Поентата е што ми пречи што убедуваш дека немаме право да го правиме тоа што го правиме. А во една демократска земја секој има право на свое мислење - нели?
Да, секој има право на свое мислење, но не секој има правилно мислење. Jас ве убедувам дека треба да си го смените размислувањето.
До пред некое време речиси сите мои другарки работеа во кафичи како келнерки...
Во ред, но сепак имаш разбирање, така?
Ова морам да го споделам со вас, едно ужасно искуство вчера што ми се случи со келнерка.
Вакви не ни помислувам да бранам. Сепак, да не заборавиме на "одличниот" менаџмент од страна на нивниот претпоставен, кој оставил минимален број келнери да се справат со толпа странски фудбалски навивачи (не се баш најпосакувани гости). Треба/ло да ја пријавиш, во секој случај, а и малку критика кон претпоставениот не е на одмет.
Абре во Турција ќе ти ги земат сите пари ама ќе ти биде ќејф да им ги дадеш!
Како што рече, во ТУРЦИЈА. Мислиш дека може да се споредуваме (не дека не треба, напротив) со нив? Мислиш дека работат во исти услови со нашиве келнери? Не ќе да е така.
Со овој памет далеку ќе стигнеме: "Не го гледајте угостителството кога администрацијата не чини".
Епа ај ништо да не гледаме, од се има и побетер.
Со овој памет стигнавме каде што сме. Заеби што цела држава тоне во непрофесионализам, дај ние од келнерите да почнеме. Заеби што единствено решение е критика на оние (со поголема одговорност) што вработуваат непрофесионален кадар, дај да почнеме од келнерите. Ама во ред е, разбирам. Полесно е да плукаме по оние "под нас", зашто ако плукаме нагоре може да ни' се врати.
Точно. Се согласувам со тебе дека има секакви муштерии ама тоа не им дава за право сите по дифолт да ги сместува во иста група на луѓе. Од кај знае она ја каква сум? Може сум претерано љубезна, а може ќе и остаам 500ден. бакшиш. Не ме знае која сум, не ме знае каква сум значи нема никаква причина да ме гледа попреку и да ме сместува во иста група со некоиси пациенти.
Мислиш на ова?
Srce, во македонија келнерите ти се (60 %) тешка селјачана што мисли дека ако работи како келнер е нешто, од висока нога, пошо знајш, слава у глава, фаци идат ги служат па се курчат што ти знам што, па интервју некогаш од тв, секаде се скоро такви келнерите. Едино во скопје имам начекано добра услуга во кафичите во центар
Па види, кога 60% од гостите (ова е груба проценка, бројката е веројатно поголема) ги нарекуваат поголемиот дел од келнерите сеЉачаана (а притоа не знаат дека Македонија, Скопје и Центар се пишуваат со голема буква), мислам дека и келнерите имаат право да генерализираат.
Веројатно бидејќи ги немате парите, или не ги заработувате сами, не знаете и да ги цените. Исто така, класичен македонски синдром е, да забушава на работа, затоа и ви се чини дека е во ред конобарите да ви бидат смрштени.
Не му е работата да ми донесе само тоа што сум го нарачал. Работата му е да биде чист, учтив, насмеан, пријатен, брз, паметен (во смисла да памти шо сум нарачал и во смисла да е доволно паметен дека ако не е насмеан нема да добие бакншиш). Сите вие коишто не барате од вашите келнери насмевка и пријатност, едноставно имате ниски критериуми за тоа...
…Кога ќе си ги цените парите во џебот, ќе цените и на кого ги трошите. Јас сигурно не сакам да ги трошам на некој којшто не ме третира убаво за моите пари. Тоа е тоа.
Тоа е тоа. Се' се сведува на кој има пари, а кој не. За тешко заработување, те молам, немој. Според постов, речиси сигурен сум дека малку знаеш за истото. Малку просветлување: сите си ги цениме парите, ама некои од нас ги ценат луѓето многу повеќе отколку испринтано парче хартија.
Уште малку просветлување: Kласичен македонски синдром е да ќути и да пуши кај што треба да се буни, а да демонстрира “сила” и “надменост” кај оние што најмалку заслужиле.
А ова со нискиве критериуми ти е одлична оценка. Те д***м, полоша не може да биде. :p Овде се работи за немање никаков критериум за тоа што е битно (непрофесионализмот на келнерите или непрофесионализмот на доктори, администрација, политичари, ГАЗДИ НА КАФИЧИ итн.), немање јајца да се протестира на вистинската адреса и немање никаков критериум за тоа кој повеќе вреди, парите или луѓето.
На сите ни ‘ е јасно што им’ е работата и на кое ниво треба да биде квалитетот. Ама гледам дека и после толку објаснување, вам не ви е јасно дека за некој квалитетно да си ја извршува работата, потребни се, во најмала рака, НОРМАЛНИ УСЛОВИ, што најголемиот дел од келнерите (па и било кои други работници) во Македонија ги немаат.
Сакате квалитетна услуга? Сакате решение? Со вас сум. Ајде да протестираме и да бараме подобри услови за келнерите, поголем професионализам од страна на менаџерите и газдите, поквалитетен персонал, поголема култура на гостите, почитување на законот и сл. Да видам тогаш дали нема да бидат љубезни, кога ќе знаат дека оние на другата страна пред се' ги гледаат како луѓе, а не како слуги.
А ако сакате лечење на фрустрации за ефтини пари, продолжете со исто темпо. Се' најубаво.
