Се гледа. Слушај, ако ти е глупава темава, не учествувај во неа. Ние глупаците ќе си потресиме глупости, и така. Ако од друга страна имаш нешто да кажеш за темата, имаш таму тези, повели спори...
Нормално дека е глупава. Има на форумов милион глупави теми, ама никоја од нив не е патетично претенциозна. А оваа нема право на тоа.
Прво, се поставуваш и рекламираш како објективен набљудувач на проблематиката*, "чија срж до сега на темите не била допрена". Али ете сега е моментот:
Ниту еден верник нема да биде поколебан со изнесување на научни аргументи против религијата, исто како што ниеден атеист нема да биде преобратен со повикување на настаните опишани во Библијата.
Аргументите на атеистите биле научни, а аргументите на Христијаните биле "повикување на настаните опишани во Библијата"?
Ова е потпуно истата квазиинтелектуална атеистичка надменост, како и во другите теми. Ништо ново или различно.
Нити аргументите на Христијаните се повикување на настаните опишани во Библијата, нити пак аргументите на атеистите се научни.
За остатокот од текстот, само можам да ти кажам дека сржта за појава на злото уопште не си ја допрел, иако се рекламираш за таков.
Како не можеше со толкава интелегенција барем да го воочиш дарот - слободна воља, слободен избор.
Ај ќе се служам со твои поставки.
Ти викаш дека Господ знаел дека така ќе испадне. Ти викаш дека е безвремен. Ако е безвремен, времето не постои за него, тогаш првава реченица нема смисол. Значи знаел дека во иднина така ќе испадне. Каква иднина, минато? Нема тоа, за него (како што кажа) - све е сега.
Овој помалку философски парадокс, ќе го оставам на страна....
Се враќам, на слободната воља. Прво Адам го послушал советот на Ева, која ја послушала змијата. Значи, Ева можела да послуша или не, исто и Адам. Имале избор.
Ако Господ не им дал дар свесно да избираат, тогаш немало да згрешат. Е тука е вистинскиот корен на проблемот - слободната воља. Очигледно е дека изборот е зародиш на злото.
Но ќе прекинам, иако може доста да се каже, пошто иако кажав дека иам 480 интелегенција, у ствари лажев, за да мислите дека сум паметен. Еве сеа се каам. Тажната вистина е дека не сум си мерел интелегенција и можеби не ги исполнувам условиве
па ќе прекинам...
Упатсво за употреба на темата.
1. Би било одлично кога во неа би пишувале само оние со коефициент на интелегенција над 100, меѓутоа сите мислат дека имаат IQ > 100.
2. Не спорете со мене. Спорете со тезите, наведете дали се погрешни или нешто од нешто не следи.
Бујрум.
* ако не, тогаш ова е уште еден атеистички булшит и нема што да се замараме