Филмов е значи mindblowing, не е за тоа дали ќе кажеме доволно, туку тешко се опишуваат вакви филмови со збор. Не сум гледал вака убав мрачен а-да-не-е-хорор филм од
The Virgin Suicides (1999), ако не сум заборавил нешто измеѓу. Иако се работи за сосема различен концепт.
Филмот, како што кажа Anon, те држи на работ на столчето. Обично филмови тоа го постигнуваат со акција или со тензија, а овде приказната, или начинот на кој што е раскажана, ни го држи вниманието. Во исповедите на една млада наставничка и неколку нејзини ученици се отсликани проблемите на цела една загубена генерација, деца за кои никој не води грижа и кои подоцна имаат тотално искривени морални вредности. „Никој не ми кажа дека убивањето луѓе е погрешно. Мајка ми беше научник и ми кажуваше многу за електрониката...“ Вака отприлика одеше дел од исповедта на Shuya Watanabe, ученик кој никој не го цени за неговиот талент. Во моментите на неговиот најголем успех, кој е објавен во весник, никој не му обраќа внимание, а целото внимание во весникот оди на лик кој извршил убиство. Па така, Shuya решава да убие за да го добие потребното внимание...
За содржината нема да пишувам повеќе, но дејството е исполнето со шокантни и неочекувани моменти. Да се навратам на вториот болд кај Anon, саундтракот е одличен, а мене како фан на Radiohead баш ми направија мерак со
Два пати. Radiohead е перфектен бенд за вакви филмови, мрачни, уметнички, комплексни, тешки... Има мали спојлери на видеото но ништо што ќе го разберете на негледан филм.
Значи, мислам дека се подразбира дека препораката за гледање е за филмоманијата на форумов. Филмот е мрачен и по дејство и по фотографија/камера, саундтрак и се тоа... Темите се тешки: насилство, силеџиство, деликвенција... Од мене има одлична 9-ка, имам некои замерки за кои не сакам да трошам време, па му симнав малце.
P.S.
@Tallahassee, не го гледај жити се, кој ќе се расправа после...
