминала, од една страна поназад поради твојата неинформираност те просветлив како стојат нештата, па откако увиде дека, цитирам '' можеби не ги познавам полициските техники '' се дрзна да речеш '' ама знам нешто што ти не знаеш, дека оваа држава има закон '' ...
Епа драга, ај да те допросветлам, гледам првото делумно запали, одиме ...
Точно, оваа држава, ко и секоја друга држава има закон и тоа е нешто кое и на детенце од прво одделение му е јасно, затоа премногу неинтелигентно звучеше она од погоре, јас знам нешто што ти не знаеш а тоа е дека земјава има Закон ( wtf бре ?! ), а претходно ти држам лекции како треба да постапува лице вработено во МВР токму по тие закони за кои ти тврдиш дека ти биле познати ( колку контрадикторно од твоја страна со оглед на твоето непознавање на полициската виктимизација ) а мене не ми биле познати.
Нејсе тоа, не е битно, незнам зашто воопшто напиша таква глупава реченица, одиме со начинот на кој Министерството за Внатрешни Работи реагираше по смртта на детето. Имаш убиство во главен град на Македонија, односно во срцето на истиот, 22 годишно дете кое лежи мртво во Центар на Град. Имаш екипи од МВР кои нормално вршат Увид како што нели предвидуваат и постоечките закони, процедури и слично и имаш понатака обдукција која ја дава причината за смртта и тн и тн. Тоа е нешто кое поминало низ иниституциите на власта, институции кои го штитат уставниот поредок и се грижат за твојата и моја безбедност таа кобна вечер.
Наредниот ден истото тоа министерство излага со информација која на старт вели дека немаат добиено инфо за тоа дека се случило такво нешто во главниот град на РМ поточно во самото срце на истиот, значи не некое локално селско патче, туку Плоштад каде капак на Се имало огромна маса на народ и очевидци.
Потоа, истото тоа ефикасно министерство добило информација наеднаш за некое мртво дете чиј идентитет не го соопштува но тврдат дека на телото немало никакви траги од насилство.
ЕДЕН ДЕН покасно се испоставува дека Министерството за Внатрешни Работи лаже, лажеле дека немале информација за убиство на Плоштадот бидејќи токму тие се оние кои се меѓу првите кои реагираат за ваков настан, лажеле дека на телото немало траги на насилство бидејќи истите биле евидентни ...
Не е можно, потенцирам, не е можно денес МВР да нема инфо за убиство во центар на град на такво место 16 часа по извршувањето на истото, не е можно МВР да излезе со информација за детали во врска со убиството а истото да се базира на шпекулација која подоцна ќе се испостави дека е погрешна ( алудирам на тоа што тврдеа дека на телото немало траги од насилство ).
И сега ти овде ми доаѓаш и тролаш со тоа дека станува збор само за еден поединец кој убил дете а све остало е розево и утопично, дека немало потреба да се лелека и протестира, дај жити све работи на твоето iq, тажно делуваш со ваквите апсурдни размислувања, мравојад поинтелигетни реченици може да склопи од онаа твоја првична.
Ма незнам ни зашто у 10 за 2 по полноќ си ми предмет на перцепција, а ме цитираш и приметиш дека не те перцепирам урачунај дека пак си треснала глупост која ќе ја има привилегијата да дојде само до моето сетило за вид ... толку.