Христијанството и проблемот на злото

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не знам за вас, ама кај мене на екран нема огромно копче "REPLY" што ми создава електро-шокови ако не го притиснам.
Пријател, не е моја кривица што дискусиите се вакви. Јас поставив тези, очекував дискусија, а гледаш што се случува...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, пак лупеташ?
Не, давам одговор на поставено прашање, но очигледно е дека и ликови со изузетно јаааак И-КУ, немаат фајде од КУ-то, оти едноставно, не се пораснати за да примат одговор од духовна природа.

--- надополнето ---

Ајде вака, како на 4 годишно дете.
Мислеше на себе си, така?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не, давам одговор на поставено прашање, но очигледно е дека и ликови со изузетно јаааак И-КУ, немаат фајде од КУ-то, оти едноставно, не се пораснати за да примат одговор од духовна природа.
Не бегај оф топик, одговори на прашањето за нетемпоралноста на Бог, и проблемот на слободната воља.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За да постои концепт на слободна воља, мора иднината да се нема случено. Се сложуваш?
Се согласувам: иднината сеуште се нема случено...

--- надополнето ---

Тоа значи дека она што ние го нарекуваме иднина веќе се има случено,

Ајде де...Како Ти текна? Ја батка, сеуште не сум ја видел иднината, особено не онаа „убаата„.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Се согласувам: иднината сеуште се нема случено...
Одлично. Браво Мики, тоа е голем чекор напред. Кажи ми тогаш, ако Бог создал се, вклучувајѓи го и времето, како е возможно неговата креација, времето, да не биде под негова контрола? Нели е семоќен? Семоќност до известен степен е како малку трудна жена, семоќноста е он / оф квалитет, или ја има или ја нема...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тогаш за каква слободна воља зборуваш? Мисли Мики, мисли.
Имам слободна волја да одберам дали ќе чинам добри и лоши дела. А тоа што Бог ја знае и иднината, тоа не значи дека Бог однапред и хронолошки го предодредил текот од сите идни настани.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ајде де...Како Ти текна? Ја батка, сеуште не сум ја видел иднината, особено не онаа „убаата„.
Па тоа следува од тезата дека Бог го создал времето. како може креацијата да биде поголема од креаторот?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Се гледа. Слушај, ако ти е глупава темава, не учествувај во неа. Ние глупаците ќе си потресиме глупости, и така. Ако од друга страна имаш нешто да кажеш за темата, имаш таму тези, повели спори...
Нормално дека е глупава. Има на форумов милион глупави теми, ама никоја од нив не е патетично претенциозна. А оваа нема право на тоа.

Прво, се поставуваш и рекламираш како објективен набљудувач на проблематиката*, "чија срж до сега на темите не била допрена". Али ете сега е моментот:

Ниту еден верник нема да биде поколебан со изнесување на научни аргументи против религијата, исто како што ниеден атеист нема да биде преобратен со повикување на настаните опишани во Библијата.
Аргументите на атеистите биле научни, а аргументите на Христијаните биле "повикување на настаните опишани во Библијата"?
Ова е потпуно истата квазиинтелектуална атеистичка надменост, како и во другите теми. Ништо ново или различно.
Нити аргументите на Христијаните се повикување на настаните опишани во Библијата, нити пак аргументите на атеистите се научни.

За остатокот од текстот, само можам да ти кажам дека сржта за појава на злото уопште не си ја допрел, иако се рекламираш за таков.
Како не можеше со толкава интелегенција барем да го воочиш дарот - слободна воља, слободен избор.
Ај ќе се служам со твои поставки.

Ти викаш дека Господ знаел дека така ќе испадне. Ти викаш дека е безвремен. Ако е безвремен, времето не постои за него, тогаш првава реченица нема смисол. Значи знаел дека во иднина така ќе испадне. Каква иднина, минато? Нема тоа, за него (како што кажа) - све е сега.

Овој помалку философски парадокс, ќе го оставам на страна....

Се враќам, на слободната воља. Прво Адам го послушал советот на Ева, која ја послушала змијата. Значи, Ева можела да послуша или не, исто и Адам. Имале избор.
Ако Господ не им дал дар свесно да избираат, тогаш немало да згрешат. Е тука е вистинскиот корен на проблемот - слободната воља. Очигледно е дека изборот е зародиш на злото.

Но ќе прекинам, иако може доста да се каже, пошто иако кажав дека иам 480 интелегенција, у ствари лажев, за да мислите дека сум паметен. Еве сеа се каам. Тажната вистина е дека не сум си мерел интелегенција и можеби не ги исполнувам условиве :( па ќе прекинам...

Упатсво за употреба на темата.

1. Би било одлично кога во неа би пишувале само оние со коефициент на интелегенција над 100, меѓутоа сите мислат дека имаат IQ > 100.
2. Не спорете со мене. Спорете со тезите, наведете дали се погрешни или нешто од нешто не следи.

Бујрум.
* ако не, тогаш ова е уште еден атеистички булшит и нема што да се замараме
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
MIKI1, ти навистина не си многу бистар или пак намерно вака правиш цело време? (sorry на тонов ама ме интересира)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Имам слободна волја да одберам дали ќе чинам добри и лоши дела. А тоа што Бог ја знае и иднината, тоа не значи дека Бог однапред и хронолошки го предодредил текот од сите идни настани.
Е не оди тоа така. Тој е семоќен, па може до детал да ја знае иднината. Како е тогаш слободната воља возможна?

Мислам, многу е просто ова а?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Од друга страна, ако Бог не ја знае иднината, тогаш тој не е семоќен.
Бог, веќе реков, ја знае и иднината, но и наведов на кој начин: не преку точниот редослед од идните настани, туку преку точните настани во иднината.

--- надополнето ---

Може да го објасниш парадоксот?
Не можам, признавам, особено ако е тоа парадокс во туѓа глава...

--- надополнето ---

MIKI1, ти навистина не си многу бистар или пак намерно вака правиш цело време? (sorry на тонов ама ме интересира)
Држи се темава, оти Заратустра очекува одговори на неговите тези...и не се замарај со мене.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Бог, веќе реков, ја знае и иднината, но и наведов на кој начин: не преку точниот редослед од идните настани, туку преку точните настани во иднината...
:pos2:

Значи ги знае настаните, но не и редоследот?

:pos2:

Ова ме потсеќа на вицот за тој кој имал убави црти, но не му биле убаво распоредени...:pos:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Е не оди тоа така. Тој е семоќен, па може до детал да ја знае иднината. Како е тогаш слободната воља возможна?

Мислам, многу е просто ова а?
Ти си смешен. Зборуваш за ултимативни премиси, како слободна воља од аспект на Господ. А ти самиот немаш никаков друг аспект освен инкарнатскиот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Како е тогаш слободната воља возможна?

Ќе Ти напишам пак, па се надевам дека „...од втора...„ ќе Ти текне, оти, нели, си имал јааааак И-КУ: слободната волја ни е ВРОДЕНА.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom