Келнерите низ локалите

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Веројатно бидејќи ги немате парите, или не ги заработувате сами, не знаете и да ги цените. Исто така, класичен македонски синдром е, да забушава на работа, затоа и ви се чини дека е во ред конобарите да ви бидат смрштени.

Не му е работата да ми донесе само тоа што сум го нарачал. Работата му е да биде чист, учтив, насмеан, пријатен, брз, паметен (во смисла да памти шо сум нарачал и во смисла да е доволно паметен дека ако не е насмеан нема да добие бакншиш). Сите вие коишто не барате од вашите келнери насмевка и пријатност, едноставно имате ниски критериуми за тоа.
Слично на ова, многу луѓе сум видел дека имаат ниски критериуми за мажи и за жени, за политика, за многу работи. Се задоволуваат со премалку, затоа и во животот се генерално просечни но и среќни, зашто не се трудат да направат прогрес во својот живот. Доволно им е постигнатото.

Плаза де Торос ја зборите, јас одамна одбегнувам да одам таму. Најголем револт ми е што одам во Пјаца и Плаза што се иста фирма една деценија веќе. и повеќе, па во последно време, со сите келнери сум на здраво како си, ама услугата што ја добивам е далеку од редовен гостин. Затоа и ме загубија како гостин воопшто, а не па како редовен. Затоа тие 200 или 300 евра што сум им ги давал јас, заедно со моите пријатели веќе не ги добиваат.
Кога ќе си ги цените парите во џебот, ќе цените и на кого ги трошите. Јас сигурно не сакам да ги трошам на некој којшто не ме третира убаво за моите пари. Тоа е тоа.
Те поштувам тебе, ама не знаев дека се осврнуваш на тривијални ствари, повеќе од потребното. И целава тема е помалце или поиште, тривијална. Не се работи за имање ниски критериуми, туку едноставно моето одење во тој и тој кафич уопште не зависи од персоналот. Моето очекување кога идам негде е да си поминам убаво со луѓето со кои сум таму и навремено да ми е донесена пијачката. Дали келнерката ќе ме погледне попреку или не, нејзина работа, зар треба некако мене тоа да ми влијае?! Во одреден степен ги разбирам и келнерките што гледаат попреку, затоа што има бајаги разгалени муштерии, некои што бараат вода кога гледаат дека келнерката не може да постигне у гужва, или па такви како тебе што очекуваат да ги тинтра. Имаш потенцијал да се замараш со многу побитни ствари :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060

Точно. Се согласувам со тебе дека има секакви муштерии ама тоа не им дава за право сите по дифолт да ги сместува во иста група на луѓе. Од кај знае она ја каква сум? Може сум претерано љубезна, а може ќе и остаам 500ден. бакшиш. Не ме знае која сум, не ме знае каква сум значи нема никаква причина да ме гледа попреку и да ме сместува во иста група со некоиси пациенти.

И да, мене ништо во животов не ми менува тоа што она ќе ме гледа попреку, ја лично не сакам таков однос и затоа утре нема да отидам пак кај неа и стварно ништо нема да ми смени тоа, ама затоа пак неа и менува и тоа многу. Основно правило е сите гости да се третираат подеднакво, епа денеска двајца како мене да изгуби што се спремни да остаат 500ден. бакшиш тоа се минус 1000ден. , па да видиш како односот многу им менува.
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Поентата е што ми пречи што убедуваш дека немаме право да го правиме тоа што го правиме. А во една демократска земја секој има право на свое мислење - нели?
Да, секој има право на свое мислење, но не секој има правилно мислење. Jас ве убедувам дека треба да си го смените размислувањето.

До пред некое време речиси сите мои другарки работеа во кафичи како келнерки...
Во ред, но сепак имаш разбирање, така?

Ова морам да го споделам со вас, едно ужасно искуство вчера што ми се случи со келнерка.
Вакви не ни помислувам да бранам. Сепак, да не заборавиме на "одличниот" менаџмент од страна на нивниот претпоставен, кој оставил минимален број келнери да се справат со толпа странски фудбалски навивачи (не се баш најпосакувани гости). Треба/ло да ја пријавиш, во секој случај, а и малку критика кон претпоставениот не е на одмет.

Абре во Турција ќе ти ги земат сите пари ама ќе ти биде ќејф да им ги дадеш!
Како што рече, во ТУРЦИЈА. Мислиш дека може да се споредуваме (не дека не треба, напротив) со нив? Мислиш дека работат во исти услови со нашиве келнери? Не ќе да е така.

Со овој памет далеку ќе стигнеме: "Не го гледајте угостителството кога администрацијата не чини".
Епа ај ништо да не гледаме, од се има и побетер.
Со овој памет стигнавме каде што сме. Заеби што цела држава тоне во непрофесионализам, дај ние од келнерите да почнеме. Заеби што единствено решение е критика на оние (со поголема одговорност) што вработуваат непрофесионален кадар, дај да почнеме од келнерите. Ама во ред е, разбирам. Полесно е да плукаме по оние "под нас", зашто ако плукаме нагоре може да ни' се врати.

Точно. Се согласувам со тебе дека има секакви муштерии ама тоа не им дава за право сите по дифолт да ги сместува во иста група на луѓе. Од кај знае она ја каква сум? Може сум претерано љубезна, а може ќе и остаам 500ден. бакшиш. Не ме знае која сум, не ме знае каква сум значи нема никаква причина да ме гледа попреку и да ме сместува во иста група со некоиси пациенти.
Мислиш на ова?
Srce, во македонија келнерите ти се (60 %) тешка селјачана што мисли дека ако работи како келнер е нешто, од висока нога, пошо знајш, слава у глава, фаци идат ги служат па се курчат што ти знам што, па интервју некогаш од тв, секаде се скоро такви келнерите. Едино во скопје имам начекано добра услуга во кафичите во центар
Па види, кога 60% од гостите (ова е груба проценка, бројката е веројатно поголема) ги нарекуваат поголемиот дел од келнерите сеЉачаана (а притоа не знаат дека Македонија, Скопје и Центар се пишуваат со голема буква), мислам дека и келнерите имаат право да генерализираат.

Веројатно бидејќи ги немате парите, или не ги заработувате сами, не знаете и да ги цените. Исто така, класичен македонски синдром е, да забушава на работа, затоа и ви се чини дека е во ред конобарите да ви бидат смрштени.

Не му е работата да ми донесе само тоа што сум го нарачал. Работата му е да биде чист, учтив, насмеан, пријатен, брз, паметен (во смисла да памти шо сум нарачал и во смисла да е доволно паметен дека ако не е насмеан нема да добие бакншиш). Сите вие коишто не барате од вашите келнери насмевка и пријатност, едноставно имате ниски критериуми за тоа...

…Кога ќе си ги цените парите во џебот, ќе цените и на кого ги трошите. Јас сигурно не сакам да ги трошам на некој којшто не ме третира убаво за моите пари. Тоа е тоа.
Тоа е тоа. Се' се сведува на кој има пари, а кој не. За тешко заработување, те молам, немој. Според постов, речиси сигурен сум дека малку знаеш за истото. Малку просветлување: сите си ги цениме парите, ама некои од нас ги ценат луѓето многу повеќе отколку испринтано парче хартија.
Уште малку просветлување: Kласичен македонски синдром е да ќути и да пуши кај што треба да се буни, а да демонстрира “сила” и “надменост” кај оние што најмалку заслужиле.
А ова со нискиве критериуми ти е одлична оценка. Те д***м, полоша не може да биде. :p Овде се работи за немање никаков критериум за тоа што е битно (непрофесионализмот на келнерите или непрофесионализмот на доктори, администрација, политичари, ГАЗДИ НА КАФИЧИ итн.), немање јајца да се протестира на вистинската адреса и немање никаков критериум за тоа кој повеќе вреди, парите или луѓето.

На сите ни ‘ е јасно што им’ е работата и на кое ниво треба да биде квалитетот. Ама гледам дека и после толку објаснување, вам не ви е јасно дека за некој квалитетно да си ја извршува работата, потребни се, во најмала рака, НОРМАЛНИ УСЛОВИ, што најголемиот дел од келнерите (па и било кои други работници) во Македонија ги немаат.

Сакате квалитетна услуга? Сакате решение? Со вас сум. Ајде да протестираме и да бараме подобри услови за келнерите, поголем професионализам од страна на менаџерите и газдите, поквалитетен персонал, поголема култура на гостите, почитување на законот и сл. Да видам тогаш дали нема да бидат љубезни, кога ќе знаат дека оние на другата страна пред се' ги гледаат како луѓе, а не како слуги.
А ако сакате лечење на фрустрации за ефтини пари, продолжете со исто темпо. Се' најубаво. (y)
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Ај ја да кажам нешто како келнер на форумов.
Келнерот не е подвижен послужавник, и тој е човек, греши, заборава, има сељак газда или има лош ден или има премногу гужва а е сам на смена, му плаќаат во 8 саат сабајле со 1000 за турско кафе, спиел 2 саат предходно зошто сака да има живот, нема време да си купи за јадење и чека ред во супермаркет дури го чекаат муштерии зошто таму му рекле да купува (млекото е поефтино за 10 денари) и уште милион работи.
Келнерот не е крив ако не ви е убаво кафето, газдата му има кажано како да го прави, ако не тој ќе биде мањак.
Келнерот не е water boy, ако сте платиле 30 денари за турско не значи дека е должен да ви носи вода во наредните 3 саати и да мие за вас 15 чаши.
И да, ако му го вратите кафето на келнерот пошо сте сакале големо макијато во мала чаша а тој не ви донел може да значи дека него ќе му одбојат од дневницата, а неговата дневница вреди колку 5 кафиња, и за неа работи 8 саати ко коњ.
И да знаете граѓански невоспитани дечишта, латентни хомосекслуалци и сите девијации кои ми доаѓаат во кафич (имам еден нормален муштерија, и чат пат некое фино детенце, без претерување) дека тоа што имате 50 денари во џеб не ве прави нешто повредни во моментот. Секој може со 150 денари да изиграва газда на маса, ај да ве видам да работите на мое место и останете нормални ( а камо ли фини и љубезни коага си имаш работа со дебили ко вас).
 
Член од
17 март 2009
Мислења
194
Поени од реакции
22
Не идам редовно во кафич,ретко се дешава ама барем кога седнувам сакам да биде малце поучтив(знам дека не може секој ден да ти цветаат ружи ама биди барем културен и задржиси го мислењето за тебе)
Седнав во 1 кафич покрај кеј сред бел ден и вреемто беше супер башка и носев наочари.келнерот ме гледа и ми вика носиш наочари за зградава што ја прават да не ја гледаш и одма му реков за политика не зборам и не ме интересира тука крај на муабетов.Човеков се напна врти на политика....Ок имај си свое мислење ама барем не на муштерии да им вртиш такви муабети.Сепак малце повоспитано и поприбрано треба да се понаша
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Со овој памет стигнавме каде што сме. Заеби што цела држава тоне во непрофесионализам, дај ние од келнерите да почнеме. Заеби што единствено решение е критика на оние (со поголема одговорност) што вработуваат непрофесионален кадар, дај да почнеме од келнерите. Ама во ред е, разбирам. Полесно е да плукаме по оние "под нас", зашто ако плукаме нагоре може да ни' се врати.
Да бе, мене ми одговара од таму да се почне, и сега? Темава е за келнери и јас зборам за келнерите. Ако не, ај да отвориме форум за политика и дури не се оправат политичариве да не смееме да коментираме како нешто друго не чини.

Па види, кога 60% од гостите (ова е груба проценка, бројката е веројатно поголема) ги нарекуваат поголемиот дел од келнерите сеЉачаана (а притоа не знаат дека Македонија, Скопје и Центар се пишуваат со голема буква), мислам дека и келнерите имаат право да генерализираат.
Затоа што келнерите се многу писмени, нели?

Значи, да се разбереме. Мене не ми смета тоа што келнерот смуртен ми донел кафе. Воопшто. Ама ми се има десено келнер да ми држи лекции (и да ме избрка од кафиќ) заради тоа што се имам преместено од една маса на друга. Сељак. А злопамтило сум големо, таков карактер имам, и ќе мрчам по теми бе!! Баш ме боли мене што има побитни ствари од угостителството кои не се како што треба. Мене ме нема да се жалам на подфорумот за право или за образование затоа што фала му на Бога, досега сум немала потреба. А од келнери ќе се жалам!!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Те поштувам тебе, ама не знаев дека се осврнуваш на тривијални ствари, повеќе од потребното. И целава тема е помалце или поиште, тривијална. Не се работи за имање ниски критериуми, туку едноставно моето одење во тој и тој кафич уопште не зависи од персоналот. Моето очекување кога идам негде е да си поминам убаво со луѓето со кои сум таму и навремено да ми е донесена пијачката. Дали келнерката ќе ме погледне попреку или не, нејзина работа, зар треба некако мене тоа да ми влијае?! Во одреден степен ги разбирам и келнерките што гледаат попреку, затоа што има бајаги разгалени муштерии, некои што бараат вода кога гледаат дека келнерката не може да постигне у гужва, или па такви како тебе што очекуваат да ги тинтра. Имаш потенцијал да се замараш со многу побитни ствари :)
Форумот е место каде што пред извесен период заборавив... дека тривијалните теми се основата. Секоја тривијална тема на форумот се претвора во есенцијална. :)

На темата - Секое одење во кафич, не само мене, и тебе и на твоите пријатели им е битно СВЕ внатре. Ентериер, екстериер, бучава, цени, келнери, стил па дури и кој е газда. Нема да отидеш на кафенце „Кај Злате“ зашо не сакаш дека е кафана, поише ти одговара кафич. Нема да отидеш у „Деветка“ зашто газда е Панчев, а ти мислиш дека е сељак прва класа, ќе идеш у кафичот до него. Нема да отидеш у Воденица, зашто кафето е 150 денари, ќе отидеш у Беверли, нема да седнеш у Пјаца на улица со дечко ти, зашто таа вечер сакате интима, ќе отидете на друго место. И нормално, нема да седнеш у Плаза, зашто конобарите се оток, ќе седнеш у друг кафич.

Све си бираме. Ако е во ред да одберам кафуле со Лаваца кафе пошто ми е поубаво на душата од турското кафе на биртијата поред Зелено пазарче кај што гарантирано не си била, тогаш во ред е да одберам и каков келнер ќе имам.

NaughtyByNature напиша:
Тоа е тоа. Се' се сведува на кој има пари, а кој не. За тешко заработување, те молам, немој. Според постов, речиси сигурен сум дека малку знаеш за истото. Малку просветлување: сите си ги цениме парите, ама некои од нас ги ценат луѓето многу повеќе отколку испринтано парче хартија.
Уште малку просветлување: Kласичен македонски синдром е да ќути и да пуши кај што треба да се буни, а да демонстрира “сила” и “надменост” кај оние што најмалку заслужиле.
А ова со нискиве критериуми ти е одлична оценка. Те д***м, полоша не може да биде. :p Овде се работи за немање никаков критериум за тоа што е битно (непрофесионализмот на келнерите или непрофесионализмот на доктори, администрација, политичари, ГАЗДИ НА КАФИЧИ итн.), немање јајца да се протестира на вистинската адреса и немање никаков критериум за тоа кој повеќе вреди, парите или луѓето.

На сите ни ‘ е јасно што им’ е работата и на кое ниво треба да биде квалитетот. Ама гледам дека и после толку објаснување, вам не ви е јасно дека за некој квалитетно да си ја извршува работата, потребни се, во најмала рака, НОРМАЛНИ УСЛОВИ, што најголемиот дел од келнерите (па и било кои други работници) во Македонија ги немаат.

Сакате квалитетна услуга? Сакате решение? Со вас сум. Ајде да протестираме и да бараме подобри услови за келнерите, поголем професионализам од страна на менаџерите и газдите, поквалитетен персонал, поголема култура на гостите, почитување на законот и сл. Да видам тогаш дали нема да бидат љубезни, кога ќе знаат дека оние на другата страна пред се' ги гледаат како луѓе, а не како слуги.
А ако сакате лечење на фрустрации за ефтини пари, продолжете со исто темпо. Се' најубаво
А, извини, не знаев дека си напатено момче со тешко стекнати пари. Ти најтешко ги имаш заработено, прифаќам дека повеќе знаеш од сите нас заедно. Се извинувам за тоа што те навредив, воедно.

Не се работи за тоа дека ние „јаките“ ќе им ги дигаме џева на овие „слабите“. Се работи за тоа дека кога плаќаме за услуга сакаме да ја добиеме максимално професионално сработена. Веројатно многу од вас не се сеќаваат како изгледаа комунистичките келнери и колку способни беа. Можеби работеа за подобра плата, па тоа е некакво оправдување, но тие беа способни практично да ти донесат она кое што го сакаш уште пред да го побараш од нив. Секогаш во кошулче и пантолони, со елече, да се знае дека се келнери и со крпче преку рака. Тие имаа професија и горди беа на таа, бидејќи добиваа почит за одлично завршена работа.

Денеска се уште има такви коишто работат на исто ниво, само што има премногу локали со премалку квалитетен кадар.

Кога викам, сакам за моите пари да добијам соодветна услуга, бидејќи плаќам за услуга... тоа значи дека келнерството го споредувам со секоја (ама било која) друга професија. Ако отидете на фризер, бирате каква фризура сакате и не сакате фризерот да не ви биде погоден како човек. Ако платите за ролетни местење дома, не сакате да добиете завеси, ако платите тросед, не сакате да ви испорачаат фотеља, ако платите три кила патлиџан, не сакате да ви стават во кеса 300 грама ф`стаци.

вештица напиша:
Ај ја да кажам нешто како келнер на форумов.
Келнерот не е подвижен послужавник, и тој е човек, греши, заборава, има сељак газда или има лош ден или има премногу гужва а е сам на смена, му плаќаат во 8 саат сабајле со 1000 за турско кафе, спиел 2 саат предходно зошто сака да има живот, нема време да си купи за јадење и чека ред во супермаркет дури го чекаат муштерии зошто таму му рекле да купува (млекото е поефтино за 10 денари) и уште милион работи.
Келнерот не е крив ако не ви е убаво кафето, газдата му има кажано како да го прави, ако не тој ќе биде мањак.
Келнерот не е water boy, ако сте платиле 30 денари за турско не значи дека е должен да ви носи вода во наредните 3 саати и да мие за вас 15 чаши.
И да, ако му го вратите кафето на келнерот пошо сте сакале големо макијато во мала чаша а тој не ви донел може да значи дека него ќе му одбојат од дневницата, а неговата дневница вреди колку 5 кафиња, и за неа работи 8 саати ко коњ.
И да знаете граѓански невоспитани дечишта, латентни хомосекслуалци и сите девијации кои ми доаѓаат во кафич (имам еден нормален муштерија, и чат пат некое фино детенце, без претерување) дека тоа што имате 50 денари во џеб не ве прави нешто повредни во моментот. Секој може со 150 денари да изиграва газда на маса, ај да ве видам да работите на мое место и останете нормални ( а камо ли фини и љубезни коага си имаш работа со дебили ко вас).​
Леле постов, опасно било на работа. :)
Те разбирам дека ти си од другата страна на фронтовската линија и ќе си ја браниш територијата, ама муабетот ти е безврска. Никој со сила не те тера да останеш да работиш. Македонија е такво место, што односот работодавец-работник е ист и во компјутерските фирми, во адвокатските канцеларии, во бутиците и нормално, кафичите. Тешка е ситуацијата, ама тешка е за 95% од луѓето. Ретки се оние коишто имаат среќа кај нас да се задоволни од плата и газди.

Се уште, тоа апсолутно не ми вреди како изговор и оправдување кога ти ќе ми дојдеш смрштена. Исто, како што тебе нема да ти вреди никаков изговор од мене, кога книгата што ќе ми ја купиш ќе и фалат пет страни а некој во печатница од недоволно платеност не се заинтересирал дали ќе има грешка при печатење во неа.​
Не постојат изговори кои што ќе го оправдаат оној којшто не сработил добро. И тоа е факт.​
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.662
Поени од реакции
34.109
Пазете на backfire-от. Кучка е.

Небидува да напишеш муабетот ти е безврска, никој не те тера да останеш да работиш ради лоши услови а да не очекуваш да ти реплицираат никој не те тера ни да одиш, ако не ти се по критериум условите. Ама штосот е што не гледаме да се регистрираат нафурани келнери да се жалат од wоши муштерии. Ама очигледно имањето пари да си дозволиш кафе ти го обезбедува правото на тоа.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Koj ne rabotel vo kafule neznae dali e lesno ili tesko da rabotis so narod a posebno so nasiot....
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
А, извини, не знаев дека си напатено момче со тешко стекнати пари. Ти најтешко ги имаш заработено, прифаќам дека повеќе знаеш од сите нас заедно. Се извинувам за тоа што те навредив, воедно.

Не се работи за тоа дека ние „јаките“ ќе им ги дигаме џева на овие „слабите“. Се работи за тоа дека кога плаќаме за услуга сакаме да ја добиеме максимално професионално сработена. Веројатно многу од вас не се сеќаваат како изгледаа комунистичките келнери и колку способни беа. Можеби работеа за подобра плата, па тоа е некакво оправдување, но тие беа способни практично да ти донесат она кое што го сакаш уште пред да го побараш од нив. Секогаш во кошулче и пантолони, со елече, да се знае дека се келнери и со крпче преку рака. Тие имаа професија и горди беа на таа, бидејќи добиваа почит за одлично завршена работа.

Денеска се уште има такви коишто работат на исто ниво, само што има премногу локали со премалку квалитетен кадар.

Кога викам, сакам за моите пари да добијам соодветна услуга, бидејќи плаќам за услуга... тоа значи дека келнерството го споредувам со секоја (ама било која) друга професија. Ако отидете на фризер, бирате каква фризура сакате и не сакате фризерот да не ви биде погоден како човек. Ако платите за ролетни местење дома, не сакате да добиете завеси, ако платите тросед, не сакате да ви испорачаат фотеља, ако платите три кила патлиџан, не сакате да ви стават во кеса 300 грама ф`стаци.
Ај кочи малку. Можеби погрешно те проценив, ама од секој што добро се испотил за мала сума пари, очекувам да биде солидарен и барем да се потруди да има разбирање за другите што се во слична ситуација, што кај тебе баш и не го забележувам. Ниту пак не се чувствувам навреден, а тоа што можеби сум напатен, нема баш никаков удел во изгледот на моите постови на темава. Единствено што навредивте се келнерите, кои се луѓе исто како вас, и вашиот образ, декларативно залагајќи се за решение, но чудно, никој од вас не понуди некакво, па и понуденото го отфрлате. Само тупите за квалитетна услуга (за која и јас се залагам) и непрофесионализам на келнерите, а и покрај 100 објаснувања каде е вината и што треба да направиме (и тоа за нешто што треба секој сам да е свесен), пак одговарате во стил "Јас кој сакам ќе ме нервира и кого сакам ќе критикувам". Епа не ми е јасно, ако не се работи за вистинска желба за решение, ниту пак за "удирање по самарот", за што се работи? Кој е вашиот предлог? Да ги отпуштат сите келнери?
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Очигледно дека човек не треба да искажува мислење. Ајде ако не сите да ќутиме...

Вештица, ако не ти се доаѓа работата, ако не ти се допаѓаат граѓанските невоспитани дечишта, латентните хомосекслуалци и сите девијации со кои си имаш работа, значи дека не си среќна со она што го работиш. Не гледам причина да работиш нешто кое те фрустрира.
А ако веќе се вадите на тоа дека се нема работа, тогаш трепете го она што сте го избрале да го работите.
Муштериите ја плаќаат услугата и истата треба да ја добијат на соодветен начин.
Не го сфаќај ова лично. Едноставно, мислењето твое ми се погоди најсоодветно за постов мој.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
NaughtyByNature напиша:
Ај кочи малку. Можеби погрешно те проценив, ама од секој што добро се испотил за мала сума пари, очекувам да биде солидарен и барем да се потруди да има разбирање за другите што се во слична ситуација, што кај тебе баш и не го забележувам. Ниту пак не се чувствувам навреден, а тоа што можеби сум напатен, нема баш никаков удел во изгледот на моите постови на темава. Единствено што навредивте се келнерите, кои се луѓе исто како вас, и вашиот образ, декларативно залагајќи се за решение, но чудно, никој од вас не понуди некакво, па и понуденото го отфрлате. Само тупите за квалитетна услуга (за која и јас се залагам) и непрофесионализам на келнерите, а и покрај 100 објаснувања каде е вината и што треба да направиме (и тоа за нешто што треба секој сам да е свесен), пак одговарате во стил "Јас кој сакам ќе ме нервира и кого сакам ќе критикувам". Епа не ми е јасно, ако не се работи за вистинска желба за решение, ниту пак за "удирање по самарот", за што се работи? Кој е вашиот предлог? Да ги отпуштат сите келнери?
Пазете на backfire-от. Кучка е.

Небидува да напишеш муабетот ти е безврска, никој не те тера да останеш да работиш ради лоши услови а да не очекуваш да ти реплицираат никој не те тера ни да одиш, ако не ти се по критериум условите. Ама штосот е што не гледаме да се регистрираат нафурани келнери да се жалат од wоши муштерии. Ама очигледно имањето пари да си дозволиш кафе ти го обезбедува правото на тоа.
Wot, па тоа и очекувам некој да ми го напише. Онаму каде што има лоша услуга, не одиме да бидеме услужени, токму така. Тоа го потенцираа повеќе луѓе, не само јас.

И, нема што ние да решиме на форум. Форум е место за препукување со ќорци. Али ако веќе некој ми бара било какво решение, јас не можам да му го понудам. Келнерите си се такви какви што си се, а ние како гости сигурно нема да се смениме заради нив. Исто како и Охрид. Одам само под присила. Ако се они толку смотани да не разбираат дека треба да бидат учтиви, пријатни и гостопримливи, јас сум толку „смотан“ да одам во Струга.
 
baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277
Такви се зошто имаат фиксни плати и не зависат од бакшиж. Пр. во САД кенлерите се најмалку платени, по 3 долари на час, но со нивната љубезност си добиваат бакшиж. Практично живееат од бакшижи и мораат да бидат многу љубезни. Сум приметил кај нас во МК луѓето оставаат бакшиж и кога не се задоволни од услугата, едноставно ја заокружуваат сметката. Јас често оставам бакшиж, но само ако сум задоволен од услугата и ако кенлерот/кенлерката не ми ги слушаат муабетите и не ми душат у врат.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Не знам зашо си замислувате дека кога вие ќе нарачате нешто во кафич, дека конобарот целосно треба да ви се посвети вас. Дека вие сте богови а конобарот е обичен смртник кој треба да ви се покори на вашите барања.
Мене ми е јасно дека кога ќе нарачате вода дека навистина ви се пие и затоа ја нарачувате, али ако умираш за вода а глеаш дека конобарот сам служи 10 маси и не може да постигне - моеш да го мрднеш гзот 20 чекори и да си земеш сам вода. Нема да ти се деси нишо страшно.

Друго, ми седнуваат на маса 5 души и никој од нив не ми порачува нешо шо е нормално. Несот или е нематен, со пола лажица шеќер, без прелив, со капка млеко, макијатото да е појако, да е со поише млеко, да е ладно ама без мраз, еспресото да е у мала/голема шоља.. На чоек да му дое да се збрца на сред маса.
И шо е најтрагично, никој од вас (шо не работеле у кафич) не го зема тоа у предвид дека конобарот не ти го праи кафето.
Дека конобарот доаѓа на шанк, ја кажува о толку посебната нарачка, и чека да биде направена од шанкерите.
И пошо на шанкерот му се спие зашо си легнал у 4 а станал у 8, утнал нешо и конобарот го јаде тоа.
Друга приказна е тоа, шо коа доаѓаш на шанк и ја кажуваш нарачката, шанкерот мрчи, ти кенка кај ти текнало тоа сеа (ко божем за себе нарачуваш).
Друга приказна е шо шефот ти вика да не се пикаш позади шанк или да не ставаш ти сладолед, али пошо шанкерите се у лошите, ти треба да бираш дали да не го послушаш шефот и да се расправаш со него, или да се расправаш со шанкерот.
Ќе шпарташ 20 пати на масата, ќе вратиш 2 нарачки и нема да ти остаат денар бакшиш, иако си бил супер фин и си се извиниш 16 пати.
И вака цел ден.

Да, ние ијаме фиксна плата, и да, факт е дека газдите се идиоти и ни викаат да си зијаме бакшиш, али ако на маса седнете 5- 10 души, и сите остаите по 10 денари (шо за еден чоек не се којзнае колку пари) на конобарот ќе му го напраиш денот и следниот пат кога ќе доеш пак, ќе те тинтра поише, ќе биде понасмеан, поопуштен и нема да сака да си збрца нож зашо си толку посебен и сакаш 2 зрна шеќер у кафето.

Еве, да ви доловам на сите како поминува еден ден. Доаѓаш на работа и ја средуваш цела тераса. Бришеш маси, саваш мениа, пепелници. Го средуваш шанкот, средуваш внатре, ги средуваш тоалетите.
Во меѓувреме дошле гости и седнале у некое ќоше кај шо едвај се глеа, чекале 10 мин и ти доаѓаат да ти мрчат шо толку чекаат.
Таман ин доаѓаш на маса, им се извинуваш и културно им објаснуваш дека тој дел не се забележува баш, он ти мрчи и те пашува дали земаш добра плата зашо глеал дека не ти се работело. Ти си со извичници и прашалници над глава зашо до сеа не си седнал. Носиш нарачка, али он забораил да ти каже дека сака поише шеќерчиња, па шпарташ пак. Да беше тоа јас да заборавев шекерчиња ќе имаше мрчење.
Таман си средил се, си ги послужил сите, имаш 5 мин време и ти да пиеш кафе, доаѓа некој од шефовите и те замара за нешо шо не е ни твоја работа.
Ти доаѓаат гости на кои им велиш дека таму кај шо сакаат да седнат е резервирано (а има и ознаки дека е резервирано) они ти кажуваат дека таму кај шо сакаш да ги сместиш не им одговара и сиу седнуваат кај шо сакаат а е резервирано. И ус пат не порачуваат нишо зашо одма ќе си оделе а сепак седат поише од саат време. У меѓувреме шефот ти мрчи зашо таму имаш седнато гости.
Доаѓа време кај шо сите маси се зафатени, не знаеш кај ти е главата, те враќаат за уше едно шеќерче а ти се напињаш зашо 2 маси веќе чекаат 5 минути, се нашол некој паметен и си заминал без да ти плати. Се молиш да ти остаат некој денар бакшиш за да не мора да даваш пари од свој џеб. Деца трчаат на сите страни, растураат шо ќе фатат, кршат нешо ус пат. Шефот ти мрчи. Се потрошиле видовите сладолед шо само шо ти ги нарачале и треба да им се објаснуваш дур ти превртуваат очи.
Дошле две принцези на кои им се јаде нешо, али не нешо шо го ијаме моментално на располагање, и ти воздивнуваат дека го нема тоа шо они го сакаат. Порчуваат палачинки, ти им кажуваш дека ќе треба да чекаат 45мин до 1 саат, а на нив не им се чека. Конечно, нарачуваат нешо, се е океј конечно си викаш моеш да седнеш да се напиеш кафе, али принцезиве те викаат нафурани зашо виделе дека некој јаде позади палачинки, кои и онака биле порачани пред 1 саат и за тие ти се качиле на глава. Ти треба да се правдаш, ко божем не си сакал да им дадеш нешо, и нафурани практиочно те бркаат од маса.
Конечно доаѓа крај на работно време, треба да собереш пепелници, мениа, да пребришеш се и да се раздужиш надевајќи се дека не си у минус и дека ќе остане некој денар бакшиш за да имаш со шо да си идеш дома.
На крај рчаш по автобусот зашо тргнал порано, се возиш ко да си сардина а нозете плачат сами од себе.

Да, јас си ја најдов работата, али вие шо седите по локалите може да бидете малце пофини!!
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
-Келнер, имате пиво?
-Имаме, Господине.
-А дали ти е студено?
-Се разбира.
-Добро, тогаш облечи се и донеси ми една ракија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom