Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Тогаш личноста има проблем сама со себе. Ако некој има вишок килограми и е незадоволен со тоа и не прави ништо за да го поправи тоа, тогаш личноста си има проблем и до неа е. Најлошо е да кукаш, а не правиш ништо за да го поправиш тоа. И тогаш таа љубомора е проблем на таа личност и ако заврши врската тоа ќе биде заради комплексите на таа личност, а не заради тежината.Прекумерната тежина Мацо освен со здравјето, поврзана е и со врската.
Кога некој е дебел и е свесен за тоа, а не превзема ништо е незадоволен од себе си. Тоа незадоволство со текот на времето расте и почнува да има огромно влијание врз партнерот. Најчесто дебелите луѓе мислат дека нивниот партнер се врти по секоја згодна или полузгодна девојка на улица дури и кога не е така. Таквата мисла води до љубомора, па караници итн....
Јас во првиот мој пост на темава реков, не би рекла никому да ослаби, ако е во прашање пуштање стомаче, пошто како што реков, мене лично ми се многу симпатични покрупни машки, коцки на стомак - њет. Не се замарам со килограми, ни мои, ни туѓи, едноставно тоа не е нешто што зема приоритет во мојот живот. Во првиот мој пост, реков дека не ни приметувам разлика, освен ако не е драстична. Немам ни вага дома. Не се замарам.Нагло здебелување за 1 месец? Да, може е штетно
Јас кажав, навреда ако рече ослаби заради здравје, а уствари не е поради тоа, зашто кажав, никој не помислува на здравјето кога ќе ти каже некој да ослабеш. И не викам за некој што има 150 кила, тоа е лошо за здравјето, али за некој што има пуштено само стомак и да му кажеш ослаби лошо е за здравјето, ма дај не зезај, не ти, туку повеќето девојчиња или машки не сакаат дебели женски/машки зашто кога би сакале, би си фатиле таква а не некоја слабичка.
И мене ми е приоритет здравјето, да не се разбереме погрешно![]()
Здравствениот сегмент го спомнав во однос на претерано нагло здебелување.
Јас не сум никоја да наложувам некому да ослабе, а истото го очекувам и од партнерот.
Ако ти се свиѓам со 5 кила вишок, добро, ако не - барај си некоја што ќе ти одговара.
Тоа си е моја филозофија според која јас се водам, не ги темелам моите врски според бројот на килограми, едноставно не се замарам.
Ако пуштил стомак, за него си го пуштил, јас нема што да му се мешам во неговиот изглед.