Мрзата направила човек од мајмунот а не работата! :)

B

Blacks

Гостин
I feel you! But... не е важно како на крај го искористил слободното време... за продуктивност или друга мрзеливост? Прочити го мојот последен пост и ќе знаеш зошто.
Не спомнав никаде слободно време. Правам муабет за време кое не може да си дозволи да го искористи за да направи една торта, пошто има еден куп работи кои треба да се завршат во текот на денот.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Зошто ги осудуваш лугево? Секој си има право на свој стил на зивот.
BTW, не реков дека сите тие алатки ги прави човекот мрзлив туку тие се направени бидејки ние сме мрзливи -
Ако погледнеш вака- и без мобилен мозе да презивееш.. кој к оди пеш.. но бидејки мрзата на крај секогаш победува некој измислил мобилен.. (фала богу на стартрек :)
Значи не е поентата во тоа дека човекот напредува бидејки е работлив или дека напредува дека сака да напредува..
A..чекај сеа...кои изуми се направени во име на мрзата, а кои во име на практичноста и ослободувањето на човекот од природата и нејзините инхибиции? Каде е границата?
Патиките океј ли се? Цвикерите, облеката...шознам, треба да има граница на она што општеството го продуцира како материјално добро a ја поттикнува мрзата, а што не. Инаку би била една грда генерализација целава твоја поента. А таква и е затоа што зборуваш за човештвото како целина, за мрзата како еволутивен ефект и огледало на неговата природа.

Напредокот е придвизен од нешто друго, од потребата за поедноставување.. т.е. .......? Трик прашање ќе дадеш одговор? :)
Позз
Ти пишав во постот погоре каде лежи поентата во поедноставувањето. За да не ме обвиниш после дека се повторувам и да ми речеш дека сум глуп, прво демантирај го напишаното суштински, а не со рециклирани и (од тебе) веќе напишани фрази.

Како, ооооо како само, ти рандом Кајгана староседелецу (демек е ова важно), заклучи дека ова е различно од она што ние го збориме? Мрза е баш тоа што не ти се учело економија, затоа што економијата не била предмет на твојот интерес. Баш тоа што те мрзело, те натерало да играш Capitalism, со што си ја постигнал истата цел, но притоа си уживал, што не би било случај кога би го учел тоа од книга.
Ние зборуваме за продуктивност, т.е. јас зборував за тоа. Ако модерното општество стигнало до стадиум да ни даде алтернативи на патот кон постигнување на нашите цели, со тоа на ниту еден начин не ја одразува мрзата на човештвото или на индивидуата како тоолку сеприсутен факт(ор), туку неговата ингениозност во црпењето на човечките ресурси. Не ми е јасно, од една страна се нуди модернизацијата како изговор за да се поткрепи тезата дека ни ја одразува таквата вродена природа, а од друга страна ти мене ми пишуваш дека, океј, сум ја постигнал целта, ама на старт ме мрзело, се додека не сум ја искористил алтернативата која гејминг индустријата ми ја понудила. Океј, се слагам. Значи изум на модереното општество ми помогнал да бидам продуктивен и да си ја завршам задачата.
Фала чао пријатно(ала обнокш'с Mac))) стајл) :)
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Raziel овде изгубив сума време философирајки докажувајки. ако не се согласуваш во ред немам ништо против- а сега време е да се испијанчам чао пријатно (стварно немам сила на секое против тврдење да давам контра) не дека неможам туку немам сила веќе- а и целта ми беше друга не да се надвикувам со луѓето и да се докажувам.. сакаш свати дека не сум во право или во право твоја работа- јас завршив овде ЧАОС уше еднаш :)

измена: ќе бидам искрен и ќе кажам дека не ти го ни дочитав постот.. too tiered
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Односно не сме го измислиле миксерот дека не мрзи да клапаме јајца на рака, туку сме го измислиле за побрзо да ја направиме тортата. Ако една домаќинка пред 100 години и требало цел ден да направи една торта, денешната домаќинка нема цел ден да изгуби само за една торта, туку мора да оди на работа, па деца ово оно. И замисли сите слаткарници да клапеа јајца на рака колку ќе им се намалеше продуктивноста :) ... Значи тој што работи во слаткарница работи 8 часа, било да клапи јајца со миксер или на рака многу му е гајле негова работа е да изработи 8 часа. Но со миксерот ќе исклапи дупло повеќе јајца отколку на рака, you feeling me? :) ...

Значи напредокот не е диктиран од мрзата, туку од стремежот на човекот кон што поголема продуктивност и искористување на своето време...

Just my 2 cents

BABAI!!!
Види што е фората, денес за да преживееш треба по цел ден да 'рмбаш некоја наметната работа. Тоа е исцрпувачки, и тоа многу повеќе на психички план, отколку на физички. Затоа во слободното време, луѓето се тегнат по каучи, гледаат ТВ, или го користат за било каква разонода. Тоа е мрза, ама не е контрапродуктивна. Тоа е само природна реакција, индикација дека на организмот му е потребен одмор и релаксација. Замисли кога би ја немало, ќе работиш ко машина неколку дена без прекин, ама кај и да е, ќе дојде до дефект.

За болдот, тоа е нашата теорија, со таа разлика што МРЗАТА е всушност токму тој стремеж на човекот кон што поголема продуктивност и искористување на своето време... Теоретски, кога луѓето би имале 24 часа слободно време, би биле МНОГУ ПОПРОДУКТИВНИ затоа што голем дел од тоа време би посветувале на труд, но труд проследен со интерес и посветеност кон она што го работат, од што како feedback ќе добијат и лично задоволство, исполнетост, а со тоа и среќа. Од тука произлегува продуктивноста, креативноста, напредокот, иновација итн.. Пример, за 2 саат free will листање по Интернет, учам многу повеќе отколку што сум научил во тек на моето образование. Радо би прочитал 500 страни за нешто што ме интересира, отколку 2 за економија или бизнис ( i hate these :)). Радо би потрошил години на тоа да научам како, и да изградам куќа, отколку да правам дрвена количка по О-ТЕ-ПЕ.
Системот, случајно или намерно, е конципиран да ја гуши нашата иновативност и напредокот. Успева да продуцира само роботи, кои се движат по одредена зацртана патека и не отстапуваат. Креативноста е привилегија само на богатите.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Де4ки, примитивните примери на Мац беа punch line-oт на првичната поента која суптилно му ја изигнориравте. А се фативте за истите како за инсулин. Ме мрзи да ја доелаборирам шегава. (pun intended) Kaкоидае, ќе ја ставам контрадикторноста во вашите логики, филозофии и ефтини дедукции аside, for the sake of the argument и ќе се вратам на тоа што Мац сакаше да ви симплицира, ама очигледно не ви спелува како крајна мерка, па јас ќе, како превентивна за да неморам да користам пеинт, oki?

Ме-ша-те по-и-ми.

Види што е фората, денес за да преживееш треба по цел ден да 'рмбаш некоја наметната работа. Тоа е исцрпувачки, и тоа многу повеќе на психички план, отколку на физички. Затоа во слободното време, луѓето се тегнат по каучи, гледаат ТВ, или го користат за било каква разонода. Тоа е мрза, ама не е контрапродуктивна. Тоа е само природна реакција, индикација дека на организмот му е потребен одмор и релаксација. Замисли кога би ја немало, ќе работиш ко машина неколку дена без прекин, ама кај и да е, ќе дојде до дефект.

Океј, ќе ви го дадам тоа дека кога го работите тоа што сакате е голема продуктивноста, ама пак кога ќе го видите писмото од извршител, парите знаат да бидат уште поголем мотиватор, и ќе запливате во водите на системот, ќе го работите тоа што не го сакате и конечно ќе го сфатите тоа што философот Џагер го има кажано: You can't always get what you want. Well, there's that. Кога расчистивме како работи светот со неговите woши канџи, мубаетот ви се цади на лични преференции, индивидуални задоволства & остало, И кој како би сакал да си го троши слободното време благодарение на миксерот. Кој пропатно ви е единствен аргумент за колку е мрзата конструктивна и како индиректно влијаела врз оската за позитива за еволуцијата на човекот. И има смисла донекаде, ама..

чекај сеа...кои изуми се направени во име на мрзата, а кои во име на практичноста и ослободувањето на човекот од природата и нејзините инхибиции? Каде е границата?
Патиките океј ли се? Цвикерите, облеката...шознам, треба да има граница на она што општеството го продуцира како материјално добро a ја поттикнува мрзата, а што не. Инаку би била една грда генерализација целава твоја поента. А таква и е затоа што зборуваш за човештвото како целина, за мрзата како еволутивен ефект и огледало на неговата природа.
These aren't the droids you're looking for.. oвај, мрзата не е зборчето што го барате.
Секој сака до крајот на времето да прави што сака, кон тоа што има љубов, се што му се рефлектира ерективно, ама не работи така светот. А ни луѓето, for that matter.
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Значи вака, за да ја препознаеме улогата на мрзата во прогресот или регресот на човештвото, треба прво да навлеземе во нејзината суштина. Не видов никој од вас (освен Nuke и јас) да се обиде да понуди некаква подлабока анализа или некакво логично објаснување што точно е оваа појава што ја нарекуваме мрза. Вашето објаснување е "мрзата значи да не правиш ништо" и толку. Не се ни обидувате да погледнете под површината, па тогаш која е поентата на дискусијава?
Бидејќи мешаме поими, логиката ни' е контрадикторна и дедукцијата ефтина, чекам од вас да ја дефинирате мрзата, која е нејзината улога, зошто е дел од секој човек, зошто е продуктивна (ако е), зошто е котрапродуктивна (ако е) и се' друго што можете да разјасните околу неа. Ние барем понудивме некакво размислување, што мене ми изгледа прилично логично, ама се чини дека вие имате подобро, па очекувам истото да го прочитам овде, што поскоро.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Мрзата направила човек од мајмунот а работата мајмун од човека:helou: :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
нормален граѓанин да оставиш во шума на логорување, верувај ми нема да се снајди ни неколку часа како да преживее, не можи да запали огон на старомоден начин, не можи да се прехрани воопшто , значи за да преживее еден ден во шума ќе му биди потребна цела таа олеснителна направа почнувајќи од гпс уреди да не се загуби пошто веќе се изгубил осетот за ориентација, плинско кибрит за готвење, конзервирана храна, па шатор па ред други работи...
Што кога еден ден ги нема тие работи, како ќе преживееме?
Гладот друже, гладот ќе го натера да запали оган, да улови нешто, да се прехрани... :)
 
V

Vollstandig

Гостин
Гладот друже, гладот ќе го натера да запали оган, да улови нешто, да се прехрани... :)
Jaс типувам дека ќе се обиди да викни полиција и да го спасат од “бедотијата“ :)
А и не би го “убил“ кутрото животинче, за само да јади, има и онака во рестораните готвено (кое не му текнува од кај иди)
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Значи вака, за да ја препознаеме улогата на мрзата во прогресот или регресот на човештвото, треба прво да навлеземе во нејзината суштина. Не видов никој од вас (освен Nuke и јас) да се обиде да понуди некаква подлабока анализа или некакво логично објаснување што точно е оваа појава што ја нарекуваме мрза. Вашето објаснување е "мрзата значи да не правиш ништо" и толку. Не се ни обидувате да погледнете под површината, па тогаш која е поентата на дискусијава?
Бидејќи мешаме поими, логиката ни' е контрадикторна и дедукцијата ефтина, чекам од вас да ја дефинирате мрзата, која е нејзината улога, зошто е дел од секој човек, зошто е продуктивна (ако е), зошто е котрапродуктивна (ако е) и се' друго што можете да разјасните околу неа. Ние барем понудивме некакво размислување, што мене ми изгледа прилично логично, ама се чини дека вие имате подобро, па очекувам истото да го прочитам овде, што поскоро.
Остај ги не се замарај - бар јас пробувам да резистирам и да не пишам повеќе
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Остај ги не се замарај - бар јас пробувам да резистирам и да не пишам повеќе
Не се замарам, напротив, се радувам што ќе научам повеќе од објаснувањето кое го очекувам (а што по се' изгледа дека нема да го добијам).

Во меѓувреме, еве неколку цитати во прилог на нашата теза:

“Whenever there is a hard job to be done I assign it to a lazy man; he is sure to find an easy way of doing it.” - Walter Chrysler

“Laziness is the mother of efficiency” - Marian Propp

"All of the biggest technological inventions created by man - the airplane, the automobile, the computer - says little about his intelligence, but speaks volumes about his laziness." - Mark Kennedy

"Efficiency is intelligent laziness." - David Dunham

"I don't think necessity is the mother of invention. Invention, in my opinion, arises directly from idleness, possibly also from laziness - to save oneself trouble." - Agatha Christie

"Progress is made by lazy men looking for easier ways to do things." - Robert A. Heinlein

“I am the laziest man in the world. I invented all those things to save myself from toil.” - Benjamin Franklin
И еве ја целата моја поента дека мрзата никогаш не се јавува кога го работиш она што го сакаш, дека го вади најдоброто од тебе, дека е стремеж кон најпродуктивен труд, од кој истовремено извлекуваш задоволство; сето ова, кажано од големиот Марк Твен.
"I don't think there ever was a lazy man in this world. Every man has some sort of gift, and he prizes that gift beyond all others. He may be a professional billiard-player, or a Paderewski, or a poet--I don't care what it is. But whatever it is, he takes a native delight in exploiting that gift, and you will find it is difficult to beguile him away from it. Well, there are thousands of other interests occupying other men, but those interests don't appeal to the special tastes of the billiard champion or Paderewski. They are set down, therefore, as too lazy to do that or do this--to do, in short what they have no taste or inclination to do. In that sense, then I am phenomenally lazy. But when it comes to writing a book--I am not lazy. My family find it difficult to dig me out of my chair." – Mark Twain
По се' изгледа дека со нашава глупава, плитка и контрадикторна теорија се сложуваат и некои од големите светски умови. Ама што знаеме ние, така?
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Не се замарам, напротив, се радувам што ќе научам повеќе од објаснувањето кое го очекувам (а што по се' изгледа дека нема да го добијам).
Алал да ти е на нервите што ги имаш ;)

--- надополнето ---

Во меѓувреме, еве неколку цитати во прилог на нашата теза:
“Whenever there is a hard job to be done I assign it to a lazy man; he is sure to find an easy way of doing it.” - Walter Chrysler

“Laziness is the mother of efficiency” - Marian Propp

"All of the biggest technological inventions created by man - the airplane, the automobile, the computer - says little about his intelligence, but speaks volumes about his laziness." - Mark Kennedy

"Efficiency is intelligent laziness." - David Dunham

"I don't think necessity is the mother of invention. Invention, in my opinion, arises directly from idleness, possibly also from laziness - to save oneself trouble." - Agatha Christie

"Progress is made by lazy men looking for easier ways to do things." - Robert A. Heinlein

“I am the laziest man in the world. I invented all those things to save myself from toil.” - Benjamin Franklin

Плус Марк
Ова ти вредеше, репутација за тебе стварно си се потрудил за ова... додека јас мрзливо си ја терам цело време ЛОЛ.
Зборот ми беше еве немав врска за сите овие изреки на големите луѓе во светот а сепак ми текна за мрзата... знаеш како? ЛОЛ-
Гледавме филм на компјутер а звукот беше за никаде, некаде многу јак некаде многу слаб... ме мрзеше да станувам и да намалувам па пак да појачувам тон на компјутер, па инсталирав wifi remote control за 10мин и од телефонот си пуштев и намалував глас лежејки... покасно ми светна и ми стана јасно дека мрзата има големо значење во напредокот на човекот :)))

--- надополнето ---

еее неможам да ти дадам реп- јас на овој форум ќе се здобијам со најголемата негативна репутација која постоела некогаш на кајгана ЛОЛ.. иако вистина ви велам хаха
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
39
Поени од реакции
10
Спротивно на очекувањата, воопшто немаше да ја водиме оваа дискусија ако воведничарот во истата не работеше толку ревносно и трудољубиво ( ова е суштинска спротивност на мрзеливоста или мрзеволноста, сеедно ) на сликата за својата уникатност и посебност. Затоа би го замолил дотичниот, ако веќе сака да не убеди во исправноста на својата теорија, дека мрзеволноста е спиритус мувенс на човечкиот напредок и сите општи добра, веднаш да започне со помрзелив приод во оценување на сликата за сопствените капацитети. За евентуалните благодети по општото добро од ваквиот потфат, благовремено ќе биде известен...
 
Како ќе кажеш мајсторе...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom