Односно не сме го измислиле миксерот дека не мрзи да клапаме јајца на рака, туку сме го измислиле за побрзо да ја направиме тортата. Ако една домаќинка пред 100 години и требало цел ден да направи една торта, денешната домаќинка нема цел ден да изгуби само за една торта, туку мора да оди на работа, па деца ово оно. И замисли сите слаткарници да клапеа јајца на рака колку ќе им се намалеше продуктивноста
... Значи тој што работи во слаткарница работи 8 часа, било да клапи јајца со миксер или на рака многу му е гајле негова работа е да изработи 8 часа. Но со миксерот ќе исклапи дупло повеќе јајца отколку на рака, you feeling me?
...
Значи напредокот не е диктиран од мрзата, туку од стремежот на човекот кон што поголема продуктивност и искористување на своето време...
Just my 2 cents
BABAI!!!
Види што е фората, денес за да преживееш треба по цел ден да 'рмбаш некоја наметната работа. Тоа е исцрпувачки, и тоа многу повеќе на психички план, отколку на физички. Затоа во слободното време, луѓето се тегнат по каучи, гледаат ТВ, или го користат за било каква разонода. Тоа е мрза, ама не е контрапродуктивна. Тоа е само природна реакција, индикација дека на организмот му е потребен одмор и релаксација. Замисли кога би ја немало, ќе работиш ко машина неколку дена без прекин, ама кај и да е, ќе дојде до дефект.
За болдот, тоа е нашата теорија, со таа разлика што МРЗАТА е всушност токму тој стремеж на човекот кон што поголема продуктивност и искористување на своето време... Теоретски, кога луѓето би имале 24 часа слободно време, би биле МНОГУ ПОПРОДУКТИВНИ затоа што голем дел од тоа време би посветувале на труд, но труд проследен со интерес и посветеност кон она што го работат, од што како feedback ќе добијат и лично задоволство, исполнетост, а со тоа и среќа. Од тука произлегува продуктивноста, креативноста, напредокот, иновација итн.. Пример, за 2 саат free will листање по Интернет, учам многу повеќе отколку што сум научил во тек на моето образование. Радо би прочитал 500 страни за нешто што ме интересира, отколку 2 за економија или бизнис ( i hate these
). Радо би потрошил години на тоа да научам како, и да изградам куќа, отколку да правам дрвена количка по О-ТЕ-ПЕ.
Системот, случајно или намерно, е конципиран да ја гуши нашата иновативност и напредокот. Успева да продуцира само роботи, кои се движат по одредена зацртана патека и не отстапуваат. Креативноста е привилегија само на богатите.