Има повеќе причини кои би можеле да се групираат во три групи: воено-тактички , оние поврзани со неговото божествено потекло и оние својствени за неговата личност.
Некои сигурно имаат поголем удел, друг помал, некои се поверојатни други пак помалку.
1.
- Имал таква филозофија на војување (успешна и тоа), дека кралот треба војската да ја води на терен (на чело), а не отстрана од каде што многу потешко би можел да ја контролира и да и влијае на неа со своите интрукции. За ова пишува Плутарх.
- Бил воспитан да биде воинствен. Растел на бојното поле. Филип уште додека бил мал го носел на бојното поле, а како 16годишен му давал да раководи со делови од војската.
- Со тоа што бил на чело им го кревал моралот (и храброста) на војниците, а Александар повеќе пати со своите постапки има покажано дека моралот на неговите војници му е многу важен. Велат храброста е заразна.
2.
- Според пророштвото во Делфи верувал дека не може да биде победен, па немало од што да се плаши.
- Според некои Александар верувал дека е син божји. На некои од неговите другари тоа и им пречело. Плутарх имплицира дека Зевс му е татко (сонот за грмотевицата) и дека мајка му му ја наполнила главата со такви приказни.
- Во Египет го прогласиле за син на Амон Ра и божество на земјата. Според легендата прапотомок на кралската династија е Херкул којшто пак е полубог.
3.
- Бил суетен. Не сакал војската самата да ја освои победата, додека тој стои отстрана (исто како што не сакал неговата победа да и се припише на ноќта)
- За него една од најголемите вредности којашто човек може да ја има била храброста. А како човек најдобро би ја покажал својата храброст ако не на чело на војската.
- Според некои бил суицидален. Според други пак бил желен за крв и убиства. Навистина Александар неколку пати гневот го обземал толку многу што убивал на големо (пр. племето Косејци)
...