За време на Е3 Expo во Лос Анџелес - кој се смета за најголем настан во индустријата за видео игри и кој трае до 9-ти јуни, Sony ја претстави новата генерација на нивната портабл конзола за играње, PlayStation Vita.
Изминативе месеци поминаа во бројни шпекулации и „протечени“ информации кои се однесуваа на најновиот гејмерски гаџет на Sony. Сега, кога Sony и официјално го
претстави уредот, решени се сите мистерии, а се знае дури и неговата цена. Според Sony, ова е најважното претставување на нивен производ од лансирањето на PlayStation 3, па наваму.
PlayStation Vita ќе чини 249 долари (Wi-Fi верзијата), односно 299 долари (Wi-Fi+3G). На европскиот пазар, цените би требало да бидат идентични, само што ќе бидат во евра, а двата модели ќе бидат достапни на пазарот до крајот на годинава.
Што нуди PlayStation Vita?
На гејмерите, PlayStation Vita ќе им овозможи да играат и против корисниците на PlayStation 3 конзолите преку интернет, користејќи го PlayStation Network сервисот. PS Vita има две камери - предна и задна, дисплеј на допир, тачпад од задната страна и два џојстици. Уредот има и акцелерометар, што значи дека ќе реагира кога ќе се поместува со рацете и е малку поголем од неговиот претходник PlayStation Portable.
Sony се пофали и со низа игри за Vita, меѓу кои Golden Abyss, Ruin, ModNation Racers, LittleBigPlanet и Street Fighter x Tekken.
Инаку, PlayStation Portable доживеа огромен успех. Откако беше лансирана на пазарот во 2004 година, портабл конзолата за играње на Sony е продадена во 70 милиони примероци низ целиот свет.
Извор