Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Јас пак покажав дека ти не си компетентен, ниту имаш кредивилитет да даваш оценки за дизајнот на Дизајнерот со кој не можеш ни да се споредиш во дизајнерските способности.Ти можеш само да креваш раменици и да се чудиш зошто Бог го дизајнирал така како што го дизајнирал нервот, а да даваш оценки е малку повеќе од смешно, особено ако се земе дека ти не можеш ниту еден нерв да дизајнираш, а камо ли пак цел нервен систем и цел човек.
Не покажа ти ништо, само се обрука. Го вмеша човекот на тема креационизам наспроти еволуција и сакаше да ја смениш дискусијата кон man vs god. Јас го потенцирам очигледното, од 'инжињерска' гледна точка ова е доказ дека се работи за неинтелигентен дизајнер зошто како што реков ова е еквивалентно на дизајнирање на мост кој кружи околу река а не оди преку неа. Погледни ја сликата, се ти кажува. Како го оправдуваш ова?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
т
- Пред стотина години луѓето имаа листа од преку 100 бесполезни органи кај човекот (грешки во дизајнот), но како што напредуваше медицината таа листа рапидно почна да опаѓа и денес дури и крајниците и „слепото“ црево се сметаат за полезни и никој не ги вади освен при неизлечливи заболувања.
Не зезај?
Кои се тие 100 бесполезни органи кај човекот во листата од пред 100 години?
И како е слепото црево полезно?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
И како е слепото црево полезно?
До пред некое време се сметаше дека слепото црево е бескорисно и некои од типот на Bunk го изложуваа „слепото“ црево како една грешка на дизајнерот, како еден аргумент против Интелигентниот дизајн, а демек во подршка на Дарвинизмот.
Но истражувањата покажаа дека слепото црево не е баш слепо и дека е корисен орган во нашето тело. Една од неговите улоги е да ги врати "корисните бактерии" во организмот.

Читај повеќе: Слепо, но корисно!
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

А зошто интелигентен дизајнер би ја створил религијата и би рекол “И бидна религија. И виде дека не чини. И си замина да гледа сеир...“ ?!
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
До пред некое време се сметаше дека слепото црево е бескорисно и некои од типот на Bunk го изложуваа „слепото“ црево како една грешка на дизајнерот, како еден аргумент против Интелигентниот дизајн, а демек во подршка на Дарвинизмот.
Повторно забега со пропаганда, кажи ми како го оправдуваш горенаведениот пример со интелигентен дизајн, не го избегнувај прашањето.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Повторно забега со пропаганда, кажи ми како го оправдуваш горенаведениот пример со интелигентен дизајн, не го избегнувај прашањето.
Кој сум јас да го одговарам во името на Создателот? Зар јас му бев асистент во создавањето на човекот?
Сепак ќе ти кажам дека како што ти сега прашуваш за дизајнот на овој нерв, така и пред тебе други илјадници Дарвинисти прашуваа: Како го оправдуваш бесполезното слепо црево? Зошто Бог го создал така слепо и бескорисно? А сепак денес му открија неколку функции (а кој знае може има и уште, само не ги знаеме)
Така е и со овој нерв. Ти можеби си мислиш дека е погрешно така ставен, но можеби си има одредена (засега непозната) причина зошто е така поставен како што е поставен. Тоа што не знаеме ние денес, не значи и дека тоа е „грешка“. Мора едноставно да да спуштиме нашата интелектуална гордост и да признаеме дека не знаеме, како што не знаеме и милиони други детали за човекот и општо за природата што не опкружува.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Мора едноставно да да спуштиме нашата интелектуална гордост и да признаеме дека не знаеме, како што не знаеме и милиони други детали за човекот и општо за природата што не опкружува.
Не знаеме нели?
Ама за господ знаеш? Нели? И како и што и кога? Така?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Мора едноставно да да спуштиме нашата интелектуална гордост и да признаеме дека не знаеме, како што не знаеме и милиони други детали за човекот и општо за природата што не опкружува.
И затоа што не знаеме не треба никогаш да истражуваме и да поставуваме прашања? За среќа повеќето луѓе не ја имаат истата животна идеологија како и ти.

Сам си призна дека не знаеш, ме чуди како сеуште вербата ти останува силна и покрај очигледните дупки во твоето верување.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Кој сум јас да го одговарам во името на Создателот? Зар јас му бев асистент во создавањето на човекот?
Сепак ќе ти кажам дека како што ти сега прашуваш за дизајнот на овој нерв, така и пред тебе други илјадници Дарвинисти прашуваа: Како го оправдуваш бесполезното слепо црево? Зошто Бог го создал така слепо и бескорисно? А сепак денес му открија неколку функции (а кој знае може има и уште, само не ги знаеме)
Така е и со овој нерв. Ти можеби си мислиш дека е погрешно така ставен, но можеби си има одредена (засега непозната) причина зошто е така поставен како што е поставен. Тоа што не знаеме ние денес, не значи и дека тоа е „грешка“. Мора едноставно да да спуштиме нашата интелектуална гордост и да признаеме дека не знаеме, како што не знаеме и милиони други детали за човекот и општо за природата што не опкружува.
Прирачник за дебата на теистите правило број 32:
- Кога ќе се најдеш во небрано искористи ја картата "Само Господ знае зошто."

Само Господ знае зошто е the ultimate cop-out. Во очите на теистите дава изговор на секакво тврдење, без разлика колку е тоа нелогично, ирациоално или па само обична чиста глупост.

Како прво, појавата на слепото црево е добро објаснета во еволуцијата и фактот дека има некоја функција ниту ја поткопува еволуцијата ниту на ниеден начин не го поддржува креационизмот.

Како второ, стопати реков дека ларингијалниот нерв има функција. Единствено тој e непотребно долг и oди по непотребна полукружна патека. Еволуцијата совршено го објаснува ова, интелигентниот дизајн НЕ. Зошто интелигентен дизајнер би кружел толку многу кога можел да ги поврзе тие два органи кои се во непосредна близина? Да, јас знам зошто... Одговорот е 'само бог знае'... Ова навистина е cop-out extraordinaire. Ама не за тој кој размислува и поставува прашања.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Единствено тој e непотребно долг и oди по непотребна полукружна патека.
Од каде знаеш дека е непотребно долг?
Од каде знаеш дека oди по непотребна полукружна патека?
Од каде знаеш ти што е потребно, а што не?
И ако знаеш, тогаш зошто ти не дизајнираш еден човек а?

Зошто интелигентен дизајнер би кружел толку многу кога можел да ги поврзе тие два органи кои се во непосредна близина?
Затоа што заборавил да те викне тебе да му асистираш при дизајнирањето. Да си му асистирал ти, да си го тегнел за уши кога ќе згрешел, да си го поправал, да си му давал совети, е тек тогаш да видеше што човек ќе испаднеше - човек ипол, а можеби и два :)
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Од каде знаеш дека е непотребно долг?
Од каде знаеш дека oди по непотребна полукружна патека?
Од каде знаеш ти што е потребно, а што не?
И ако знаеш, тогаш зошто ти не дизајнираш еден човек а?

Затоа што заборавил да те викне тебе да му асистираш при дизајнирањето. Да си му асистирал ти, да си го тегнел за уши кога ќе згрешел, да си го поправал, да си му давал совети, е тек тогаш да видеше што човек ќе испаднеше - човек ипол, а можеби и два :)
Па има нешто нe знам дали си чул, се вика логика.

Тоа иде отприлика вака:

Растојанието помеѓу грлканот и мозокот е отприлика 10-20 центиметри. Нервот кружи цели 5 метра. Кај нивните предци рибите, овој нерв е прав па ти види.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295

Не сум доктор ни болничар, но ако си човек од медицината сигурно го знаеш одговорот за кој прашуваш.
Логика во медицината постои ако се откријат (иако сеуште постојат непознаници за одредени ткива и нивни развој, целосна функција и соработка со други ткива) сите функции на одредено ткиво, орган...па така и за овој нерв. Ако ја следиме еволуцијата, наводно шкргите исчезнале или на нивно место се јавиле тироидна и паратироидната жлезда, вратот се издолжувал (според Докинс) и затоа и се појавиле толку рецидиви од еволуционо постарите видови и конкретно толку долг нерв.

Споредбата на излишно долг пат на некои делови од човекот може да се поистоветат како споредбата на излишно долгиот пат на издувните гасови од моторот на колата (напред) до местото каде завршува ауспухот (назад). Зашто креаторите на возилата не ги дизајнираат ауспусите да стојат напред или одма испод првата грана на моторот? Дали биле некреативни или намерно прават грешки? Најверојатно има причина.

Според Анатомија на човековото тело:
As the recurrent nerve hooks around the subclavian artery or aorta, it gives off several cardiac filaments to the deep part of the cardiac plexus. As it ascends in the neck it gives off branches, more numerous on the left than on the right side, to the mucous membrane and muscular coat of the esophagus; branches to the mucous membrane and muscular fibers of the trachea; and some pharyngeal filaments to the Constrictor pharyngis inferior
Можеби следно прашање да претпоставам е за "неинтелигентниот, неквалитетен дизајн" на жлездата простата? Не можам да тврдам 100% дека постои одговор за се или дека не постои некоја макро, микро...еволуција (која најверојатно се разликува од онаа што се пропагира), но некои примери...одамна се бастед.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Споредбата на излишно долг пат на некои делови од човекот може да се поистоветат како споредбата на излишно долгиот пат на издувните гасови од моторот на колата (напред) до местото каде завршува ауспухот (назад). Зашто креаторите на возилата не ги дизајнираат ауспусите да стојат напред или одма испод првата грана на моторот? Дали биле некреативни или намерно прават грешки? Најверојатно има причина.
Не може да се поистоветат и да, има причина - се вика ЕВОЛУЦИЈА.

За овој нерв постои хронологија на развој кај видовите, особено помеѓу видовите.

Треба човек да има задна агенда или да е ирационално против еволуцијата за да си дозволи да шпекулира работи како тебе или Чорбаџија. Ги гледаш сликите. Знаеш што е риба, што е водоземец, рептил и цицач. Знаеш која е нивната позиција на дрвото на животот и каков е нивниот развој според ТЕ. Знаеш дека нервот може да се следи во неговиот развој. Ги имаш жирафата, газелата и кравата. Имаш анатомски прикази кои се факти.

За непотребната должината на нервот имаш објаснување кое идеално се вклопува во веќедокажаниот концепт на еволутивен развој. Чуму шпекулации? Оти „ама, не знам ја тоа дали...?“

Тоа е исто како да кажеш, абе телата навистина паѓаат накај земјата, ама може тоа уопште не е силата позната како гравитација - може дедо боже на секое пуштање ги притиска одозгора.

Можеш за све да кажеш дека е Господ, па да поминеш со тоа. Работата е дали твоето тврдење е рационално поткрепливо или све се сведува на недокажливиот концепт Бог.
 
Ама ти изгледа не читаш каква се функција има (ако воопшто нешто сфати од латинските изрази и функции во телото) тој нерв додека наводно бесцелно минува низ телото. Ништо не е бесцелно, прашање е колку си информисан.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Кој сум јас да го одговарам во името на Создателот? Зар јас му бев асистент во создавањето на човекот?
Сепак ќе ти кажам дека како што ти сега прашуваш за дизајнот на овој нерв, така и пред тебе други илјадници Дарвинисти прашуваа: Како го оправдуваш бесполезното слепо црево? Зошто Бог го создал така слепо и бескорисно? А сепак денес му открија неколку функции (а кој знае може има и уште, само не ги знаеме)
Така е и со овој нерв. Ти можеби си мислиш дека е погрешно така ставен, но можеби си има одредена (засега непозната) причина зошто е така поставен како што е поставен. Тоа што не знаеме ние денес, не значи и дека тоа е „грешка“. Мора едноставно да да спуштиме нашата интелектуална гордост и да признаеме дека не знаеме, како што не знаеме и милиони други детали за човекот и општо за природата што не опкружува.
Главната корист од слепото црево кај човекот е финансискиот бенефит за здравствените организации кои го наплаќаат неговото отстранување.

Да имаше некаква клучна улога, немаше да се отстранува така лесно. Ако ти ја извадат жолчката треба да внимаваш на внесувањето масти и на стресот.

Ако ти го извадат слепото црево - немаш апсолутно никакви последици по здравјето.

Престани да софираш и манипулираш.

Слепото црево одамна (ако воопошто некогаш било) не е предмет на дебата, особено не во корист на креационизнмот, пошто ниту тој може да му најде некаква функција. Се среќава единствено кај приматите, што уште еднаш ја потврдува нашата еволутивна врска. Не постои кај другите видови и од него човекот, шимпанзото, горилата или некои други мајмуни примати немаат посебен аир.

Истото важи и за прстите во перките на морските цицачи, за мускулите на нашите уши, опавчето кое го имаш на газот или ежењето на кожата кое ти се дешава секогаш кога ќе прочиташ дека сум те цитирал!

Човекот, како и останатите животни се ризница на еволуцијата. Ти можеш колку сакаш да тренираш гимнастика и бесрамно да копираш децении стари аргументи кои одамна се побиени. Мене не ме мрзи да ти одговарам

...а тебе нека ти се ежи кожата како на гуска, затоа што и со неа некаде далеку во историјата на животот на земјата имаш заеднички предок кој се кострешел кога му било страв од некој поголем и поопасен!
--- надополнето: May 31, 2011 9:59 AM ---
Ама ти изгледа не читаш каква се функција има (ако воопшто нешто сфати од латинските изрази и функции во телото) тој нерв додека наводно бесцелно минува низ телото. Ништо не е бесцелно, прашање е колку си информисан.
Го читав ова пред некоја недела на линк на reddit.com (слободно кликни - особено е интересен субредитот атеизам - наука исто така)
Не минува бесцелно. Минува близу до аортата заради тоа што кај првичните видови тоа бил најекономичниот пат. После милиони години еволуција, осовено кај жирафата, еволутивно нервот се продолжувал за да ја запази својата функција.

Читам ја. Дали читаш ти?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom