Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
- Возраст
- 39
Нешто од доменот на урбанизмот...
Пред месец дена, на архитектонскиот факултет беше објавен конкурс од општината на град Скопје за изработка на предлог решение за уредување на брегот на Вардар; поточно за уредување на делот кај кајакарскиот клуб во Градскиот парк и за делот пред Комерцијална банка.
По крајот на конкурсот, се организираа работилници со избраните студенти, кои заеднички работеа на решението на тие два дела од брегот на реката во која мислам дека сите ние многу малку уживаме.
Сеуште си споменувам за еден есеј кој го прочитав пред некоја година, напишан на тема "Зошто не се гледа реката Вардар"
Значи, што конкретно како содржина би сакале да видите на брегот на најголемата река, како корисници на просторот околу неа? Знам дека Вардарот не е којзнае колку голем како некои други реки во реонот чија околина се ползува на поинаков начин, но сепак може да се стори нешто за поголема актуелизација на тој простор, како со изградбата на пешачката патека на десниот брег на оваа река.
Иако сеуште не сум запознат со финалното идејно решение за деловите од кејот на Вардар кое го изработија студентите од архитектонски, силно верувам дека во скоро време ќе ја видиме неговата реализација. Доколку сте вие на нивно место, што би проектирале?