Не сум Албанец. Македонец сум, ама се обидувам да ги разберам и нив. Не можам да гледам како тебе. Воглавно не сум имал проблеми со нив затоа не можам да зборувам така. И мене ми се има зборувано, тоа ни се непријатели и се, ама кога ќе помислам дека знам три четири лица од таа националност и тие секогаш биле коректни со мене, ми станува жал и непријатно што така мислам. Е сега вака ќе објаснам за да не се осеќаш во тесно. Македонците треба да прекинат да мислат дека се прва класа, а Албанците втора, Албанците треба исто да ги прифатат своите сожители Македонци и да се гордеат дека се жители на Македонија. Тоа е посебно важно бидејќи Албанците како дел од Македонија пркнаа. Македонија е понапред и од Косово и од Албанија и мислам дека тоа треба да го ценат. Но, Албанците беа во право кога викаа дека им треба образование на мајчин јазик, дури и високо.
Ние има(в)ме образовен систем, ама не си го цениме. Ние имавме добри учебници по физика и хемија. А се променија... зошто? Оти доаѓаат од друг систем. Епа така не се прави, ако нешто е добро, задржи го... Гледаш ли што се случува во Високото образование. Замисли, сведок сум на случај во кој бабата и вика на внуката: дипломата ништо не ти вреди (а бабата самата нема диплома), кога една таква имаш во куќа, нормално дека и децата нема да го вреднуваат тоа.
Добро вика германската амбасадорка. ГО читаше интервјуто во Утрински? Кај нас лесно се лепат етикети. Сега испаѓа дека јас ги штитам нив, па Албанец сум. Свашта!!!