Уредување на брегот на реката Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Возраст
39
Нешто од доменот на урбанизмот...

Пред месец дена, на архитектонскиот факултет беше објавен конкурс од општината на град Скопје за изработка на предлог решение за уредување на брегот на Вардар; поточно за уредување на делот кај кајакарскиот клуб во Градскиот парк и за делот пред Комерцијална банка.

По крајот на конкурсот, се организираа работилници со избраните студенти, кои заеднички работеа на решението на тие два дела од брегот на реката во која мислам дека сите ние многу малку уживаме.

Сеуште си споменувам за еден есеј кој го прочитав пред некоја година, напишан на тема "Зошто не се гледа реката Вардар" :)

Значи, што конкретно како содржина би сакале да видите на брегот на најголемата река, како корисници на просторот околу неа? Знам дека Вардарот не е којзнае колку голем како некои други реки во реонот чија околина се ползува на поинаков начин, но сепак може да се стори нешто за поголема актуелизација на тој простор, како со изградбата на пешачката патека на десниот брег на оваа река.

Иако сеуште не сум запознат со финалното идејно решение за деловите од кејот на Вардар кое го изработија студентите од архитектонски, силно верувам дека во скоро време ќе ја видиме неговата реализација. Доколку сте вие на нивно место, што би проектирале?
 
Колку само често размислувам на оваа тема!

Љубителите на скопската шема си го добија својот простор со кафулињата, спорташите и оние што рекреираат имаат генијални стази за ролање и точак, е сега другата страна нека ја посветат на уметноста. Сега со изградбата на ново-стариот МНТ ќе биде фантазија, а оној другиот дел би било убаво да им го дадат на оние што сакаат уметност. Па да се отворат галерии, книжарничиња некои слатки, мали, интимни...мх, мх, мх...убајни би било.
 
Cosmic Speculation Garden
2484264716_28ac2acd45.jpg

http://www.gardenvisit.com/blog/wp-content/uploads/2009/10/13451065_5a79f387ae_b.jpg
 
Опцијата е реална, но по евентуалното хортикултурно уредување би требало да се пристапи и кон чистење на Вардарот, кон намалување на загадувањето, нешто што им успеа на Британците со Темза. Е сеа, ние не сме Британија, ниту Вардар е Темза, но во некое догледно време, зошто да не? И така имаме пари за шминка на центарот, зошто да немаме за чистење на Вардар?
 
Aбе и да се исчисти Вардар, за година-две пак ќе биде како пред тоа...Не е проблем да се исцисти,проблем е како да се одржи чист..Со ваква култура све е џабе
 
Да, нека се воведат драконски казни, зашто ние Македонците сме учени на казни и покорност, а не на лична култура и осет за убаво. Нека се воведат драконски казни и нека се воведе систем за спроведување на истите! Само строго му е мајката!
 
Па воведоа нели пред 2 години..50 евра за плукање на улица,500 за мочање,1000 за сексање на јавно место.. И пак ништо :toe:
 
Опцијата е реална, но по евентуалното хортикултурно уредување би требало да се пристапи и кон чистење на Вардарот, кон намалување на загадувањето, нешто што им успеа на Британците со Темза. Е сеа, ние не сме Британија, ниту Вардар е Темза, но во некое догледно време, зошто да не? И така имаме пари за шминка на центарот, зошто да немаме за чистење на Вардар?

Пречестителни станици треба да се постават.

Само они ќе спречат да гледаш гомна и тоалетна хартија како "пловат" по Вардар.

Коце спомна дека целта му е Вардар да има питка вода по целиот тек.
Проектот ќе се заврши (по неговото кажување) за 4 до 5 години и чини некаде околу 400-500 милиони евра.
 
И не само тоа , миризбата е врвот. Чакшто више има место на патеката(околу МЗТ салата) каде што има некој мирис на кари. Не сакам да помислам уствари што хемикалија е.
 
Да, нека се воведат драконски казни, зашто ние Македонците сме учени на казни и покорност, а не на лична култура и осет за убаво. Нека се воведат драконски казни и нека се воведе систем за спроведување на истите! Само строго му е мајката!
Џабе се законите и казните ако се само на хартија. Ти можеш и милион евра да ставиш казна за некој прекршок ама џабе ти е ако никој не го спроведува тој закон, како што и е во нашиов случај.
 
Поточно, здравје!:)
 
Па напишав де, да се воведе систем за спроведување на истите. Да не останат само мртво слово на хартија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom