ОК, јас се нашалив а ова прејде во дискусија
Се разбира дека се сајт кој заработува од реклами и за среќа онаа јадна реклама траеше само еден ден, можеби и само неколку часа, не знам. Не ми беше мене да го нападнам ИМДБ, еден од моите all time омилени сајтови, туку да удрам уште еден ремет кон Твајлајт, како класичен пример за комерцијален ужас од филм кој им се сервира на младите на сите можни начини.
Така, вчера на некои јадни МТВ награди филмот добил некаква си награда за најдобар филм. Мене како вљубеник во филмската уметност ваквите информации ме тераат дирекно на wc-шоља и заради тоа го кревам својот глас против кичот и евтиниот комерцијализам со сила наметнат со цел да ни го испразни џепот (ма да сме имуни на ова) и да фатиме дијареја.