Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Нели против полицаецот е покренато обвинение? Што треба уште? Да го извадат на плоштад и да го линчуваат?
Не, треба да се испрати порака дека нема да се толерира прикривање на ладнокрвно убиство!
Треба да се испрати порака до другите колеги на убиецов кои работат на иста бранова должина како него дека место за такво насиље овде нема!
Треба да им се даде до знаење дека во државава постои и живее „НАРОД“
 
S

smexy

Гостин
Очигледно одреден некој не сака да ги погледне овдешните сведочења на еден куп членови кои се изјаснија дека ни криви ни дужни биле малтретирани од алфи.
Ако е можно,дали би сакале сите да ги опишеме алфите кои не малтретирале,оти можеби истиот ни се закачил на сите...барем така вика одредениот некој...којзнае може тој алфаш(тој лошиот,му доаѓа нешто како паднат ангел)уствари има некоја своја вендета...а Горде е Господ,бар се потврдува оти Бог е бесполов...а Горде има брк.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.343
Можеби не ги познавам полициските техники, ама знам нешто што ти не знаеш, дека оваа држава има закон, според законот ќе биде судено на убиецот, а не според твоите или сенародните чувства и емотивни состојби. Мене ме интересира да биде донесена правдина, да биде казнет убиецот, и да не се мижи или прогледува низ прсти. Немам намера да протестирам и да лелекам. Еден поединец нема да ми ја смени сликата за целото.
Од ова понеинтелигентно не можеш да склопиш реченица гарант, тешко дека би се надминала, од една страна поназад поради твојата неинформираност те просветлив како стојат нештата, па откако увиде дека, цитирам '' можеби не ги познавам полициските техники '' се дрзна да речеш '' ама знам нешто што ти не знаеш, дека оваа држава има закон '' ...

Епа драга, ај да те допросветлам, гледам првото делумно запали, одиме ...
Точно, оваа држава, ко и секоја друга држава има закон и тоа е нешто кое и на детенце од прво одделение му е јасно, затоа премногу неинтелигентно звучеше она од погоре, јас знам нешто што ти не знаеш а тоа е дека земјава има Закон ( wtf бре ?! ), а претходно ти држам лекции како треба да постапува лице вработено во МВР токму по тие закони за кои ти тврдиш дека ти биле познати ( колку контрадикторно од твоја страна со оглед на твоето непознавање на полициската виктимизација ) а мене не ми биле познати.

Нејсе тоа, не е битно, незнам зашто воопшто напиша таква глупава реченица, одиме со начинот на кој Министерството за Внатрешни Работи реагираше по смртта на детето. Имаш убиство во главен град на Македонија, односно во срцето на истиот, 22 годишно дете кое лежи мртво во Центар на Град. Имаш екипи од МВР кои нормално вршат Увид како што нели предвидуваат и постоечките закони, процедури и слично и имаш понатака обдукција која ја дава причината за смртта и тн и тн. Тоа е нешто кое поминало низ иниституциите на власта, институции кои го штитат уставниот поредок и се грижат за твојата и моја безбедност таа кобна вечер.
Наредниот ден истото тоа министерство излага со информација која на старт вели дека немаат добиено инфо за тоа дека се случило такво нешто во главниот град на РМ поточно во самото срце на истиот, значи не некое локално селско патче, туку Плоштад каде капак на Се имало огромна маса на народ и очевидци.
Потоа, истото тоа ефикасно министерство добило информација наеднаш за некое мртво дете чиј идентитет не го соопштува но тврдат дека на телото немало никакви траги од насилство.
ЕДЕН ДЕН покасно се испоставува дека Министерството за Внатрешни Работи лаже, лажеле дека немале информација за убиство на Плоштадот бидејќи токму тие се оние кои се меѓу првите кои реагираат за ваков настан, лажеле дека на телото немало траги на насилство бидејќи истите биле евидентни ...
Не е можно, потенцирам, не е можно денес МВР да нема инфо за убиство во центар на град на такво место 16 часа по извршувањето на истото, не е можно МВР да излезе со информација за детали во врска со убиството а истото да се базира на шпекулација која подоцна ќе се испостави дека е погрешна ( алудирам на тоа што тврдеа дека на телото немало траги од насилство ).

И сега ти овде ми доаѓаш и тролаш со тоа дека станува збор само за еден поединец кој убил дете а све остало е розево и утопично, дека немало потреба да се лелека и протестира, дај жити све работи на твоето iq, тажно делуваш со ваквите апсурдни размислувања, мравојад поинтелигетни реченици може да склопи од онаа твоја првична.
Ма незнам ни зашто у 10 за 2 по полноќ си ми предмет на перцепција, а ме цитираш и приметиш дека не те перцепирам урачунај дека пак си треснала глупост која ќе ја има привилегијата да дојде само до моето сетило за вид ... толку.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Не, треба да се испрати порака дека нема да се толерира прикривање на ладнокрвно убиство!
Треба да се испрати порака до другите колеги на убиецов кои работат на иста бранова должина како него дека место за такво насиље овде нема!
Треба да им се даде до знаење дека во државава постои и живее „НАРОД“
И на кој начин треба да им се даде тоа до знаење според тебе?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нели против полицаецот е покренато обвинение? Што треба уште? Да го извадат на плоштад и да го линчуваат?
„Давење“ во Вардар, самоубиство во кофа, Мартин, минимум 10тина на темава се пожалија, не ќе да е само еден полицаец.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Прво, полицаецот по дефиниција е некој што одговорност му е да ја брани безбедноста во рамките на државата. Според тоа, истиот има овластување да дејствува кога ќе забележи опасност.
Како тоа човек што е паднат на земја и моли за својот живот е опасност а јас не знам?
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
@Ipsissimus
Со масовно (мирно) протестирање против горенаведените проблеми. Сигурно не со седење дома и грицкање семки и пукање сеир
 
S

smexy

Гостин
Проблемите се решаваат на тој начин. Кога оној што го прекршил законот ќе биде обвинет и ќе одговара. А токму тоа и е случајот нели?
Зошто неговата грешка да ја плаќаат сите полицајци?
Не...значи тоа е исто како да ти е расипан забот,а ти само се кљукаш аспирини,заради болката.
Грешката лежи подлабоко од било која земска "титула".
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Се согласувам! Грешката на еден човек не треба да ја плаќаат сите негови колеги.
Грешка?
Се работи за злочин. Намерен. Не се обидувај да релативизираш.
Тој злочин е прикриван од колеги и од портпарол на таа институција.
Давани се дезинформации и играно е со достоинството на фамилии.
Дури откако увиделе дека неможе да се прикрие настанот се појавија со поинаква верзија на настанот.
И не само тоа туку имаме и медиуми, се знае какви и под чија контрола кои почнуваат да бараат оправдување на злочинот со наводна делумна одговорност на жртвата.
Ниту пак ова е изолиран инцидент, туку редовна појава која во неколку наврати има завршено со смрт, како и во случајов.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
„Првично од тоа што го знам од разговорот, осомничениот вели дека воопшто не знаел во прв момент дека момчето починало, можно е да се работи и за убиство од небрежност“, рече Котевски. Срце мори мое небрежно!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
„Давење“ во Вардар, самоубиство во кофа, Мартин, минимум 10тина на темава се пожалија, не ќе да е само еден полицаец.
Не знам за другите случаи, праеме моабет за овој, а колку што знам за конкретниот полицаец има обвинение.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Како тоа човек што е паднат на земја и моли за својот живот е опасност а јас не знам?
За жал, таму објаснував за нешто друго, неповрзано со темава, заради луѓе кои ги вадат од контекст постовите.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Се збори дека полицаецот нема да лежи како тоа што било во повеќе слични случаеви во минатото. Не прочитав нигде дали му е одреден мерка притвор и дали воопшто се наоѓа во полиција или веќе е надвор од границите на мкд. Можеби полицаецот знае некој тајни па ќе го заштитуваат.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Грешка?
Се работи за злочин. Намерен. Не се обидувај да релативизираш.
Тој злочин е прикриван од колеги и од портпарол на таа институција.
Давани се дезинформации и играно е со достоинството на фамилии.
Дури откако увиделе дека неможе да се прикрие настанот се појавија со поинкава верзија на настанот.
И не само тоа туку имаме и медиуми, се знае какви и под чија контрола кои почнуваат да бараат оправдување на злочинот со наводна делумна одговорност на жртвата.
Ниту пак ова е изолиран инцидент, туку редовна појава која во неколку наврати има завршено со смрт, како и во случајов.
Поентата ми беше на повиците за санкции кон сите алфи или тигри...или што се во случајов незнам точно.
Санкцијата треба да ја сноси оној што го направил тој злочин, но негледам зошто сите кој носат идентична униформа по автоматизам треба да бидат казнети.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom