- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- evangelos.blog.mk
Ако под вера подразбираш нешто толку широко, како верување во одредеден збир на ставови, тогаш се е вера.
Точно така. Сите верници (и теистите и атеистите и деистите и агностиците итн) почнуваат од еден ист темел - верата. Од овој темел некои пробуваат да избегаат или да го заобиколат (за да не бидат наречени верници) и повеќе сакаат да се китат со зборовите дека тие се научници, дека тие не веруваат туку дека ЗНААТ, но тоа е илузија, заблуда. Дури и кралицата на науките, најегзакната наука -математиката сите свои теореми ги темели на аксиоми кои по дефиниција се тврдења кои не можат да се докажат и конвенционално се земаат за вистини преку вера. Ако не ми верувате, земете учебник по математика од 5то одделение и прочитајте ја дефиницијата за аксиомата.