Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Готово. Нема веќе добри филмови. Ако ова не го претскажува крајот на една цивилизација, тогаш не знам што. Кај ви е креативноста бе, шабшали? Идеи нула, реализација испод нула. Дека ги крадеме филмовите, ги крадеме, ќе речеш немаме право да кукаме. А кога нема што да се украде? Нема ни што да се плати додуша, тоа го сватив во кино Рамстор откако на долгоочекуваниот Инсепшн заспав. Три пати. Да ви 'бам тоа неписмените, како деца кога се собиравме во маало имавме повеќе имагинација. Не убивте со глуми римејк филмови, приквели и сиквели, идиотски хумор, акциони квази херојчиња (оној Шиа ЛаБеоуф, со кого спие за улогите?), фотошоп актерки со нула способност за глума, моронски дијалози и 1000-ти копии од истиот хепиендинг. Ми го секирате Крејзи Појол без потреба, после не знае што збори...

И шо прајме сега? Ми здосади да збориме за стари филмови, тоа е како кога ќе го спомнеш Вардар па мораш да збориш за Панчев и Рингов, пошто времето застанало таму. Ин минтајм, сите добри серии ми ги укинуваат ненајавено а крајот на ЛОСТ ме фрли во тешка депресија. Куртулив дури кога случајно го видов спотот на К-15 Миле кај што вика: па што ако си паднал во депресија, замисли да си паднел у септичка јама... Него му ги отвориле очите, и он мене ми ги отвори, разбираш...

Ма да, јамата и не е така далеку. Крајот на светот го избегнавме неколку пати, ама кај да е ќе дојде, во форма на милион лоши филмови, од кои на сите ни се сере...

Кога ќе има нешто добро некој нека ми се јав,и по ПП.

Ја пак го имам спротивното чувство и сум на слатки маки кој филм попрво да гледам :) . Ја гледав пред некој ден листата на номинирани филмови на Канскиов фестивал и за око ми се фатија неколку. Ситуацијата надвор од Холивуд ич не е лоша има доста добри филмови, баш рагледај ги понудите по главниве фестивали сигурно нешто ќе најдеш . Холивуд веќе ни е одамна отпишан, за тоа ни муабет не ми се прави .
 
Ја пак го имам спротивното чувство и сум на слатки маки кој филм попрво да гледам :) . Ја гледав пред некој ден листата на номинирани филмови на Канскиов фестивал и за око ми се фатија неколку. Ситуацијата надвор од Холивуд ич не е лоша има доста добри филмови, баш рагледај ги понудите по главниве фестивали сигурно нешто ќе најдеш . Холивуд веќе ни е одамна отпишан, за тоа ни муабет не ми се прави .
Има нешто на саглам снимка?
 
Има нешто на саглам снимка?

За овие новиве уште не ,но за тие од прошла , претпрошла година сигурно има :) . На Псај му го предложив овој ,The Disappearance of Alice Creed,ваљда ќе ти се свиѓа , ако не барем женската во филмот ви е добра да се насладите :pipi:
 
На Псај му го предложив овој ,The Disappearance of Alice Creed,ваљда ќе ти се свиѓа , ако не барем женската во филмот ви е добра да се насладите :pipi:
овој ми е симнат од пред неколку месеци... не ми текнуе што како зашто сум го симнал ама треба да е добар :D
најверојатно од 4chan сум го видел
 
Најголем отров што можете да направите за да му го заебете филмот на човекот е со коментари од типот:

- Крајот е многу непредвидлив
- Крајот е предвидлив
- Филмот по се изгледа ке има продолжение, таков е крајот.
- Крајот не ми се бендиса
- Крајот беше многу жален
- Крајот беше многу интересен.

Сите вие што пишувате такви "рецензии" да знаете дека тотално му го уништувате филмот на луѓето и ништо друго. ОСТАВЕТЕ САМИ ДА СИ ГО ВИДИМЕ КРАЈОТ НА ФИЛМОТ. АМАН.
 
И кога ќе го изгледаш крајот, сваќаш дека ништо не разбрале, џабе си се нервирал :)
 
Ама глупо е.... Треба да се остават луѓето да си уживаат до крај во филмот.

Глупаво е ептен.
 
Знам ама оди разбери се...
 

Пошто доста критикувам во последно време да не испадне дека не правам ништо друго, еве ке дадам и некоја препорака од добри филмови што сум изгледал во последно време.

1. Kung Fu Panda :) http://www.imdb.com/title/tt0441773/
Не се шалам, цртанов е супер. Го гледав со машко/женско друштво и уживавме сите во филмов. Одличен за релаксација или за во друштво.

Се работи за панда што ке мава кунг фу. - Ете вака се пишува рецензија за филм, а не како ке заврши. Поради некои од вас тука на форумот незнам сега дали да го гледам (а планирав) Пиратите од Карибите последниот дел или Skyline пошто ми го раскажавте крајот. Фала ви многу.

2. Alien Autopsy http://www.imdb.com/title/tt0466664/

Филмов е сниман според вистинит настан, комедија за двајца типови кои што ке продаваат снимка на која се прикажува аутопсија на вонземјанин што се урнал во познатата Area 51. Добар и мрднат филм :)

3. Limitless http://www.imdb.com/title/tt1219289/

Имам еден другар што кога ке ми каже дека некој филм е добар, навистина е добар. (не ми е јасно само зошто го гледа и Хари Потер :) ). Но овој филм навистина вредеше. Се работи за еден тип што ке придобие некои способности. Трилер - научна фантастика - акција. Прва лига.

Толку од мене. И уште еднаш ве замолувам да не се посирате со рецензиите, не е работата на човек да му го раскажеш цел филм или дека ке завршел незнам неочекувано или незнам што. Оставете ги луѓето сами на раат да си уживаат.

Поздрав.

Искрено, параглајдер ни ова твоево не е рецензија туку е една реченица со кратка содржина. Многу посодржаен пост треба да напишеш за да можеш да го градираш твоето како подобро од останатите.
А за ова околу крајот. Аман бре, зар сериозно ако некој пише крајот е неизвесен тоа тебе ти го уништува? Не знам што да кажам на ова освен дека си филмски Саи Баба во тој случај.
 
Искрено, параглајдер ни ова твоево не е рецензија туку е една реченица со кратка содржина. Многу посодржаен пост треба да напишеш за да можеш да го градираш твоето како подобро од останатите.
А за ова околу крајот. Аман бре, зар сериозно ако некој пише крајот е неизвесен тоа тебе ти го уништува? Не знам што да кажам на ова освен дека си филмски Саи Баба во тој случај.

хммм..... http://en.wikipedia.org/wiki/Sathya_Sai_Baba

Значи овој бил Саи Баба. Незнам дали ликов гледа филмови од 5 годишна возраст, има моментално 27 години и не ужива во гледање на крај на филм кога некој веке му рекол дека крејот ке биде "неочекуван". Фактички го гледаш филмот и знаеш веке како ке заврши, свакаш?

Режисерот сакал да те изненади со неочекуваниот крај и да го направи филмот интригантен со некаква интересна завршница. И сето тоа што ја чини убавината кај еден филм како на пример "неочекуван крај", елементот на изненадување тебе ти е уништен поради некој палјачо што ти кажал дека филмот има "неочекуван крај" и мисли дека кажал нешто многу паметно, а уствари го направил филмот што го препорачува предвидлив, а со тоа и многу по неинтересен. Ми ја разбираш поентата?

Тоа е исто како да ти приредуваат изненадна роденденска забава, и некој роднина да ти се јави дента да ти каже дека се спремаат да те изненадат вечерта, разбираш?

Доколку и Саи Баба се нервирал кога ке му кажат каков крај на филм да очекува кога го гледа тогаш сум дефинитивно ист како него.

Поздрав.

п.с. Не градирам, не споредувам, не филозофирам и не оценувам многу во темата. Само препорачувам филм, кажувам што жанр е, накратко за што се расправа и крај. Бар мене повеке не ми треба да знам, пошто ке ми го расипат впечатокот.

Има додуша и некои многу фини и долги рецензии (не како моите) кои што ми се допаѓаат. Како рецензиите на IoSonoInterista (без улижување, едноставно така е), и чат пат на некој друг корисник што знае да напише многу за еден филм без да открие нешта што би ти го расипале филмот.

Кратко и јасно кажано - остај ги луѓето нека си уживаат и не им кажувај што и како се случува во филмот.
 
не е за тука ама морам да си кажам
не се дупнав од симињање филмови задњиве 2 дена... не!
не сум ја крив 250gb шо дадоа ти хоум
mv5i4p.png
 
@Anon

Добар избор на филмчиња...само Соларис, боље глеј го оригиналот од Тарковски ;)
Го видов на листата Angel Heart...уште еден одличен хорор-трилер како него, ако не ти е гледан - Jacob's Ladder (y)
 
еве ја листата по која одев... одамна ја имам, не знам од каде па се решив веќе еднаш да симнам се
тие што ги нема на торентот значи веќе сум ги имал симнато :)

1292547351443.gif
 
Се гледа дека некој со добар укус ја праел листава ...:) Ќе се изнаглеаш интересни и квалитетни филмчиња. (y)

Го има Jacob's Ladder :) a и другиов од Тарковски - Stalker...
...само не знам што ги стаиле и Vanilla Sky и Open Your Eyes, пошто Vanilla Sky е (потпуно ист и непотребен) римејк на Open Your Eyes.
Visitor Q од Т. Мике, да те предупредам, бајги гаден филм!
Овој краткиов, францускиов La Jetee од 1962 го предложив у темана кратки филмови ама никој не ме ни рецнал изглеа :); според него е направен 12 Monkeys.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom