Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Чекајте бе како полиција го препознала дека и од порано има мали криминални дела ?? Да не имат слика у раци од секој кој направил било каков криминал у рака ?!? Да убиеш некој за кражба на 2-3 пијачки не е нормално , мада НОРМАЛНО не постое како поим на овај простор ...
 
Имал криминално досие момакот..гет д поинт?
 
Да, се согласувам Бркај, Фати, Апси. Ако тој што го апсиш пружа отпор, тепај и оневозможи го да те повреди.
Еве уште еднаш, се надевам ќе ме разбереш: кој е тој отпор што едно дете може да го пружи на таков професионалец, за да добие таков ќотек? И за каков отпор воопшто збориме, ситуацијата е опишана на следниов начин: детето бега, се сопнува, паѓа, овој го фаќа и почнува да го тепа.

Значи збориме за овој случај изолирано, за ништо друго. Не гледам оправдување, навистина.
 
А горила нема да те брка без причина или да те скрши од мавање без причина.
Нема да те брка и да те скрши од мавање без причина, ама затоа ќе те убие од ќотек среде плоштад покрај толпа народ.
 
Оваа држава ќе тоне се додека народот не се освести и не се крене на нозе.
Ни го сменија името, си седевме мирни. Ни ја поделија државата како што им одговараше, си седевме мирни. Зошто би се кренале за загубен живот на некое невино дете ? Факт е дека сме една маса со која неверојатно лесно се манипулира, а овие муабети по форуми, фејсбуци и слично се истрошени и набргу ке се заборават.
 
Да, се согласувам Бркај, Фати, Апси. Ако тој што го апсиш пружа отпор, тепај и оневозможи го да те повреди.
А горила нема да те брка без причина или да те скрши од мавање без причина. Јас сум благодарна пред се на Алфите иако се напорни крајно, ама од кога се кај мене во населба не ми шетаат наркоманчињава толку, и не ми застануваат опасни манги да ми нудат превоз. Алфите ми помогнаа кога една пијаница се обиде да ме силува кај мене во населба, и сум благодарна што се најдоа таму на тоа место. И таа пијаница изеде ќутек опасен, демек, без причина? НО секаде постои некој расипан, и ете се виде тоа. Но тоа не значи дека цела полиција не е во ред, дека сите полицајци се корумпирани, дека сите се расипани. Јас немам такво искуство, иако, неколку пати веќе кажав, имам пријавено алфи (кои беа подоцна санкционирани) зошто во 5 ипол сабајле ме малтретираа зошто сум го шетала кучето без документи на 200 м од дома. Само заборавија да се идентификуваат. Не е вистина дека не ни функционира цела полиција, јас имам сосема поинакви искуства.
Ako uspees da napises post bez da go spomenes kuceto, ke ti kupam sladoled...
 
А ти ја сфати поентата? Ради едно црвјосано јаболко, не се сече цело дрво. Овој полицаец ќе биде казнет. Полицијата не може да ,,предвиди,, каков човек вработува, и ,,најдобриот,, често излегува лудак. Но, околу причините и нервозите на џандаров, поентата ми беше дека некој погоре кажал ,,политичка заднина,, а мене не ми личи дека има таква, ме разбираш? Проблемот е до самата личност исфрустрирана на џандарот. И затоа ќе си лежи затвор, а другите ќе му ја мислат пред да малтретираат некого на улица. И мислам дека детево, не било толку невино, колку што го правите. Да било, немало да бега. Кој блесав бега од полиција ако нема што да скрие???? Нема оправдување за убиството, ама и вие не забегувајте во друг правец........
Полицијата не можела да предвиди? Па види, начини постојат, а ако не ги употребиле, значи не сакале да предвидат.
Туку, дали со постов имплицираш дека единствено тигарот е виновен? И дали тоа што постои политичка заднина, го менува фактот што тигарот (кој и порано правел проблеми) КРВНИЧКИ го претепал дечково пред очите на куп негови врсници? И како тоа влијае на фактот што вчера МВР негираше дека воопшто имало убиство (му се слошило демек), па негираше траги на насилство, за денес да дознаеме дека брат му не можел да го препознае кога го видел телото? И дали крајната цел ти е дека не треба да има протести?
 
А ти ја сфати поентата? Ради едно црвјосано јаболко, не се сече цело дрво. Овој полицаец ќе биде казнет. Полицијата не може да ,,предвиди,, каков човек вработува, и ,,најдобриот,, често излегува лудак. Но, околу причините и нервозите на џандаров, поентата ми беше дека некој погоре кажал ,,политичка заднина,, а мене не ми личи дека има таква, ме разбираш? Проблемот е до самата личност исфрустрирана на џандарот. И затоа ќе си лежи затвор, а другите ќе му ја мислат пред да малтретираат некого на улица. И мислам дека детево, не било толку невино, колку што го правите. Да било, немало да бега. Кој блесав бега од полиција ако нема што да скрие???? Нема оправдување за убиството, ама и вие не забегувајте во друг правец........

Are we watching a movie now? И најдобриот излегува лудак, ова само во филмови. И ако некој треба да знае што вработи тоа е полицијата. Овој полицаец казнет ке биде само со доживотен затвор друга казна нема за овој, ама ислиш дека тој филм ке го гледаме, затоа што како почна да опишуваш филм ми личи ова мене. Убија човек и три дена ништо нема, некое си сценарио прават за на крај полицаецов херој да го прават, замисли полицаецот да беше убиен...

Другите како него, ич нема што да му ја мислат кога некој над нив им дава слобода да прават све што сакат. Чим си во цивилка така и треба да останеш, никој да не те приметува и да ја завршеш работата, не е ова мерење на курови. Политичка позадина нема тука, не го убил овој кретенов детето зошто детево било некоја друга партија а не ВМРО (ова го кажувам почнувајки од фактот дека кретенов е вработен на Груевски), и глупаво е некој да алудира на тоа дека има нешто политичко тука, ова е работа на владата наша ебана, вакви идиоти и Бранко има, и Грујо, и Ахмети, и Тачи, со еден збор сите.

МВР во никој случај нема да излезе и јавно да ја признае грешката, ни сега со ова влада, ни со СДСМ на чело дури и да убијат 100 невини луѓе.

Знаеш ти зошто бегал? Тебе да те бркам јас со 10 души со цел да те силуваме нема да бегаш? Не мора со 10 други, еве и сам да сум, навечер некаде да те бркам, нема да трчаш? Затоа немојте вака одма од прва да пишувате без притоа ни 10 секунди да застанете и мислете.
 
Во нормални земји вработените подлежат на психијатриски прегледи, редовни, поготово војска и полиција. Нема шанси психијатар да не открие ваква работа. Така да муабетите ви паѓаат во вода. Можела полицијата и те како да предвиди.
 
Да, се согласувам Бркај, Фати, Апси. Ако тој што го апсиш пружа отпор, тепај и оневозможи го да те повреди.
А горила нема да те брка без причина или да те скрши од мавање без причина. Јас сум благодарна пред се на Алфите иако се напорни крајно, ама од кога се кај мене во населба не ми шетаат наркоманчињава толку, и не ми застануваат опасни манги да ми нудат превоз. Алфите ми помогнаа кога една пијаница се обиде да ме силува кај мене во населба, и сум благодарна што се најдоа таму на тоа место. И таа пијаница изеде ќутек опасен, демек, без причина? НО секаде постои некој расипан, и ете се виде тоа. Но тоа не значи дека цела полиција не е во ред, дека сите полицајци се корумпирани, дека сите се расипани. Јас немам такво искуство, иако, неколку пати веќе кажав, имам пријавено алфи (кои беа подоцна санкционирани) зошто во 5 ипол сабајле ме малтретираа зошто сум го шетала кучето без документи на 200 м од дома. Само заборавија да се идентификуваат. Не е вистина дека не ни функционира цела полиција, јас имам сосема поинакви искуства.
Ај уште еднаш и јас да прашам во кој универзум живееш ?? и ОД каде потребата бре за волку ЛАЖЕЊЕ кај тебе ? И за измислување на фантастични приказни?
 
Да, се согласувам Бркај, Фати, Апси. Ако тој што го апсиш пружа отпор, тепај и оневозможи го да те повреди.
А горила нема да те брка без причина или да те скрши од мавање без причина. Јас сум благодарна пред се на Алфите иако се напорни крајно, ама од кога се кај мене во населба не ми шетаат наркоманчињава толку, и не ми застануваат опасни манги да ми нудат превоз. Алфите ми помогнаа кога една пијаница се обиде да ме силува кај мене во населба, и сум благодарна што се најдоа таму на тоа место. И таа пијаница изеде ќутек опасен, демек, без причина? НО секаде постои некој расипан, и ете се виде тоа. Но тоа не значи дека цела полиција не е во ред, дека сите полицајци се корумпирани, дека сите се расипани. Јас немам такво искуство, иако, неколку пати веќе кажав, имам пријавено алфи (кои беа подоцна санкционирани) зошто во 5 ипол сабајле ме малтретираа зошто сум го шетала кучето без документи на 200 м од дома. Само заборавија да се идентификуваат. Не е вистина дека не ни функционира цела полиција, јас имам сосема поинакви искуства.

Ако носиш минич и некој чуден чичко почне да те следи, ќе почнеш да бегаш.
А ако бегаш (покрај тоа што носиш провокативна облека) значи има нешто тука, каде што чади има и оган, не се бега без причина туку така...
И после силување ова она...ами си го барала со боринче...

Ова само следејќи ја скромната логика на guilty untill proven inocent, ефтиниот квази-либерализам е бонус...:D
 
Нема да кривам никого се додека не се расветли причината за убиството..Само од една страна народов е ПРЕМНОГУ изигран..вчера сите ко идиоти извикуваа по име на некој што НЕ постои..ги кудеа Алфите...ме интересира само..дали сега ќе барате распуштање или ПРОЧЕШЛУВАЊЕ на Тигриве?

Ај да не се повторувам по неколку пати ќе ти оставам линкови од мислењата па прочитај.
http://forum.kajgana.com/threads/Пр...оштадот-Македонија.51647/page-66#post-4177400

http://forum.kajgana.com/threads/Пр...оштадот-Македонија.51647/page-62#post-4177138

http://forum.kajgana.com/threads/Пр...оштадот-Македонија.51647/page-52#post-4176784

негде читај ги целите постови негде дел од постот сигурен сум дека ќе ти се разјаснат доста работи :)
 
Детево имаше досие, беше џанак, не му беше мирен гзот. Можно е и да бегал зашто имал џоинт. Но за сите тие работи пишав и претходно постои нешто кое се вика станица. Не пружал отпор кога бил фатен, односно се сопнал. Немало потреба од удирање само зашто револтот на дотичниот настанал како причина за бегањето. Детево молело да прекине тепањето и требало да прекине ако тој од 100 кг имал мозок и сфатил навреме дека не удира вреќа, дека мава дете.
 
Оваа држава ќе тоне се додека народот не се освести и не се крене на нозе.
Ни го сменија името, си седевме мирни. Ни ја поделија државата како што им одговараше, си седевме мирни. Зошто би се кренале за загубен живот на некое невино дете ? Факт е дека сме една маса со која неверојатно лесно се манипулира, а овие муабети по форуми, фејсбуци и слично се истрошени и набргу ке се заборават.

Фала ти Господе!!! Се најде некој да пише она што треба.
 
Значи коа жена шо не седела 10 минути на клупа пред маало у живот ми зборува за тоа како функционираат алфите и дали они тепале за џабе ил не, ми се кења.
КШК IS THE CURE!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom