Пописот 2011 и верска припадност

  • Креатор на темата Креатор на темата Атеист
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе се изјасните за својата вероисповед

  • Да

    Гласови: 110 85,9%
  • Не

    Гласови: 18 14,1%

  • Вкупно гласачи
    128
Статус
Затворена за нови мислења.
тоа ќе се изјаснам на пописот, инаку не сум се определила ни за вера ни за националност, беќе ги имам од раѓање.

Определба не може да биде вродена...тоа барем е јасно, нели...

Нема срамење од своето потекло и определба.

Значи се определил некој за тебе и ти сега се гордееш со тоа.
А со што поточно се гордееш?
Бидејќи националната и религиска определба се тотални, како на пример кога навива некој за Ливерпул, нема тука јаки се оваа сезона затоа навивам, или си за нив или не си...и кога победуваат и кога губат и кога се прваци и кога се борат за опстанок...
Да појаснам...определба и идентификација со една група значи и определба “за“ и идентификација со се она кое сите припадниците на таа група го прават.
Значи дичење со Пандев кога ќе даде гол, Симон Трпчевски кога свири на пијано, Милчо Манчевски со филмовите,Петар Наумовски со тројките, но и Шеќерко со давењето старици по влезови, Лазе со пезетката и лешевите во гепек, мито, корупција, клептократија, неписменост, паразитизам невиден во планетарни размери (бројот на лица на државна цицка) , простотилак, кукавичлук и сеопшта апатија, предавства и се и сешто во општата канализација од последниве 20 години, а секако и пред тоа, но да го ограничиме дичењето и срамењето на разумен временски период...:)

Истото важи и за религиската припадност, ако се идентификуваш како припадник на една религиска група (МПЦ,Суни,Католичанство,Адвентизам...) ти ја делиш идентификацијата со сите останати кои се декларираат и перцепираат како такви, нема тука исклучок.

Па сега...види си ти која си и шо си...:vozbud:
 
da da, toa go vidov, no ne mi deluvash voopshto taka... znaesh malku me iritiraat lugjeto kako tebe koj ateizmot go pravat vo vid na religija so nekoj posebni nachini na zivot...

Ти мене воопшто не ми делуваш на христијанин, повеќе ми личиш на навивач, но нејсе.
А атеизмот не е религија, ниту бил, ниту пак јас го подразбирам така. Ниту пак има некаков посебен начин на живот. Не знам ако мислиш дека отсуството на посети во црква е „посебен начин на живот“.
 
Па на попис те прашуваат вероисповед а не вера.Без вера нишо не праиме.

Тоа е исто. Веро-исповед = Исповедање на верата. Ако мојата вероисповед е „христијанин“, тоа значи дека јас исповедам дека мојата вера е христијанин.

--- надополнето ---

Можете да се пишете како атеисти ?

Се разбира дека можат. И тоа е вероисповед.
 
ТИе не сметаат дека атеизмот е веросиповед:helou:
Тие сметаат дека неверата во ниеден од 5000 богови што ги набројуваат не е вероисповед.
Ама верата во тоа дека не постојат 5000 богови не се вика верба туку се викало "рационално однесување", кое сите останати го немаат сеуште "спознаено". :toe:
 
Мики, немој по стапките на Чорбаџијата, него одамна му е загарантирано место во Адот.

За последен пат, атеизмот не е вера. За да биде вера, потребен е Бог и задгробен живот. Без тоа, ниту едно животно учење не е вера. Затоа и многу теоретичари имаат проблем будизмот да го стават во групата вери...

Ајде малку за промена да мислиме, а?
 
Јас само малку ги превртев зборовите како што мене ми одговараат и добивам нешто сосема друго за атеизмот.:helou:

А за променаајде: ако Атеизам е имање цврст став за непостење на било каков бог, како е поткрепен и со што тој став ќе веројатно остане енигма во наредниот период.

Не мора да одговараш на тоа врз што го поткрепуваш тој став, немам намера ниту потреба веќе од дискусија на ваков апстрактен тип прашања.:smir:

Едноставно почитувам тоа што верувач во вистинитоста на тој став и го прифаќам како релевантно твоето мислење.
Иако веројатно многу од вас декларираните атеисти би се нашле себе си и во скептицизмот, апатеизмот итн.. или можеби грешам?
 
За последен пат, атеизмот не е вера. За да биде вера, потребен е Бог и задгробен живот.

Верата е убедување и не е строго врзана со Бог. Ти можеш да веруваш дека еден стол е исправен и со вера да седнеш на него верувајќи дека нема треснеш на земја. И тоа е вера. Откако ќе седнеш, ќе престанеш да веруваш.
Ти можеш да веруваш дека Универзумот е бесконечен или дека е конечен. Тоа не можеш никога и никако рационално или научно да го докажеш. И тоа е вера.
Ти можеш да веруваш дека со смртта престануваш да постоиш, а можеш да веруваш и дека ќе продолжиш да постоиш во некоја друга форма на постоење. И тоа е вера.
Ти можеш да веруваш дека си само материја (протони, неутрони, електрони и сл.), а можеш да веруваш дека имаш и духовна димензија. И тоа е вера.

Атеистите веруваат дека Бог не постои, атеистите веруваат дека Универзумот е случајно настанат (со случајна рекомбинација на материјата и енергијата), дека нема план, нема дизајн, нема цел. Атеистите веруваат дека животот исто така е привидно „жив“ и дека и тој е случајна рекомбинација на мртвата материја, дека и тој нема интелигентен план, дизајн, смисла, цел.
Атеистите веруваат дека со смртта завршува нашето постоење.
Атеистите веруваат дека моралот е релативен, измислен од човекот, врзан со одреден народ, култура, време, дека не постои апсолутен морал, не постои морален авторитет и сл.
Атеистите веруваат. Атеистите се верници. Атеизмот е вера.
 
Ако под вера подразбираш нешто толку широко, како верување во одредеден збир на ставови, тогаш се е вера. Но на тој начин поимот вера станува толку широк, што губи секакво значење.

Атеизмот не е религија, е поточната формулација на она што сакав да кажам, и тебе тоа ти е многу јасно...
 
Грипот се лечи, патриотизмот малку потешко :toe:

И што е лошо да си патриот? И болеста ли е поарна од патриотизмот? Лупање на празно..Ако чувствуваш припадност и склоност спрема една нација,тоа ли е страшно?
Која извитоперена пропаганда се шири низ форумов,чудо !
 
Едноставно почитувам тоа што верувач во вистинитоста на тој став и го прифаќам како релевантно твоето мислење.
Иако веројатно многу од вас декларираните атеисти би се нашле себе си и во скептицизмот, апатеизмот итн.. или можеби грешам?

Во апатеизмот па и во пантеизмот можеби би се нашле некои (далеку од повеќето) меѓутоа не би пишувале по форуми нели? А во скептицизмот секој атеист ќе се најде но не во бог туку во науката. Науката не би ни постоела ако не е скептицизмот.

--- надополнето ---

И што е лошо да си патриот? И болеста ли е поарна од патриотизмот? Лупање на празно..Ако чувствуваш припадност и склоност спрема една нација,тоа ли е страшно?
Која извитоперена пропаганда се шири низ форумов,чудо !

Дали ти прочита што е темава? Само да се лупало по форумов. Чудо и тоа над чудата.
 
Тоа е исто. Веро-исповед = Исповедање на верата. Ако мојата вероисповед е „христијанин“, тоа значи дека јас исповедам дека мојата вера е христијанин.

--- надополнето ---

Се разбира дека можат. И тоа е вероисповед.

Како може атеизам да е вероисповест? Кајко може теорија која негира религија и бог,да се сврсти во иста колона со вера.. Ако кажеш : Човекот не е мајмун,ќе можеш ли после да го ставиш во класата на мајмуни ..шимпанзо,орангутан..човек.. Никаква логика нема тука
 
Атеистите веруваат дека Бог не постои, атеистите веруваат дека Универзумот е случајно настанат (со случајна рекомбинација на материјата и енергијата), дека нема план, нема дизајн, нема цел. Атеистите веруваат дека животот исто така е привидно „жив“ и дека и тој е случајна рекомбинација на мртвата материја, дека и тој нема интелигентен план, дизајн, смисла, цел.
Атеистите веруваат дека со смртта завршува нашето постоење.
Атеистите веруваат дека моралот е релативен, измислен од човекот, врзан со одреден народ, култура, време, дека не постои апсолутен морал, не постои морален авторитет и сл.
Атеистите веруваат. Атеистите се верници. Атеизмот е вера.

Друго е вера друго е знаење. Атеистите знаат дека бог не постои и дека по смртта престанува нашето постоење и дека моралот е човечка категорија.......
Верникот верува и се надева дека по смрта ќе одлепрша на небо каде ќе го пречека насмеан Исус со хор на ангели низ златни порти ќе влезе во рајот...
Значи категорија ВЕРУВАМ и ЗНАМ не е иста.
 
Сето друго ти е безвезно како став, и самиот го знаеш тоа но твојата професија ти налага за зборуваш така. Ќе се осврнам само на болдираното, е тотална грешка и твоја намерна манипулација. Пошто те знаеме си невиден манипулатор.
Атеистите не веруваат.
Повеќе јас би рекол дека таканаречените верници, како тебе се всушност неверници (во суштина и сте)

Не верувате дека не постои бог
Не верувате дека сем плански може да се случуваат работите
Не верувате дека не постои рај и пекол
Не верувате дека земјата е постара од 6000 год. ......... и тн

Значи во суштина вие сте поголеми неверници, не знам зошто се нарекувате верници.
 
Слушам на пописов ќе имало и попишување кој е за кој е против за обединување на Македонија :vozbud:

11294407639.jpg
 
Друго е вера друго е знаење. Атеистите знаат дека бог не постои и дека по смртта престанува нашето постоење и дека моралот е човечка категорија.......
Верникот верува и се надева дека по смрта ќе одлепрша на небо каде ќе го пречека насмеан Исус со хор на ангели низ златни порти ќе влезе во рајот...
Значи категорија ВЕРУВАМ и ЗНАМ не е иста.

Повторно игра на зборови. Ти ВЕРУВАШ ДЕКА ЗНАЕШ се што наброја за смртта и после неа. А дали навистина твоето знаење е на толкаво ниво тоа е е дискутабилно.
Не ја врти топката дека категоријата Знам и Верувам е различна. Туку тоа што ти го велиш знаење дали е навистина знаење или само верба дека е знаење.

И јас ЗНАМ дека Милан е подобар од Јувентус. Ама ....

--- надополнето ---

Сето друго ти е безвезно како став, и самиот го знаеш тоа но твојата професија ти налага за зборуваш така. Ќе се осврнам само на болдираното, е тотална грешка и твоја намерна манипулација. Пошто те знаеме си невиден манипулатор.
Атеистите не веруваат.
Повеќе јас би рекол дека таканаречените верници, како тебе се всушност неверници (во суштина и сте)

Не верувате дека не постои бог
Не верувате дека сем плански може да се случуваат работите
Не верувате дека не постои рај и пекол
Не верувате дека земјата е постара од 6000 год. ......... и тн

Значи во суштина вие сте поголеми неверници, не знам зошто се нарекувате верници.

Хехе одлично. Верниците станаа неверници. Атеистите станаа верници. Ах таа граматика, синтакса, семантика, знаење....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom