Дали носите “Converse All Star“ патики и што мислите за нив?

  • Креатор на темата Креатор на темата Noorotic
  • Време на започнување Време на започнување
Се викаат Старки, на македонски, а не СтарТки :) Името им е преземено од Converse All Star. :)
 
Јас носам ама само Converse а оние шо се имитации ги немам ни пробано :D и многу се добри според мене :D
 
Не ми се нешто посебно...купив едни кул беа на изглед, ама 2-3 пати ги обув, кај си имам проблем со ладни стапала, во патикиве мразулци ми фаќаа летно време:p
 
Дај нека го смени некој насловот,Старки се викаат, па уште гледам поназад некој живее во заблуда дека Конверсот биле Старки, а ти фејковиве биле Стартки.Поголема глупост одамна не сум слушнала.Иначе сакам Старки,само мислам за наши прилики би можеле да бидат малку поевтинки, не е ист стандардот тука и во САД.
 
Најдобра патика, според мене. Ги имам во 4-5 бои и плус 2 пара шарени. Нон-стоп се во тренд, никогаш не им минува модата :)
 
Мачорка, има тема која се вика Старки, само што никој не ја спојува оваа со таа тема :p

Кога сме веќе кај стандардот, во Македонија патиките се стандардно поскапи отколку во САД.
Секоја чест за увозниците на Salomon и Reebok кои во Скопје ги продаваат по релативно пристојни суми своите производи. Сите други сакаат со два пара патики да покријат месечни трошоци за цел дуќан.
 
Еднаш имам носено Конверс, црвени беа, но некако не ги пронајдов во мојот стил. Инаку мислам дека се прелесни за носење, многу се згодни. :)
 
сини, розеви и црвени конверс, комбинација со фармерска сукња посебно ми се свиѓа :)
 
Converse старки до глужд, со чорапчиња над колена и суќничка од џинс.
 
Едни од најдобрите патики - старки до глужд.
Сакам темно зелени, светло сини и жолти.
А жолтите мислам дека посебно на машки им стојат
 
Деновиве на големо ги препрочитував темите на форумов поврзани со патиките и посебно впечаток ми оставија членовите кои ги користат Конверс Ол Стар патиките, нивната емоционална поврзаност со овие патики...нивната љубов кон овој култен бренд на младештвото. И јас сум нивен корисник.

“Converse All Star“ патикиките , веројатно се најкоментираниот вид на патики секаде на светот (според моите прелиминарни истражувања) , па така и кај нас (на нашиов форум вклучително) има и најразлични теми за - култниот статус на Конверс патиките (некаде попознати само како “старки“ ) и за луѓето кои носат Конверс Ол Стар патики.

Некој ќе рече - патики ,како патики , но повеќето љубители на овие патики си ги доживуваат како нешто посебно од нивната гардероба со кое и емотивно се сврзани и веројатно нешто со кое си го изградуваат својот личен имиџ на бунтовничка личност !

Оваа тема ја поставувам со цел да утврдиме еден ПРОФИЛ на типичен корисник на Converse All Star патиките , и меѓусебе да си разговараме за тоа како овие патики ,овој бренд СЕ ДОЖИВУВА од своите корисници , дали постои некаква емотивна врска или не, зошто тие ви се толку убави/неубави и сл.

Значи -
1.Дали ги користите (некогаш сте ги користелеле) Converse All Star патиките?АС ГИ користам ,3-4 пара непрекинато последниве 4-5 години.


2.Колку години имате Вие и колку ги користите (Што мислите колкава е возрасната граница на корисниците на Converse-All Star патиките? - јас мислам дека личностите од 14 до 35 годни највеќе ги носат овие патики...

3.Каков вид на музика слушате? - рок, ска-панк..
4.Кои социјални мрежи ги користите? - Твитер

5.Што мислите за нив ? -
6.Опишете ги со 2 збора? - уникатни и бунтовнички
7.Пол (машки/женски) - машки

На крајов од темава заеднички ќе направиме еден профил на типичниот просечен корисник и се надевам ќе го разоткриеме феноменот кој се поврзува со култниот статус на Converse All Star патиките...
 
1. ги купив лани и не ги носам ич, згрешив што ги купив тие повисоките ко чизми што се, пониските ќе ги носев сеуште
2. 18
3. највеќе електронска
4. фб и твитер
6. бунтовнички и опасни
7. машки
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom