На Барса одбрана може да и игра само Италијанска екипа. Тоа е факт! Глејте Интер со која леснотија лани се справуваше. Па ја толку немоќни ги неам видено мисириве од кога ги избушивме ние во 2008! Ако Ферги ја искористи истата тактика како во 2008 на Ноу Камп финалево ќе биде ултра досадно. Затоа се надевам дека ќе тргне со сите сили кон победа па нека биде шо биде. Грешката од финалето е играњето на Андерсон место Тевез. Верувам дека сега нема да направи таков бед Серот.
Ќе биде одлично ако Рафаел игра бидејќи само он може да го чува Иниеста или Виља. Евра некако ми е паднат у форма, ама веруам дека може да се соземе до 28. Е сега централните, како и секогаш мора да бидет екстра претпазливи и квалитетни,а сега посебно ме радува тоа што расен напаѓач како Ето немаат. Видич е поискусен и постабилен, Рио како и секогаш е генерал.
Следува најголемата грижа за мене кај Јунајтед, средниот ред. Знаеме сите дека таму се добива утакмицата и затоа е круцијално да изиграат без ниедна грешка. Нешто што сметам дека не е можно земајќи го во предвид Керик. Работата со Керик е што он игра само кога му е дадено време со топката. Кога е под константен пресинг најдоброто шо може да го направи е да ја врати или на централните или да ја испуца у аут демек му ја подаал на Валенсија. Што за мене е доста фрустрирачки кога го имам гледано, а го имам мн гледано во таа ситуација. Чист пример со Јаја Туре у полуфиналето. Би било добро Флечер ако биде фит за финалето бидејќи дава една огромна трчачка предност за разлика од останатите. Останатиот играч во средината, зависно од Флечер нели, ќе биде или Гигс или Парк со тоа што ако Гигс игра средина место Флечер, Парк ке оди на крило и обратно. Валенсија ке игра десно кај (ваљда) Абидал нешто што мора да се искористи со оглед на тоа што Реџи Џексон е пеколно брз.
Лево ќе биде или Гигс или Нани(бидејќи мора да се има барем еден професионален дајвер)
Е сега правејќи ја оваа формација има место само за еден шпиц, нешто што Фергусон не го направил веќе 2 месеци бидејки константно игра со Руни и Чича! Ама не верувам дека ке се реши да игра со два напаѓачи со оглед на важноста на утакмицава.
Интересна формација исто така е 4-2-3-1 со тоа што Флеч и Керик ке бидат у holding midfielders позициите и константно ќе трчаат по Меси и Чави, притискајќи ги на своја половина и да го играат нивниот тики-таки фудбал со Валдез заедно.
Не смее да им се дозволи да развијат течност на играта и макета на тоа што следува после таа течност. Евра и Рафаел ќе притискаат напред со цел да се негира ефективноста на Алвес и Абидал/Адриано по тие бековски позиции. Клучно е Меси да биде толку добро маркиран што ке остане на Алвес константно да набацува во наш 16 тник, игра која тотално ни одговара со оглед на кулите што ги поседуваме. Сега факт е дека Барса ке имаат посед повеќе, ама круцијално е тој посед да го имаат каде што не се опасни.
Исто така физичкиот пристап мора да ни биде на ниво и без грешка. Постојат фаули во фудбалот кој можат ептен да исфрустрираат играч, а да не види судијата (чист пример Ван Бомел со Мота). Видовме со Реал дека може мн лесно да се исфрустрираат тие играчи, но проблемот беше што тие немаат доволно дисциплинирани играчи за да го постигнат тоа. Побогу Керик и Флеч не се прости као Пепе ебаго...
Останатите тројца кои според мене се совршени да играат во оваа формација се Парк, Гигс и Руни со тоа што константно ке менуваат позиции со оглед на нивната универзалност спремни во секој момент да му пуштат пас на Чичарито.
Интересно кај Барселона ми е што тие буквално тргнуваат во напад заедно со Валдез, сепак голот на Педро против Мадрид падна по смиреното подавање на Валдез кон Алвес иако играчи на Реал трчаа накај голманот, па од таму бразилецот кон Иниеста и останатото е историја како шо знаеме. Значи до толку се уиграни што е дури зачудувачки на моменти.
Имам приметено дека Чави и Иниеста скоро никогаш не се враќаат во 16 тник за да почнат со напад. Овој факт мора да се искористи со некој кој е одличен шутер, таков во Јунајтед е Нани, Руни и можеби Сколс(но за жал нема да игра). Креирањето на игра почиња од централните дефанзивци кои идат до центар и му ја даваат топката на циганчето Бускетс (или во краен случај на бековите). Мора да се стави некој кој константно ке трча околу циганот, не давајќи му простор да развие игра и да подаде на Чави. Идеален за ова е Џи Сунг. Тоа ќе го натера Чави да се врати поназад, нешто што сосема одговара на целиот систем кој Јунајтед се надевам ќе го игра.
Барселона сака да игра најшироко што може по теренот. Бековите трчаат напред назад и со тоа оставаат простор во средина кој мора да се искористи за евентуална контра. Формата на играта која ке ја игра Манчестер мора да биде тесна и збиена за да нема лесно продирање меѓу редовите.
Но џабе се сите овие калкулации кога знаеме дека цела тактика може да падне во вода со случаен гол (како во 2009). Па после да бркаме кокошки по терен. No thank you.
Значи според мене формацијата ќе биде:
Van Der Sar
Rafael Rio Ferdinand Vidic Evra
Carrick Fletcher/Giggs
Valencia Park Rooney/Nani
Chicharito/Rooney
Дали е само до мене или медиумското глорифицирање на Барса некогаш придонесува противничкиот тим утакмицата да ја изгуби уште во соблекувална. Као да играш против боговите ебаго.
Пристапот на Ферги верувам дека ќе биде интересен и соодветен.
И конечно да ги исплескаме како шо доликува. Според мене конечен резултат 2-1 со постигнат гол за Јунајтед од непостоечки пенал. Да видат циганите како е судиите да те ебат.
"I don't think we should be going there lacking in confidence. We are playing a fantastic team but they shouldn't hold any terrors. We can't be frightened out of our skins because of that. Our job is to find a solution to playing against them."