Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
По не знам кој пат во животот сум тотално разочаран од Македонштинава! Толку болна мисла да се имало бреее.... тоа се психијатриски феномени!
Она што вчера се случи беше класичен обид за задскривање на факти! МВР сакаше да го тргне внимнието на јавноста од овој настан. Очигледно имаа премногу кратко време за со својата експертиза да склопат нова приказна, па делумно ја признаа вистината... Но, освен монструмот, каде се другите фаци кои го одвлечкале момчето? Нели некој му помогнал?
 
Да не се генерализира. Како што постојат чесни, разумни и одговорни, така постојат и брутални полицајци кои што не си ја разбираат потполно својата службена должност. Така било во минатото, така е и сега и не е важно кој бил или не бил на власт. Конкретно за единицата алфи, познавам неколку дечки од таму кои добро си ја сваќаат работата, се борат против криминалот и си ги познаваат добро надлежностите, и они лично се свесни дека во нивни редови постојат лица со "жута минута" проблем. Нека постои единицата, досега била доста ефикасна, проблемот кај нив е тоа што имаат "алфи" кои не си ја разбираат професијата и нејзината цел. За таквите не треба да има место во МВР, а не за целата единица. Мене лично полицаец ми се има обратено и со "Добра вечер, господине" и со "Ало мајмун дојди ваму". Затоа треба МВР да почне да ги (ре)едуцира своите кадри, за да не се повторуваат вакви трагедии, и срамота е ако не излезат со официјално извинување.

Се додека протестите се со искрена позадина ќе присуствувам(како и денес)

Првиот нормален пост кој го прочитав. Секоја чест. Вистинско освежување.
 
Си го читал откако ги избриша сите постирања од преку денот...
Ако немаш врска, зошто пишуваш?

Пишувам зашто ти неможеш да ми забраниш..јасно ти е ..ајде лечете од избори фрустрации тука,некој ваков инцидент со душа чекаше да се деси,за да отераат у мајчина све живо и диво
 
Ама таа гнаса од а1 не пушта народ на телефон да каже што мисли.. Јанко може е или е полтрон на вмро,ама дава право на народ да се јави у емисија,некој дури и да го навредува и не ми дроби зашто знам.. и пак продолжува со отворени телефони..а што прави а1 5 пати во тек на еден ден менува наслови и осудува..Те даниел е убиен,те Мартин ..те бил странец,па Грујо е крив,па наоѓаат некој сведок кој го снимаат у патики..зашто ? немаат муда фер да се соочат со народот,зашто се пички кои работат против државата
Vidi, jas go cenam tvojot patriotski stav, iako mene patriotizmot mi e po malku smesen . Ti si nasol vrednost tamu, ok, tvoja rabota. No ovde ne e prasanje ni za patriotizam, ni za A1, ni za Janko, ovde se raboti za eden malski siledjija koi dobil malku vlast, i na smrt pretepal 22 godisno momce koe go molelo, zamisli, go molelo da ne go ubiva. Znaci batali A1, Sitel, izbori, Ljube, misli samo na kretenot koj mu ja udira glavat od klupata na deckoto...

Ako ova ne go razbiras, ne znam sto da ti kazam...
 
Да го читаше што пиша сабајлето верувај немаше вакво мислење да имаш така да не си го читал.
Ај, потврди ми дека не хаулицинирам. Нели сабајлево имаше пост на фб, како имало некои сценарија, а сега го барам кај него на фб го нема тој пост. Или јас сум грешка нешто, или го има избришано...
 
Како ти звучи типов да го нападнал полицаецот? Од каде знаеш дека не го нападнал? Од каде знаеш дека не извадил нож? Беше таму? Виде со свои очи?

Имај елементарна почит кон убиениот од страна на полицијата.
Твоето мозоче сега патува во насока на демонизирање на жртвата, измислување тешки срања и гурање претпоставки со цел да се оправда злочинот.
Разбирливо, со оглед на тоа од каде е финансирана твојата егзистенција (Le Државна цицка)
Со ова губиш било каков кредибилитет како човек.
Крај.
Коњец.

Има сведоци кои опишаа што и како се случило.
--- надополнето: Jun 7, 2011 11:20 PM ---
Ајдееееее сега детено нож извадило:ROFLMAO:
Абе и базука да не имал у џеб:eek:

Далечен роднина на Осама бил...
Се за да се успие совеста на оние кои и онака малку ја имаат...
 
Ако носиш минич и некој чуден чичко почне да те следи, ќе почнеш да бегаш.
А ако бегаш (покрај тоа што носиш провокативна облека) значи има нешто тука, каде што чади има и оган, не се бега без причина туку така...
И после силување ова она...ами си го барала со боринче...

Ова само следејќи ја скромната логика на guilty untill proven inocent, ефтиниот квази-либерализам е бонус...:D

Немам причина да бегам како и да сум облечена, или манијаците мажи имаат ексклузивно право да мислат дека секоја девојка што носи минич всушност сака да има секс со тебе, иако си старо небањато маже? Идиотизам. Инаку, не, наутро кога сите спијат, јас шетам куче, обично со подочњаци, бушава коса и првите распар тренерки што ќе ги фатам. И не е ова место каде што зборуваме за некој немил настан што ми се случил на мене, тоа беше само еден пример, да не забегуваме од темата. Можеме на друго место да си позборуваме за конкретниот пример. Поздрав.
 
Па потенцијално, можеби е едно, а да го видат тоа со свои очи е друго.
Ако полицијата види дека некој држи вперен пиштол во тебе, треба веднаш да реагира, или да чека да пука тој па да пресуди судот дали сакал да те погоди во нога или во глава? Не треси без везе. Не одев по улица, да застанам алфи и да им речам еј го гледаш оној ме мавна за гз.
И да, има овластување секој полицаец да те одбрани кога некој се обидува да ти наштети.
И секој полицаец мора да се легитимира при било каков разговор со тебе, апсење, итн итн итн, макар да те прашува и најпроста работа (кај живее тој и тој) мора да се легитимира доколку е на должност. На мојот напаѓач му беше соопштено кој го удира (не скршија од ќотек, го удрија 2-3 пати зошто пружаше отпор) и го уапсија.
--- надополнето: Jun 7, 2011 11:13 PM ---

И јас ќе кажам дека сум сведок. Сведокот е најлабав доказ. Сигурно има правници тука што ќе го потврдат тоа. Рекла казала, за мене не е релевантна вистина.
Немаш ексклузивно право на воздухот, ако не ти одговара, затни нос.
Дали ја забележуваш контрадикторноста во двете болдирани реченици?
Според тебе кога алфите ќе видат нешто,(твојот наводен силувач) тие се релевантни сведоци и тоа е релевантен доказ,ама кога било кој друг ќе види нешто, тогаш тоа не е релевантно(сведоците што го гледале убиството во парк)?
 
изреволтирани се луѓето дека јанко истреси уште вчера за настанот,почна да меша зумбули, глупости алудираше дека е фејк веста се додека не излзе официјално па после го избриша статусот.
јанко ти е батка кој на моменти не размислува и треска глупости без веза нешто, наместо тој да почека како новинар како возрасен човек тој прв се фрли во вода и сега се мурти кога го навредуваат

И вчера го гледав и не кажа дека е фејк,него нејќеше да коментира ништо посебно,него само спомна дека можеби е некој Ирски навивалч или така нешто ..за разлика од него некои медиуми пази цитирам: УБИЕН Е ДАНИЕЛ ОД ДРАЧЕВО...некои медиуми закопаа жив човек, за да после се испостави дека не е Даниел него за друг се работи
 
А замислете детето да беше Албанец, абе ХАОС ќе беше низ цела држава, тек тогаш ќе ги видев Алфите..
А иначе срам ми е што сум Македонец, Ако за кукавичкиот Алфа не се донесе КАЗНА, и не добие она што заслужува,( доживотна робија или смртна казна) ќе се откажам од Македонското државјанство..
 
Немам причина да бегам како и да сум облечена, или манијаците мажи имаат ексклузивно право да мислат дека секоја девојка што носи минич всушност сака да има секс со тебе, иако си старо небањато маже? Идиотизам. Инаку, не, наутро кога сите спијат, јас шетам куче, обично со подочњаци, бушава коса и првите распар тренерки што ќе ги фатам. И не е ова место каде што зборуваме за некој немил настан што ми се случил на мене, тоа беше само еден пример, да не забегуваме од темата. Можеме на друго место да си позборуваме за конкретниот пример. Поздрав.
Eve go kuceto od prikaznata...

Yet again...:LOL:
 
Полицаец уби момче , други полицајци му помогнале во пренесувањето , целата полиција заташкуваше скоро 2 дена за случајот а јас овде читам за шетање куче во 5 на сабјле ,за распар тренерки ,за јанко ,за а1 ,за сител и остали квази медиуми .... човечноста ви е сведена на нула .
 
Можеби не ги познавам полициските техники, ама знам нешто што ти не знаеш, дека оваа држава има закон, според законот ќе биде судено на убиецот, а не според твоите или сенародните чувства и емотивни состојби. Мене ме интересира да биде донесена правдина, да биде казнет убиецот, и да не се мижи или прогледува низ прсти. Немам намера да протестирам и да лелекам. Еден поединец нема да ми ја смени сликата за целото.

Коа ќе ти пребијат некој близок, ќе те прашам дали еден поединец нема да ти ја смени сликата за целото.
Немај ти намера да протестираш, во македонска крв ти е тоа и онака, тоа јасно ми е.
Ама ондак, немој ни да лелекаш, молим те.
Една работа знам. Знам дека ја ќе протестирам у петок.
Не зашо цркнал Мартин ил Даниел ил шогознам као се вика. Жал ми е што неговата фамилија треба да преминува преку се ова сега, но, let's be fucking real for a moment, нит го знам нит го познавам и не ме боли мене курот, и воопшто не протестирам за него, или за тебе, туку протестирам за мене.
Протестирам зашо еден ден истото ќе му се случи на некој мој ближен или ќе ми се случи на мене.
А знам и дека мене тоа ако ми се деси ќе напраам беља за која ќе зажалам подоцна.

Мене така да ме убие?
Мамата ќе му ја ебам!
 
Чекајте малку бе луѓе.
Немора да значи дека АЛФАТА го убил.Можеби се предозирал па паднал.
Штом судска медицина потврдила дека нема знаци на насилство,пак има нешто.
За све одма алфите криви.

И не ,немам никој во алфите
Не ми се допаѓа, судска медицина докажала дека нема знаци на насилство а има очевидци, па дури и да нема, зар мислиш дека ќе признаат ?
 
И вчера го гледав и не кажа дека е фејк,него нејќеше да коментира ништо посебно,него само спомна дека можеби е некој Ирски навивалч или така нешто ..за разлика од него некои медиуми пази цитирам: УБИЕН Е ДАНИЕЛ ОД ДРАЧЕВО...некои медиуми закопаа жив човек, за да после се испостави дека не е Даниел него за друг се работи
значи тебе повеќе ти смета што е погрешено името(и од ѓорче не од драчево)од колку лицата што викаа дека целата сторија е местенка од опозицијата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom