Па на таков ми изгледаш со заговориве, како и да е, теории на заговор секогаш ќе има. Се прашувам, што е тоа во луѓето што ги тера да развиваат луди теории на заговор. Дали премногу гледање филмови или нешто друго? Зошто Тоше мора да е убиен, зошто Аркан е жив, зошто кралицата е рептил, зошто НАСА не слета на месечината? Зошто по секој АМА БАШ СЕКОЈ голем настан се појавуваат 5-6 теории на заговор? Уште еднаш ќе кажам, не викам дека не постојат заговори, завери во светот и не викам дека не се игра прљаво не се лаже, но викам дека тие популарните теории на заговори се смешни. Проектил го погодил Пентагон? Контролирано уривање на кулите близначки? Што се коси со здраворазмуската логика и кој рече дека конспираси сајтови се веродостојни извори?
Члену форумски ако веќе ме цитираш барем потруди се да кажеш нешто смислено.
Во САД одамна има луѓе меѓу кои и огромен број преживеани од настанот, блиски роднини на починатите, луѓе од спасувачките служби кои беа на лице место и голем број стручни лица и правници кои се обидуваат да издејствуваат нова и независна истрага за тоа што се случило.
Бидејќи онаа истрага која беше со своите 15 милиони долари буџет (наспроти 30 за пушењето на Левински) заврши како што заврши и нејзиниот претседател (на комисијата, да не се збуниш, не на САД) изјави самиот на прес конференција дека е - феил.
Има тема и за 9-11 и за “теории на заговори“ па ради неодење оф-топик можеш да ги побараш и да постираш на нив.
Твојата перцепција веројатно е следнава - “еееј абе прочитал некој на некој конспираси сајт нешо и сеа се праат паметни...“, “абе ајде он мене ќе му кажуе...“, “И овие више у курац, као нишо не било ко шо е само гомна да се јадело бе“...
И толку.
Подалеку од тоа - тешко...
Ако ти е тешко да сфатиш зошто многумина ги преиспитуваат и се сомневаат во официјалните верзии на многу настани...треба да почниме од буквата А и основните факти за политиката и (не)довербата на луѓето кон сето тоа кое секако знае да забега во чудни правци понекогаш.
Има и друга причина... таквите алтернативни објаснувања внесуваат немир,неспокој,нервоза во едноставниот црно бел систем на верување (ние-добрите, тие-лошите) кој дава едноставни готови одговори (злите ал-каедовци) на многу прашања...
Се што е официјално е лажно. Тие што се конспираси се точни.
Демек не верувај на никој медиум али верувај у медиумот кој вели да не веруваш у никој медиум.
Здрава логика нема.
Замалку парадокс а ?
А има и шокантен меѓупростор кој би бил отприлика вака...ниту сите официјални верзии на настаните се лага ниту сите алтернативни тврдења се точни а секој за себе може, врз основа на информации од различни извори да формира став и мислење за некоја работа vs. преземање здраво за готово either way.
Како што беше наведено погоре со линкови до си-ен-ен и ал-џазира на новинарите на тие две телевизии воопшто не им било тешко да го најдат оној кој пентагон и ленгли го бараа деценија и пол.
А ако нешто (Ал-каеда) тој непостоечки ентитет не може да биде одговорен за некои настани кои му се припишуваат.
Нема ниту некогаш имало таква терористичка организација.
Тоа е...