Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Алфашите се багра дефинитивно, средно образование и соодветната обука толку им е "специјализирањето". Инаку мора да го демантирам дечкото кој вели дека у единицата нема партиски војници, напротив кај мене у зграда имаше еден алфаш беше порано, се смени власта сега е у МВР(муда преко рамо) така да муабетот не ти држи.
Како прво не очекувај некој доктор на науки да биде у алфи и да се клошари цел ден по улици за да ти плукаш по него.
За второто прочитај повторно што си напишал. За да влезеш у алфи треба да имаш соодветно искуство у МВР а не обратно.
 
Ооооооо покажете малку љубов разбирање и толеранција кон тие што носат значки има доста добри луѓе меѓу нив, јас познавам лично еден човек што благодарение на неговите брзи рефлекси и одлучност има живот спасено, нема медал за тоа ама има голема благодарност од страна натоа високо официјално лице.

За тоа плата зима, ок?
Работа му е тоа, океј?
Сам сакал џандар да биде, никој не го терал, океј?
Сите треба да се такви, добро?
И не треба ја љубов да им покажувам, пошо плата им давам, добро?
А тие шо не се такви, треба затвор да лежат.
 
Тоа е за пофалба.Ама што е со другите од кои голем дел се партиски ставени за да си го чешкаат стомакот пред станица или во некое кафанче?

Не е проблем партиското поставување доколку се врши работата како што треба. Јас знам кај пијат кафе господа инспекторчичи од НТШ за време на работна смена, наместо да работат тоа што треба, но не се ни тие криви туку синџирот на команда кој што го дозволува тоа.
 
Како и да е, канал 5 ни „А„ не зуцна за настанот
 
А точно е тоа дека ќе се кампува на плоштад цела вечер?
 
Од една телевизија со цел памет го тераа дечкото што го видел тепањето вчера да даде изјава пред камера. Ко малку да им е што настрада еден...
 
Морам да те демантирам. Единицата Алфи е составена од најподготвените и најдобрите поединци во редовите на мвр и немаат никаква врска со партија. Распрашај се малку повеќе како може некој да стане член во единицата и се ке ти биде јасно.

Човек, гадно си ги помешал работите. Алфите се најбагабонтите од цела полиција, најнеобразовани и насилници. Билдераши без памет и дисциплина, бар повеќето од нив. Сообраќајците се подисциплирани и подостојни од овие.

Инаку за ова, бидете и објективни некои од вас, убаво пиша некој, треба да се почека и реакцијата на семејството дали тие ќе и поверуваат на обдукцијата на судска медицина или ќе бараат сопствена. Најглупо ќе биде ако ова на крај испадне дека е политичко масло, а дечково е само колатерална штета.

А живееме во држава во која и двете сценариа (претепување со намера од алфата или политчки шлагер) се можни.
 
Како прво не очекувај некој доктор на науки да биде у алфи и да се клошари цел ден по улици за да ти плукаш по него.
За второто прочитај повторно што си напишал. За да влезеш у алфи треба да имаш соодветно искуство у МВР а не обратно.

Нормално, за конкретниов случај беше доброволец што беше се пројавил за конфликтот 2001, по завршување на конфликтот отиде у алфи
 
А точно е тоа дека ќе се кампува на плоштад цела вечер?

Не ми се верува ова. Кај нас одамна е згасната желбата за протеси макар и за национален интерес ќе има 300 души и тоа е тоа други сите се шефови и директори.
 
Сега на А1 ќе има за случајов, пуштете.

Не ми се верува ова. Кај нас одамна е згасната желбата за протеси макар и за национален интерес ќе има 300 души и тоа е тоа други сите се шефови и директори.

Се кампува.
 
секакви има во полицијата...без разлика алфи, бети, гами........денес примаат свои луѓе.....
пошо не сум информиран, што како каде....пошто цел ден на работа на радио ја слушав пада влада и турбо фолк, на вестите немаше ништо па дури и дека сестра Љубица била уапсена....
ако некоја алфа убила некој без причина...тогаш.........
бетер од атина мора да биде!
 
И долу од страна реклами на сориос и Шпиц абе кре овде некој нешто ! Патем очевидец кој не пријавил ништо во полиција и не повикал брза помош ! Па и јас сега можам да викнам новинари и да кажам дека слетале вонземјани и дошле алфите и ги претепале до смрт :cool: Плус алфи ако се вмешани во ова има и нешто што не се кажува не го бркале или тепале бадијала
 
Не ме чуди ова од алфите...мене кога ме нападна минатото лето за едно поставено прашање,тогаш....Јас имав среќа,некој друг немаше. R.I.P. Даниел,сочувство до фамилијата
 
Сега се вратив од протестот којшто требаше да биде во парк, по долго лутање решив да прошетам и низ ценар и случајно ги начекав на рекорд. 500 луѓе се на се, медиуми само Алфа и А1 другите уво ги боли. Младите сили на партиите нигде ги нема Ленинова крца, место слободно нема....иако немаше организација, се беше набрзина очекував повеќе.....
И треба добро да се организира еден протест па да видиме колку младите се засегнати за своите права.
Во секој случај денешниот ден, каде јас за ова дознавтек у 8 саат е крајно разочарувачки...
 
Значи овој Виктор ти е чудо на природата. Кај ќе викнеш полиција бе ало? Ти ќотекот ќе си го добиеш.

Од член на ’Форум Воденица’: Ова битангиве што лажат, син ми бил сведок на претепувањето, само што не знаеше дека детето починало. Инаку точно е дека било претепано, дури со вода потоа истиот тепач го поливал ... Син ми беше крајно потресен... Гадост.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom