Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.432
Поени од реакции
6.078
Имал криминално досие момакот..гет д поинт?
размилси малце човечки и разумно...
1- На никој на чело не му пишува дека има досие
2- Ајде сите со досие што се да ги ....знаеш што.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Детево имаше досие, беше џанак, не му беше мирен гзот. Можно е и да бегал зашто имал џоинт. Но за сите тие работи пишав и претходно постои нешто кое се вика станица. Не пружал отпор кога бил фатен, односно се сопнал. Немало потреба од удирање само зашто револтот на дотичниот настанал како причина за бегањето. Детево молело да прекине тепањето и требало да прекине ако тој од 100 кг имал мозок и сфатил навреме дека не удира вреќа, дека мава дете.
Не кажаа дека носел нешто такво.Да носел веднаш ќе кажеа.
Само украл неколку пијачки од некој штанд.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.974
Поени од реакции
45.264
Не, не му дава право да го убие. Ама му дава право да го брка и да го тепа, па ако овој бегалецов отвори оган на нив смеат и да пукаат по него.
Не е точно !
Си слушналa ли ти за срества за присила и начин како тие треба да се искористат ?

Употребата на овие средства е едно од најтешките овластувања кои ги имаат органите за внатрешни работи, употребата на истите треба да биде оправдана ( штитење на поредокот утврден со Устав, сигурност на граѓани, одржување на јавен ред и мир и тн и тн ) и истите се користат по проценка на лицата вработени во МВР, не постои некое одредено универзално правило но постојат одредени принципи и се тоа е пропишано со закон, закон кој тука дефакто не се почитувал.

E сега се префрламе на Мартин, и бараме дали тука постои простор за да се употреби средство за присила за да он биде приведен. Одговорот е НЕ, а ова го говорам аналогно на изјавите на низа очевидци кои дадоа еден клучен детал во врска со овој настан, а истиот вели дека детето се сопнало и паднало на земја со што по автоматизам полицијата нема потреба од употреба на средство за присила за да го уапси. Дури и детето да дава отпор дур лежи, постои ордереден РУТИНСКИ механизам за тоа да биде неутрализирано и нормално, уапсено.

А тука што имаме, детето паѓа на земја и детето е брутално тепано и убиено, а дур било тепано и убивано молело полицијата да престане, што е уште еден показател дека полицијата немала буквално никаква потреба од употреба на средства за присила за да го уапси !

Така да фино лепо ќе те замолам, ако немаш никаков поим од полицијата и примарната виктимазација да не олабавиш од вакви приказни кои се плод на класична неинформираност, каде ти не убедуваш нешто што всушност преставува кршење на постоечките закони и нешто што всушност многу лесно може да доведе до она што се случи во Неделата вечер.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Детево имаше досие, беше џанак, не му беше мирен гзот. Можно е и да бегал зашто имал џоинт. Но за сите тие работи пишав и претходно постои нешто кое се вика станица. Не пружал отпор кога бил фатен, односно се сопнал. Немало потреба од удирање само зашто револтот на дотичниот настанал како причина за бегањето. Детево молело да прекине тепањето и требало да прекине ако тој од 100 кг имал мозок и сфатил навреме дека не удира вреќа, дека мава дете.
Кажаа дека украл 1/2 пијачки од некој шанк на баскерфест, така да не се работи за никаков џоинт.
А и зборот ( џанак ) што го употреби, мислам дека е претежок збор за некој што пуши травче.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.432
Поени од реакции
6.078
Во нормални земји вработените подлежат на психијатриски прегледи, редовни, поготово војска и полиција. Нема шанси психијатар да не открие ваква работа. Така да муабетите ви паѓаат во вода. Можела полицијата и те како да предвиди.
Се извинувам за офтопиков али морав- Во Охрид пред не толку долго време ,жена полицајка си го уби мажот а потоа се самоуби со пиштолот од на работа.... ете види колку прават психијатриски прегледи кај нас и колку се успешни тие ако ги прават.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Не кажаа дека носел нешто такво.Да носел веднаш ќе кажеа.
Само украл неколку пијачки од некој штанд.
Што и да е причината не се оправдува вакво насилство, особено не кога полицаец ќе го фати тој што бега, а тој не пружа отпор.
Не може секое набилдано говедо на хемија да биде полицаец. Треба сите да поминат низ психофизички тестови, особено да се стави акцент на самоконтролата. Тие како одговорни за јавен ред и мир треба да имаат повеќе самоконтрола и памет од деца, не да се курчат кај ќе стигнат. Јасно е дека идиотов бил накурчен дека му бега дететво. И кога го фатил не значи дека требало да му се истури со тепање.
 
T

Tetro

Гостин
За Мартин Нешковски

ДО
Име на политичка партија
Адреса
- за претседателот на партијата -
- за идните пратеници во Собранието на Републиката -

Почитувани сограѓани,

Тешко ми е што морам да Ви пишувам само неколку дена по најмирните избори некогаш одржани во слободна и демократска Македонија, но цената на слободата е вечна будност.

Како што веројатно веќе знаете, рано наутро на 6-ти јуни на плоштадот Македонија во Скопје почина млад човек откако бил претепан од лице за кое Министерството за внатрешни работи објави дека е работник на полицијата.

Ова не е прв ваков настан, но се надевам дека ќе биде последен. Слабата контрола над полицијата води до многу проблеми. Се чини дека препораките на МВР за однесувањето на полицијата важеа само до завршувањето на изборите на 5-ти јуни 2011 година.

Затоа од вас како мои претставници во законодавниот дом на Републиката, барам да го промените законот што го регулира работењето на полицијата и тоа да биде прва точка на дневниот ред по свечената седница во парламентот.

Моите барања до вас за измените на законите се како следи:

1. Распуштање на специјалните единици на полицијата како што се „Алфи“, „Тигри“ и други.

2. Задолжително присуство на униформиран полициски работник при секој контакт на полицијата со граѓаните.

3. Избор на министер и заменик министер на МВР со консезус помеѓу сите политички партии.

4. Задолжително доделување на општествено корисна работа на сите полициски работници како дел од секојдненвите работни обврски.

5. Зголемена контрола над Министерството за внатрешни работи од страна на Собранието на Републиката за која ќе можеме да сведочиме преку месечни извештаи или слично.

6. Зголемени казни во Кривичниот законик за делата што работници во МВР ќе ги сторат без разлика дали се или не се во служба / на работа.

7. Намалување на буџетот на МВР за секое кривично дело што ќе ги изврши негов работник.

8. Замена на Секторот за внатрешна контрола со независно тело.

9. Доколку тоа не го сторат сами, актуелните функционери во МВР кои што се одговорни за случувањата во полицијата поврзани со овој немил настан, да ги разрешите и отпуштите.

Се надевам дека ќе посветите нужно потребно време на овие мои барања. Се надевам исто така дека ќе ги сфатите сериозно.

Вашата работа во Собранието на Републиката е да ја осигурате слободата во Републиката.

Срдечно,
Име и презиме

http://novica.softver.org.mk/node/622
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Да, се согласувам Бркај, Фати, Апси. Ако тој што го апсиш пружа отпор, тепај и оневозможи го да те повреди.
А горила нема да те брка без причина или да те скрши од мавање без причина. Јас сум благодарна пред се на Алфите иако се напорни крајно, ама од кога се кај мене во населба не ми шетаат наркоманчињава толку, и не ми застануваат опасни манги да ми нудат превоз. Алфите ми помогнаа кога една пијаница се обиде да ме силува кај мене во населба, и сум благодарна што се најдоа таму на тоа место. И таа пијаница изеде ќутек опасен, демек, без причина? НО секаде постои некој расипан, и ете се виде тоа. Но тоа не значи дека цела полиција не е во ред, дека сите полицајци се корумпирани, дека сите се расипани. Јас немам такво искуство, иако, неколку пати веќе кажав, имам пријавено алфи (кои беа подоцна санкционирани) зошто во 5 ипол сабајле ме малтретираа зошто сум го шетала кучето без документи на 200 м од дома. Само заборавија да се идентификуваат. Не е вистина дека не ни функционира цела полиција, јас имам сосема поинакви искуства.
Аха, значи во ред е кога алфите ќе ги пречекорат своите овластувања за да претепаат некој што наводно се обидел да те силува(велам наводно зашто во тој момент тоа не било докажано на суд), ама не е во ред кога истите тие алфи ќе заборават да ти се легитимираат.Значи твоите стандарди за пречекорување на овластувањата се менуваат како тебе ти одговара а?
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Кажаа дека украл 1/2 пијачки од некој шанк на баскерфест, така да не се работи за никаков џоинт.
А и зборот ( џанак ) што го употреби, мислам дека е претежок збор за некој што пуши травче.
Го знам дечково, живее кај другарка. Дека има досие има, не само за тревче и за кражби и за други работи. Но и да имал или не џоинт кај него, дали украл или не украл, требало да го приведат и да го однесат у станица. Просто е. Уште попросто зашто бегајќи се сопнал и не пружал отпор.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
А што мислеше дека ќе се влага во МВР?
Не беше тоа намерата воопшто, не знам од каде таа идеја ти падна на памет. Намерата беше да се изрази револтот преку извикување, свирење и повикување на одговорност пред институциите, а не да се влегува или демолираат истите.

Инаку такво обезбедување до сега немам никаде видено, фалеше уште тенк и хеликоптер и ќе беа таман.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Мило ми е што како,така се одржуваат протестиве и се надевам дека ќе потраат доволно долго за да сватат главучите дека не може баш се да им помине како што они сакаат..Па они треба да се плашат од народот а не ние од нив мме..Ако има протест во петок собирам една чета другари и идеме за Скопје
 
С

Спенсер

Гостин
1. Распуштање на специјалните единици на полицијата како што се „Алфи“, „Тигри“ и други.

2. Задолжително присуство на униформиран полициски работник при секој контакт на полицијата со граѓаните.

3. Избор на министер и заменик министер на МВР со консезус помеѓу сите политички партии.

4. Задолжително доделување на општествено корисна работа на сите полициски работници како дел од секојдненвите работни обврски.

5. Зголемена контрола над Министерството за внатрешни работи од страна на Собранието на Републиката за која ќе можеме да сведочиме преку месечни извештаи или слично.

6. Зголемени казни во Кривичниот законик за делата што работници во МВР ќе ги сторат без разлика дали се или не се во служба / на работа.

7. Намалување на буџетот на МВР за секое кривично дело што ќе ги изврши негов работник.

8. Замена на Секторот за внатрешна контрола со независно тело.

9. Доколку тоа не го сторат сами, актуелните функционери во МВР кои што се одговорни за случувањата во полицијата поврзани со овој немил настан, да ги разрешите и отпуштите.
Незнам кој имал толку време за трошење,па го составувал ова... распуштање на специјална единица? хах...

Еден од условите ако го исполнат,ја ќе се фрлам на глава од тротоар :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom