Pink Floyd

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
And it happened yesterday ...
Веста ќе ја копирам од BBC пошо стварно не знам шо да кажам ...

13 May 2011 Last updated at 11:10 GMT Help
Pink Floyd stars Roger Waters and David Gilmour teamed up for a rare appearance together to re-stage classic album The Wall.

It happened during Roger Waters' concert version of the group's concept album The Wall at London's O2 Arena.

Later in the show, drummer Nick Mason also joined guitarist David Gilmour and singer Roger Waters for a performance of Outside the Wall.

http://www.bbc.co.uk/news/entertainment-arts-13389333

Видеото од Comfortably Numb :

"Roger's face when Gilmour is about to start is pure gold."

Outside the Wall :

Албумот шо ги раздели, на крајот ги спој!
Еве го најлајкуваниот коментар од последново видео : „Richard was there, I felt him. T_T“ - I felt him too!
Ах.. абе знам дека никад више нема да свират како Флојд, мислам мене ова не ми изглеа како Флојд, него онака собиранка... налет.. али ако ништо друго барем додека се живи ќе ги гледаме ваљда таму-ваму во некое вакво издание...

И пак ќе кажам - Рик,, сељак си, стварно :))))))))))
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Да го видам ова и да умрам, не би ми било криво... кој легенди.. каков спектакл. Алал вера.
 
I

Intex

Гостин
Само мене Final Cut и последните два (на Гилмор) не ми се нешто посебно?
 
I

Intex

Гостин
Со оглед на тоа шо Фајнал Кат е направен само за Гилмор и Мејсон да се вратат у форма парично, пошто шоуата кои Вотерс ги терал на Вол турнејата коштеле премногу, тогаш Фајнал Кат е само бледа копија на Вол.

Последните два - премногу веќе видени идеи. Спореди со првите 5 психоделични албуми, прогресијата до Вол и ќе видиш колкава е разликата.
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Со оглед на тоа шо Фајнал Кат е направен само за Гилмор и Мејсон да се вратат у форма парично, пошто шоуата кои Вотерс ги терал на Вол турнејата коштеле премногу, тогаш Фајнал Кат е само бледа копија на Вол.

Последните два - премногу веќе видени идеи. Спореди со првите 5 психоделични албуми, прогресијата до Вол и ќе видиш колкава е разликата.
The Final Cut е еден од послабите, албуми на Флојд, ако можам така да речам. И не е бледа копија, туку е замислен од Вотерс како некаков продолжеток на The Wall.

А последните 2, каде шо движечка сила е Гилмор за мене се едни од едни од најдобрите дела под името на Pink Floyd. Можда MLOR не е толку, ама Division Bell е мастерпис. Од песна до песна.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Да одбираш најдобар албум од Pink Floyd е исто како да одбираш девојка за една вечер од епизода на Baywatch со David Hasselnhoff.
 
C

Crazy Diamond

Гостин
Денес ни требаат музичари како нив, а не денешниве бендови...
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152
Денес ни требаат музичари како нив, а не денешниве бендови...
Не баш, ни треба нешто ново, иновативно, ако се навраќаме до 60-70тите сме завршиле работа, нека влече корени од таму ама сепак да биде нешто ново.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Не баш, ни треба нешто ново, иновативно, ако се навраќаме до 60-70тите сме завршиле работа, нека влече корени од таму ама сепак да биде нешто ново.
Своевремено , Флојдовци беа најмодерен бенд, кој користеше најмодерна технологија. Ако гледаме така на работите, ни требат такви бендој. Ако гледаме како на група која шо постоела од крајот на 60-тите до почетокот на 90-тите, можда си во право.

Шо се однесува до последните 3 албуми, мислам дека најбитен е тука вкусот. Мене искрено сите 3 последни албуми ми се добри. Никој не можи да ме убеди дека песни како The Final Cut, Two Suns In The Sunset, The Gunners Dream (The Final Cut), Learning To Fly, On The Turning Away, Terminal Frost, Sorrow (AMLOR), Marooned, Keep Talking, Wearing The Inside Out, HIGH HOPER ( Division Bell ) не се добри или не се на нивото шо биле Флојд претходно ...

Едноставно , не се држеа толку до психоделичното како на почетокот. Можи да се речи на некој начин дека се комерцијализирале, али негде прочитав некој напиша „Ми се бендисва комерцијализацијата на Флојд“ и потполно се сложвам тука.
 
Ако тоа е добро, јас сум Чак Норис.
Како може Пинк Флојд, кој беше дефиниција за иновативен, авант-гарден и несекојдневен бенд да има албуми кои звучат исто со пола бендови од таа ера?
И Битлс свиреле психоделија, па не бил ни близу до тој на Флојд.
И Јес, Генезис и остали свиреле прогресија, ама не биле Флојд.

You get my point, I think.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Ако тоа е добро, јас сум Чак Норис.
Како може Пинк Флојд, кој беше дефиниција за иновативен, авант-гарден и несекојдневен бенд да има албуми кои звучат исто со пола бендови од таа ера?
И Битлс свиреле психоделија, па не бил ни близу до тој на Флојд.
И Јес, Генезис и остали свиреле прогресија, ама не биле Флојд.

You get my point, I think.
Те сфаќам шо сакаш да кажиш. Во ред е, то е твое мислење, а и на одредена група луѓе кои шо по „миграцијата“ на Флојд од психоделија кон прогресија не му се свиѓат последните албуми.
Јас во никој случај не би се согласил дека албумите му звучеле исто како пола бендој од таја ера, поготово не Division Bell. Мислам, High hopes во секој случај би го вброил меѓу топ 10 песни кои кога било биле напраени од нивна страна.
Али пак ќе речам, све е ствар на вкус.

Btw, ако гледаме од нивна страна, самите тие за голем дел од нивните песни до Meddle сметат дека се катастрофа. Рецимо, Atom Heart Mother, за цел албум мислат дека е катастрофа, имат даено изјави за то, па мноооооогу луѓе не би се согласиле со нив.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јоан, не знам дали алудираш на тоа, но барем мене така ми изгледа дека ти си фан на Сидовата ера во ПФ, еве јас сум уште еден на кој повеќе му се допаѓа Гилмуровата ера на ПФ, наместо Беретовата. Точно дека е Берет на почетокот и подоцна Вотерс е таа креативна сила на бендот и Гилмур по заминувањето на Сид само го бруса дијамантот да светни, нормално со Рик заедно, но ако треба да бирам помеѓу Сид и Дејв во бендот тогаш нема никакво двоумење за мене тоа е Дејв во секој случај.
Јас би ги фрлил сите Сидови албуми во корпа за Дивижн Бел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom