Не е точно !
Си слушналa ли ти за срества за присила и начин како тие треба да се искористат ?
Употребата на овие средства е едно од најтешките овластувања кои ги имаат органите за внатрешни работи, употребата на истите треба да биде оправдана ( штитење на поредокот утврден со Устав, сигурност на граѓани, одржување на јавен ред и мир и тн и тн ) и истите се користат по проценка на лицата вработени во МВР, не постои некое одредено универзално правило но постојат одредени принципи и се тоа е пропишано со закон, закон кој тука дефакто не се почитувал.
E сега се префрламе на Мартин, и бараме дали тука постои простор за да се употреби средство за присила за да он биде приведен. Одговорот е НЕ, а ова го говорам аналогно на изјавите на низа очевидци кои дадоа еден клучен детал во врска со овој настан, а истиот вели дека детето се сопнало и паднало на земја со што по автоматизам полицијата нема потреба од употреба на средство за присила за да го уапси. Дури и детето да дава отпор дур лежи, постои ордереден РУТИНСКИ механизам за тоа да биде неутрализирано и нормално, уапсено.
А тука што имаме, детето паѓа на земја и детето е брутално тепано и убиено, а дур било тепано и убивано молело полицијата да престане, што е уште еден показател дека полицијата немала буквално никаква потреба од употреба на средства за присила за да го уапси !
Така да фино лепо ќе те замолам, ако немаш никаков поим од полицијата и примарната виктимазација да не олабавиш од вакви приказни кои се плод на класична неинформираност, каде ти не убедуваш нешто што всушност преставува кршење на постоечките закони и нешто што всушност многу лесно може да доведе до она што се случи во Неделата вечер.