Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 јуни 2011
Мислења
52
Поени од реакции
25
И на што сакаше да алудираш со ова? Кога ќе има некоја официјална информација не гледам зошто не би зуцнале. Еве А1 известија за настанот ама не издржаа да не умешаат политика во целaва ситуација, па така на нивниот сајт можеш да прочиташ коментари од типот кои сметаат дека некаква партија е виновна за смртта на човекот и дека другата партија која е во опозиција треба да коалицира со сите албански партии поради тоа што се случило вчера. Од самите коментари се гледа колку им е стварно битно за изгубениот живот на младиот човек.
Не алудирам јас ништо само ги следев вестите да видам акко ќе се извести за настанот. Сакав да ги видам луѓето на плоштад бидејќи имам желба да сум со нив. АМА, она што ти го алудираш ми е јасно. Такви коментари има и тука и ги игнорирам. Не може секој да биде Шекспир. Да не известиш за некој протест од 500 луѓе или колку се на плоштад не е баш професионално новинарство.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Не се трудете да му реплицирате, со мобилен да снимаме ако некој тепаат пред нас, fuck logic.
 
?

..........

Гостин
И долу од страна реклами на сориос и Шпиц абе кре овде некој нешто ! Патем очевидец кој не пријавил ништо во полиција и не повикал брза помош ! Па и јас сега можам да викнам новинари и да кажам дека слетале вонземјани и дошле алфите и ги претепале до смрт :cool: Плус алфи ако се вмешани во ова има и нешто што не се кажува не го бркале или тепале бадијала
Само ја пренесов информацијата, впрочем за тоа и се дискутира на темава, а ти од кај си толку сигурен дека не е така??
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Абе ја нешто не сваќам. Зошто А1 како што знаат не го посетат веднаш домот на детето родителите роднините. Некој ке каже нешто. Не е можно такво нешто да помине. Знаеме дека се известува за секакви глупости па не е можно ваква сериозна работа да помине така. Нешто ми е чудно тука.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Абе ја нешто не сваќам. Зошто А1 како што знаат не го посетат веднаш домот на детето родителите роднините. Некој ке каже нешто. Не е можно такво нешто да помине. Знаеме дека се известува за секакви глупости па не е можно ваква сериозна работа да помине така. Нешто ми е чудно тука.
Океј, нешто е чудно, алфите се цвеќиња, не го убиле - умрел од топлотен удар.
Тоа сакаш да го чуеш? Ете ти го.
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Океј, нешто е чудно, алфите се цвеќиња, не го убиле - умрел од топлотен удар.
Тоа сакаш да го чуеш? Ете ти го.
Погрешно ме разбра. Сакав да чујам некој сомнеж од роднина или што знам што. Ова е сериозна работа.
 
P

Princ

Гостин
Утре кога ќе ги тепаат вашите деца ќе биде доцна.
First they came for the Communists but I was not a Communist so I did not speak out.
Then they came for the Socialists and the Trade Unionists but I was not one of them, so I did not speak out.
Then they came for the Jews but I was not Jewish so I did not speak out.
And when they came for me, there was no one left to speak out for me.
Martin Niemoeller
 
V

Viktor g

Гостин
Само ја пренесов информацијата, впрочем за тоа и се дискутира на темава, а ти од кај си толку сигурен дека не е така??
Неешто недостасува во цела приказна а некако не им верувам на тие медими воопшто затоа што ќе ти ја ипревртат информацијата. Не ми е логично во 21 век тој очевидец само немо да посматрал и стварно ете им ги камерите од плоштад нека си ги проверат снимките и замисли при толку народ таму никој не реагирал? Па добро бре да свикаш колку се алфите ако стварно го тепле народов што е таму ќе ги истепал прво нив. Немозжам да сватам дека сето тоа се случувало недоалеку од бината на која збореше Груевски има нешто што не се кажува
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Драги членови, во петок 10 јуни во 23.00часот, апелираме масовно да се собереме и во мирен протест да запалиме свеќи за Даниел.

Еве, пишав јас страна поназад, сеа само не викајте не видов не ова не она, во петок во 23 и така 99 посто ќе се искочени у град.
АЛЕЛУЈА! Јас доаѓам, макар и да не најдам никој да дојде со мене (како вечерва). И прекинете да пишувате глупости на темава и да се препукувате. Баталете ги тоа ретардите што тролаат, пред да се затвори темава, ко во случајот со детето што го убија пред некој месец во школо. И нормално, соберете што повеќе луѓе можете, дојдете во Петок и чувајте ја лутината (за мирен протест).

ПС. Не сум од организација и не сум битен фактор, ама подобро да не видам партиско знаме таму.
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Очевидецот : "Се случи во триесет минути по полноќ. Одеднаш видов како алфашот брка момче. Брутално го удираше со тупаници, потоа го удри од една клупа".

Ако е така тогаш треба да има видни знаци на насилство, а од МВР изјавија дека нема...но на крај краева мора да биде предаден на домашните па не верувам дека истите ке молчат доколку нивното дете било тепано. За сега, нема никаков доказ дека момчето било претепано. Ако има тогаш треба да се сносат последици. Инаку не ми се верува А1 да се до толку болни и психопати за да исценираат вакво нешто со цел да направат протести.

а за алфите :
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
АЛЕЛУЈА! Јас доаѓам, макар и да не најдам никој да дојде со мене (како вечерва). И прекинете да пишувате глупости на темава и да се препукувате. Баталете ги тоа ретардите што тролаат, пред да се затвори темава, ко во случајот со детето што го убија пред некој месец во школо. И нормално, соберете што повеќе луѓе можете, дојдете во Петок и чувајте ја лутината (за мирен протест).

ПС. Не сум од организација и не сум битен фактор, ама подобро да не видам партиско знаме таму.
Мала грешка имам во часот во постов, 20 часот треба да стои, јас имам 23. Ама и вака и така не менува нешто саатот, неработен ден е наредниот. :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.981
Поени од реакции
45.295
Сега кај Јанко се јави еден дечко и кажа дека девојка му работела на штандот за Форнети, мислам и името и го кажа, не е ни битно, само ја потврди информацијата од очевидецот кој сакаше да остане анонимен, детево било тепано од некој покрупен тип, удрило со главата во клупа, претходно го бркале и тоа е тоа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не, се збори зошто мора да се умешува политика.
Затоа што сме крајно исполитизирана држава и ова се случува во момент кога политиката е во центарот на вниманието, значи ден по избори. Моментот ќе се искористи за понатамошно политизирање, луѓе ќе бидат манипулирани, само едно ќе остане како факт, дека е загубен еден млад човечки живот и дека се случи голема трагедија.

Се надевам дека брзо ќе добиеме одговори зошто оваа конфузна ситуација е на штета на сите и крева голема тензија. Резултатите од обдукцијата нема да лажат, тоа е сулудо да се помисли. Од исказите на сведокот се работи за убиство со cover-up, и ако е така ќе одговара тој што го извршил како и оние кои му помогнале. Расчистување и правна разврска мора да има, заради сите нас, зошто ова може да му се случи на секој.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom