RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Jacob's Ladder
Филмов ми го предложија дури тројца форумџии и воопшто не згрешија што ми го предложија, ептен ме бендиса. Тоа ме потсети дека и јас треба да го предложам, зашто не смее да се пропушти. Барајќи филм со Тим Робинс наидов на неочекувано добар филм, кој искрено не ни знаев дека постои додека не ми го предложија ( тенк ју вери мач инаку за предлогот).Ова е филм од старата филмска школа. Вакви филмови денес веќе не се прават. Ова е време на римејк - филмови, затоа чисто се сомневам дека освен добра драма и трилер новата холивудска продукција може да произведе ваков психолошки филм кој сериозно ќе ве замисли. Уште од старт да ве предупредам да не му го барате крајот, а богами ни почетокот. Само гледајте, зашто дури последната сцена ќе ви покаже што всушност се случува. Некако се сомневам дека некој би го предвидел текот, а камоли пак крајот.
Инаку изведбата на Тим Робинс е феноменална. Човекот го има оној симпатичен лик со кој не може да не сочувствувате. Секогаш кога го гледам на екран кај мене го предизвикува истото чувство, на симпатија и емпатија. Мислам дека може да глуми психопат и пак ќе го предизвика истиот впечаток (барем кај мене). Ова е навистина добар актер. Не ги сакам неговите филмови заради него, туку го засакав него заради неговите филмови. Робинс во филмов е војник кој се борел во Виетнам и одненадеш почнуваат да му се случуваат чудни работи кои не може да си ги објасни. Единствената асоцијација која кога ќе се спомене Виетнам се секако траумите кои ги доживеале војниците, а кои се причинител на нивниот стрес. Меѓутоа, оваа приказна е сосем нетипична кога станува збор за војничкиот синдром, зачинета е со теорија на заговор која е толку замрсена, што гледачот на моменти се прашува што е реално, а што резултат на сон или халуцинација.
Ова е одличен филм за луѓе кои сакаат филмови со психологија и мистерија.