Кој сум јас да го одговарам во името на Создателот? Зар јас му бев асистент во создавањето на човекот?
Сепак ќе ти кажам дека како што ти сега прашуваш за дизајнот на овој нерв, така и пред тебе други илјадници Дарвинисти прашуваа: Како го оправдуваш бесполезното слепо црево? Зошто Бог го создал така слепо и бескорисно? А сепак денес му открија неколку функции (а кој знае може има и уште, само не ги знаеме)
Така е и со овој нерв. Ти можеби си мислиш дека е погрешно така ставен, но можеби си има одредена (засега непозната) причина зошто е така поставен како што е поставен. Тоа што не знаеме ние денес, не значи и дека тоа е „грешка“. Мора едноставно да да спуштиме нашата интелектуална гордост и да признаеме дека не знаеме, како што не знаеме и милиони други детали за човекот и општо за природата што не опкружува.
Главната корист од слепото црево кај човекот е финансискиот бенефит за здравствените организации кои го наплаќаат неговото отстранување.
Да имаше некаква клучна улога, немаше да се отстранува така лесно. Ако ти ја извадат жолчката треба да внимаваш на внесувањето масти и на стресот.
Ако ти го извадат слепото црево -
немаш апсолутно никакви последици по здравјето.
Престани да софираш и манипулираш.
Слепото црево одамна (ако воопошто некогаш било)
не е предмет на дебата, особено не во корист на креационизнмот, пошто ниту тој може да му најде некаква функција. Се среќава
единствено кај приматите, што уште еднаш ја потврдува нашата еволутивна врска.
Не постои кај другите видови и од него човекот, шимпанзото, горилата или некои други мајмуни примати
немаат посебен аир.
Истото важи и за прстите во перките на морските цицачи, за мускулите на нашите уши, опавчето кое го имаш на газот или
ежењето на кожата кое ти се дешава секогаш кога ќе прочиташ дека сум те цитирал!
Човекот, како и останатите животни се ризница на еволуцијата. Ти можеш колку сакаш да тренираш гимнастика и бесрамно да копираш децении стари аргументи кои одамна се побиени. Мене не ме мрзи да ти одговарам
...а тебе нека ти се ежи кожата како на гуска, затоа што и со неа некаде далеку во историјата на животот на земјата имаш заеднички предок кој се кострешел кога му било страв од некој поголем и поопасен!
--- надополнето: May 31, 2011 9:59 AM ---
Ама ти изгледа не читаш каква се функција има (ако воопшто нешто сфати од латинските изрази и функции во телото) тој нерв додека наводно бесцелно минува низ телото. Ништо не е бесцелно, прашање е колку си информисан.
Го читав ова пред некоја недела на линк на reddit.com (слободно кликни - особено е интересен субредитот атеизам - наука исто така)
Не минува бесцелно. Минува близу до аортата заради тоа што кај првичните видови тоа бил
најекономичниот пат. После милиони години еволуција, осовено кај жирафата, еволутивно нервот се продолжувал за да ја запази својата функција.
Читам ја. Дали читаш ти?