М
Мартин`
Гостин
Хаг, 15 април – Хашкиот трибунал денеска ги соопшти пресудите за тројцата хрватски генерали. Двајца остануваат во затвор, еден е ослободен.
Генерал Анте Готовина е осуден на 24 години затвор. Тој е прогласен за виновен по речиси сите точки на обвинението.
„Генерал Готовина бил свесен за тоа дека злосторствата треба да бидат извршени. Учествувал во злосторничкиот потфат и мал намера неговите дела да придонесат за потфатот“, ја образложил Судскиот совет пресудата.
На Младен Маркач судскиот совет му изрекол казна затвор во траење од 18 години, ослободен е по точка три, за нечовечки дела. Него во предвид му е земена здравствената состојба како олеснителна околност, објави хрватски “Индекс“.
Генерал Иван Чермак е ослободен по сите точки на обвинението.
Обвинителите во своите завршни говори во август 2010 година барале сите тројца хрватски генерали да бидат прогласени за виновни. За Готовина барале 27 години затворска казна, за Маркач 23 и за Чермак 17 години. Од друга стана бранителите на осомничените барале ослободителни пресуди.
+ слики од собирањето за подршка на генералите. .

![](http://www.pic.mk/images/11302870234.jpg)
![](http://www.pic.mk/images/21302870264.jpg)
![](http://www.pic.mk/images/61302870291.jpg)