1. Не би требало во иднина да си дозволиш
непроверени информации да ги постираш како факти. Уште помалку како свое мислење, како што самиот напиша. И бабата што ми предаваше биологија у 5-то беше биолог, па тоа не значи дека нејзините тврдења имаат некаква научна тежина. Типката беше шизофреник и тежок алкос.
Во науката постои институција која се вика
PEER REVIEW. Ако не си запознаен со истиот, ТЕ МОЛАМ прочитај го линкот. После ќе се главиме зошто тврдењата на Сорен не се прифатени од научната фела.
2. Точно е. Еволуцијата е во
коренот на биологијата, медицината, генетиката, антропологијата, геологијата. Доколку се покаже дека еволуцијата всушност не постои,
сите овие науки би требало да се редефинираат ОД КОРЕН. Секако, такво нешто е невозможно поради тоа што во милиони случаи до денес истите се потврдени, проверени и надградени.
3. Едно е
здраворазумска логика, а сосем друго е
научниот пристап. Тоа што за тебе лично е здрав разум, или не-дај-боже за Мики1, не значи дека е здраворазумски за мене или за некој кој се бави целиот свој живот со генетика или палеонтологија.
Ништо во природата
не се наредило случајно во ланец. Ова е тврдење кое е погрешно и најверојатно се должи на
непознавање на концептот еволуција. Ланецот во кој се наредени видовите
е ПОСЛЕДИЦА на еволуцијата - не е случајност. Преживуваат и продолжуваат оние видови кои ќе обезбедат храна и потомство. Резултат на речиси 4 милијарди години еволутивни прилагодувања (со интервенција на 4-5 глобални катаклизмични настани како контра) е сегашниот БИОДИВЕРЗИТЕТ кој е, горе-долу, врамнотежен во
ланецот на живот кој ти го споменуваш.
За геологијата. Ако нешто сакаш да порекнеш во поглед на стратите,
никако нема да ти биде доволен ИСКЛУЧОК. Потребно ќе ти биде да идентификуваш
СИСТЕМСКА грешка во концептот на геолошката скала. Сите исклучоци (кои се УЖАСНО РЕТКИ - те молам најди некој) се потврда на системот, поради тоа што се веќе објаснети со тектонските движења.
Многу е неодговорно кога некој се обидува да аргументира
без извори, со непроверени информации, а ОСОБЕНО кога информациите ги црпи само од една страна.