AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
Дечки, шо сте се нафурале бе толку?
(Да доловам скопски момент).
Скопски на страна, навистина е беспотребно да се дискутира ова.
Како што пишав, сељаци има секаде. Во суштина, бу-бу ја наместивте, и и' ги испревртевте зборовите до бескрај. Девојчето фино си објасни, ааама Zaratustra пука со ароганција и сака да се направи интелектуалец, ете, не му иде баш и се надоврза едно на друго и дискусијава стана poop...
Скопје е такво какво што е, ние скопјаните си го сакаме, тие што покасно се доселуваат во Скопје не, брзо им било, вакво-онакво, тоа се истите причини заради кои ние го сакаме градот. Ги разбирам и причините заради кои луѓето од другите градови остануваат во Скопје и бараат начин по секоја цена да се вработат/омажат/што подолго да студираат, причините за тоа се сосема други и нема потреба затоа да плукате врз скопјаните. Да направиме една паралела, да, има скопјани што се глупаци и што викаат дека луѓето од провинција им ги земаат работните места. Но, нели и по помалите градови има луѓе кои истото го викаат за оние кои од село доаѓаат во градовите? Како што веќе пишав, категоријата "уфилман сељак" е универзална. Тоа што се инвестира само во Скопје не е моја одлука, ниту на Виктор, ниту на boo-boo туку на власта. Нека не ви биде тоа главен аргумент во расправата "зошто се скопјаните најбезобразни, арогантни, што-и-да-е на светот". И мене душа ме болеше летоска кога поминував низ градови во Источна Македонија и гледав како пропаѓаат. Пример, Кратово е прекрасен град, но запоставен. Штип колку-толку се држи, но сепак, капацитетот му е далеку од искористен. Виница исто така. Може многу да се постигне и да се врати животот во тие градови, само ако се направи програма за нивна ревитализација, која за жал не се прави од причини за мене непознати. Скопје станува град-држава што не е добро за никој.
За крај, повторно да ви препорачам да го прочитате мојот претходен пост овде и да ја споделам филозофијата дека вистинскиот човек (напоменувам, човек, не граѓанин/селанец/провинцијалец/фраер/професор/работник) има различен систем на вредности. Не те прашува од каде си, туку кој си и колку вредиш како човек. Не ти го слуша дијалектот туку ги слуша зборовите кои му ги кажуваш и ја цени нивната вистинска, не граматичка страна.
Оладете малце со расправата, ја однесовте во исклучително глуп правец.
П.С. Desire, може мене да ме прошетате кога ќе се вратам? Ги знам само улиците што водат до факултетот, а баш би сакала да го разгледам градот со водич (треп, треп)