Во продажба е мајскиот број на македонскиот Playboy. Покрај Карина на страниците на Playboy се најдоа и словенечката полицајка Катарина Јурковиќ и чешката убавица Јана Птачкова, која на инзвонреден начин ви ја претставува Прага
Карина Смирноф го игра Танцот со ѕвездите во мајското издание на македонскиот Playboy. Познатата американска танчерка со украинско потекло вели дека е секси енергијата на самодовербата што ја шири еден човек. Секси е комфорното чуство да бидеш тоа што си. Секси не е само да имаш убави усни, нозе и раце, тоа е нешто повеќе. Душата е секси – вели 33 годишната Карина. Покрај Карина на страниците на мајското издание на македонскиот Playboy се најдоа и словенечката полицајка Катарина Јурковиќ и чешката убавица Јана Птачкова, која на инзвонреден начин ви ја претставува Прага.
Страниците за интервју овојпат се резервирани за првиот човек на Дајнерс во Македонија, Божидар Јанковски, кој вели дека „успешните мажи сами по себе се добри за ловење. А мажите се плашат дека успешна жена покрај нив би доминирала. Тој советува дека Македонија мора да почне да произведува храбри луѓе, да ги поттикнува да се борат за свое мислење. Говори за транзицијата во Македонија, неговиот приватен бизнис кој пропаднал, недостатоците во економскиот систем во земјава, животот со неговата сопруга Радмила Шекеринска и поддршката која и ја дава за премиерската кандидатура, за спортот, адреналинот, убавите жени, урбаниот живот, кулинарските способности, музиката...
С.А.Р.С. овој месец доаѓаат во Македонија на фестивалот Скопје гори. Playboy ви ја открива приказната за нивните почетоци, првите песни, публиката, конкуренцијата, анегдоти од нивните настапи и турнеи...
Кои се најпосакуваните необични пива, како да направите одличен бифтек Рагу – одговорот на овие прашања ќе ги најдете во мајскиот Playboy.
Дарко Панчев, Величе Шумуликовски и Марио Ѓуровски се обложија во Playboy обложувалницата пред завршницата на Лига на шампиони. На страниците на овој магазин ќе најдете и совет како да го изберете вистинскиот афродизијак, каква јахта да купите, што да облечете...
Меѓу останатите теми тука се и тврдењата на експертите дека многу бргу човекот ќе копа руда на астероиди и така ќе се појават трилионери.