Македонска Втора Лига

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
Резултати денешни знае некој?
Охрид 2004 - Новаци (1-0)
Дрита - Охрид Лоте (5-1)
Еуромилк - Влазними (2-1)
Тиквеш - Влазерими (2-1)
Локомотива - Миравци (2-1)
11 Октомври - Ринија (1-1)
Беласица - Цементарница (1-1)
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Ај табела од денеска ако има некој нека постира :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе чекај не ми е јасно.Оваа Беласица планира да влегува или не .:)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.069
Поени од реакции
74.744
1. 11 Октомври 51
2. Охрид 2004 50
---------------------------------------------Бараж
3. Тиквеш 45
4. Миравци 40
---------------------------------------------
5. Беласица 40
6. Ринија 36
7. Еуромилк 34
8. Дрита 32
9.Локомотива 27
10. Охрид Лоте 26
11. Влазерими 24
--------------------------------------------- 3 Лига
12.Влазними 22
13. Цементарница 20
14.Новаци 19

Ќе биде интересна борбата до крајот за послесдното место кое води во баражот.
Миравци претпре пораз на гостувањето во Лисиче, но тоа не го искористи Беласица која изигра само 1-1 дома со Цементраница која тешко дека може да се спаси...
Викендов Белаисца го тепала Миравци многу среќно со играч помалку, а и претходно коло со играч помалку по негатива од 0-2 го тѕепаше Влазними. Доста чудно, а денес играат само 1-1 со Цементара...
Тиквеш скоро си го осигураше третото место кое му носи бараж со Скопје и се надевам дека ќе ги истолчат....
Охрид 2004 со победата над Новаци е само бод до официјализација на влегувањето во првата лига, а по ова коло 11 Октомври и официјално е нов прволигаш. Секако Охриѓани скоро сигурно ќе бидат втори...
Следно коло е:
Белсаица-Охрид 2004
Цементарница-Локомотива
Миравци-Еуромилк
Влазними-Тиквеш
Влазерими-11 Октомври
Ринија-Дрита
Охрид Лоте-Новаци

И последното коло:
Новаци-Ринија
Охрид 2004-Охрид Лоте
Дрита-Влазерими
11 Октомври-Влазними
Тиквеш-Миравци
Еуромилк-Цементарница
Локомотива-Беласица

Ќе бидсе интересно во борбата на дното и во борбата за четвртата позиција. Беласица има теѓок меч дома со Охрид 2004, додека Миравци милион посто го добива Еуромилк. Но во последно коло идат кај Тиквеш кој пак ако киксне следно коло, може и да стравува за третото место бидејчќи со две победи на Миравци, они ќе бидат трети, а Тиквеш дури може и да извиси ако Беласица ги тепа и двете. Но се тоа е малику веројатно...
Беласица има многу тешко гостување во последното коло и не ми се верува дека ќе ја победат Локомотива којна е доста засилена, и би требало да победи во последно коло и со тоа да си го загарантира опстанокот...
Мислам дека сега Лисиче откако се спаси, во последно коло ќе им ја даде на Цементарците пошто мислам дека се во добра релација тие два тима...
Цементара има и директно дерби со Локомотива викенсдов. Сепак и со 6 бода на своето конто тешко дека би стигнале некого од екипите кои имаат по 24 бода...
Интересно ќе биде кој од Влазерими и Влазними ќе биде третиот патник во трета лига :)
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Ќе им ја даде на к...в.. првата така им ја дадоа сега го јадат. Лисиче никад не местеле домашни утакмици! :) Али затоа на гости сите ги продадоа :) ..
 
Член од
28 ноември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
5
2 црвени картони за Ринија и примен гол во 90+ мин. од офсајд :tapp: Која намештаљка...
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
На Беласица не им бил признаен чист гол на натпреварот со Цементара. Топката ја поминала гол линијата но помошниот судија не видел и рекол да продолжи играта.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.069
Поени од реакции
74.744
Важни победи на Беласица и МНиравци денеска. Беласица го совлада Охрид 2004 со 3-2, додека Миравци славеше дома со Еуромилк. До важна победа дојде и Тиквеш, кој сега има амбиции и директно да влезе. Но не верувам да се случи тоа бидејќи во последното коло 11 Октомври има лесен меч дома по кој му треба само бод, а Охрид 2004 игра со Охрид Лоте на кого не му значи ништо утакмицата па милијарда посто ќе им ја дадат :)
И на дното се расчистија сиоте дилеми и Влазними, Цементара и Новаци се нови третолигаши...

Белсаица-Охрид 2004 3-2
Цементарница-Локомотива 0-0
Миравци-Еуромилк 2-0
Влазними-Тиквеш 1-2
Влазерими-11 Октомври 2-1
Ринија-Дрита 2-1
Охрид Лоте-Новаци 3-0


1. 11 Октомври 51
2. Охрид 2004 50
---------------------------------------------Бараж
3. Тиквеш 48
4. Миравци 43
---------------------------------------------
5. Беласица 43
6. Ринија 39
7. Еуромилк 34
8. Дрита 32
9. Охрид Лоте 29
10.Локомотива 28
11. Влазерими 27
--------------------------------------------- 3 Лига
12.Влазними 22
13. Цементарница 21
14.Новаци 19
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
Интересно:
ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=7&id=31419

Фото : Пројковска ги спасуваше кумановските судии на мечот Охрид Лоте- Новаци

Четвртиот судија на мечот Охрид Лоте - Новаци 3-0, Пројковска Ивана ги спасуваше кумановските судии од нападот на тренерот на “жолтите“ Борче Јованоски.

Тренерот на Новаци, Јованоски Борче беше отстранет од теренот во 26 минута на натпреварот поради неспортско однесување кон главниот судија, а ФФМ го казна со забрана на вршење на секаква функција во фудбалскиот спорт во траење од 2 (два) првенствени или куп натпревари.


© 2011 Ohridnews.com
26.05.2011 10:39 Прочитана е : 533 пати
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.069
Поени од реакции
74.744
Драма во борбата за последната позиција во баржот :)
Класично беласица каснела 15 минути на дуелот во Карпош со Локомотива со цел да го знаат резултатот од Кавадарци од дуелот Тиквеш-Миравци. До 91-та минута двата меча биле со резултат 1-1, а тогаш Миравци дал гол за 1-2, додека во исто време од пенал Локомотива ја добива Беласица и ги уништиа сите нејзини надежи за првата лига. Миравци е четвртиот патник во баражот и противник на екипата на Скопје.
Цементарница, Новаци и Влазними се селат во третата лига...
Новаци-Ринија 1-0
Охрид 2004-Охрид Лоте 3-2
Дрита-Влазерими 4-1
11 Октомври-Влазними 6-1
Тиквеш-Миравци 1-2
Еуромилк-Цементарница 2-2
Локомотива-Беласица 2-1

1. 11 Октомври 54
2. Охрид 2004 53
---------------------------------------------Бараж
3. Тиквеш 48
4. Миравци 46
---------------------------------------------
5. Беласица 43
6. Ринија 39
7. Дрита 35
8. Еуромилк 35
9.Локомотива 31
10. Охрид Лоте 29
11. Влазерими 27
--------------------------------------------- 3 Лига
12.Новаци 22
13. Цементарница 22
14.Влазними 22

Пред 5 000 гледачи 11 ктомври ја прослави титулата првак во втората лига и за прв пат влегува во првата лига. Охрид 2004 после којзнае колку години се враќа во врвот на македонсмкиот фудбал. Во баражот играат Тиквеш-Напредок и Миравци-Скопје.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Мамицу им на тие Скопје ќе остануваат излеа у прва лига..... Миравци мислам нема да имаат пари за у прва.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.069
Поени од реакции
74.744
Мамицу им на тие Скопје ќе остануваат излеа у прва лига..... Миравци мислам нема да имаат пари за у прва.
Не се сакаат баш овие две екипи, така да може да биде жустро. Кога играа пред некоја година во Миравци се скапаа од ќотек :)
Само како што викаш не ми изгледаат миравци како тим со голема амбиција за влез во прва лига, но ќе оставиме да видиме што ќе се случува :)
 

proud_89

Legenden sterben nie!
Член од
17 јануари 2011
Мислења
147
Поени од реакции
87
Не се сакаат баш овие две екипи, така да може да биде жустро. Кога играа пред некоја година во Миравци се скапаа од ќотек :)
Само како што викаш не ми изгледаат миравци како тим со голема амбиција за влез во прва лига, но ќе оставиме да видиме што ќе се случува :)
Па колку што се слуша навака натака Миравци сигурно ќе сака да влезе во прва лига, а таму на нивен терен кажуваат дека било жустро кон гостински играчи и судии.
Иначе Охрид како што кажа погоре после 17 години е во прва лига.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669


:)

Инаку, кога се игра баражот ?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.069
Поени од реакции
74.744
На 8 Јуни треба да бидат, ама нема ни да ги има :)
Миравци и Тиквеш ќе влезат во проширената лига со 16 екипи, а ниту од втора лига нема никој да отпадне...
И втората лига би требало да има 16 екипи следна година, па бидејќи никој нема да отпадне од втора ниту пак од прва лига, следната година би требало во втора лига да настапуваат:
1.Беласица (Струмица)
2.Ринија (Гостивар)
3.Дрита (с.Боговиње)
4.Еуромилк (с.Горно Лисиче)
5.Охрид Лоте (Охрид)
6.Локомотива (Скопје)
7.Влазерими (Кичево)
8.Новаци (с. Новаци)
9.Влазними(Струга)
10.Цементарница (Скопје)
11.Македонија Ѓорче Петров (Скопје)
12.Маџари Солидарност (Скопје)
13.Руфеја (с.Милетино)
14.Кораб (Дебар)
15.Осогово (Кочани)
16.Победа Јуниор (Прилеп)/Бабуна (с.Мартолци) (во зависност од тоа кој ќе финишира прв. Имаат директен дуел во Прилеп, а Победа само со пораз може да биде загрозена. Им давам 5% шанси на бабуна дека до крај би биле први во трета лига југ).

Ако нема проширувања тогаш лигата би изгледала вака:
1.Вардар(Скопје)
2.Пелистер (Битола)
3.Скопје (Скопје)/Миравци (с.Миравци) (поразениот од овој бараж дуел)
4.Напредок (Кичево)/Тиквеш (Кавадарци) (поразениот од овој бараж дуел)
5.Беласица (Струмица)
6.Ринија (Гостивар)
7.Дрита (с.Боговиње)
8.Еуромилк (с.Горно Лисиче)
9.Охрид Лоте (Охрид)
10.Локомотива (Скопје)
11.Влазерими (Кичево)
12.Македонија ЃП (Скопје)/Маџари Солидарност (Скопје) (бараж за победниците од група А и Б на северот)
13.Руфеја (с.Милетино)
14.Кораб (Дебар)
15.Осогово (Кочани)
16.Победа Јуниор (Прилеп)/Бабуна (с.Мартолци) (во зависност од тоа кој ќе финишира прв. Имаат директен дуел во Прилеп, а Победа само со пораз може да биде загрозена. Им давам 5% шанси на бабуна дека до крај би биле први во трета лига југ).

Сепак поверојатна е варијантата со проширувањето. Па дури се очекува и бројот на второлигашки екипи да се зголеми на 18 или 20 со што покрај победниците во треттите лиги, шанса за втора лига би добиле и второпласираните преку меѓусебни бараж дуели...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom