Тројца припадници на МВР изрешетани до смрт во скопски Аеродром
Еден починал на лице место, другите двајца со тешки повреди се пренесени во Ургентниот центар каде се уште трае операцијата.
Со пискотници минувачи, тинејџери од блиската сендвичара во паника бегале насекаде низ скопски Аеродром.
Се слушале рафали низ целиот блок. Станарите од соседните згради шокирани од пукотниците но и од ладнокрвноста на убиецот.
Од МВР не го откриваат идентитетот на убиениот и на повредените. Детали нема ниту за убиецот.
Полициски извори за А1 велат дека сите тројца се припадници на МВР.
Убиениот бил висок функционер во МВР од Велес - дел од личното обезбедување на министерката за внатрешни Јанкулоска.
Еден од повредените пак бил баџанак на член на обезбедувањето на премиерот Груевски.
Со нив била и една девојка која бил однесена на распит во полициска станица. Засега од МВР нема официјална потврда на овие информации.
Но, на местото каде се пукаше дојде речиси целиот кабинет на Јанкулоска. Вработени во кадровското одделение, како и задолжени за протокол.
За инцидентот не сакаа да зборуваат ниту роднините на повредените кои чекаа пред ургентниот центар. Пред болницата имаше неколку полициски возила. Нема информација за здравствената состојба на ранетите.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126987
на Сител пак велат 2ца убиени еден повреден ...
на Канал 5 врти кајрон Тројно убиство ..
Од Велес?
--- надополнето ---
Ркулот го убиле??
Сега кажаа на Канал 5, Јордан Јорданов - Ркулот ..
а со него бил и Пичот изгледа ..
загинале 2ца или 3ца .. разни извори разно кажуваат ..
--- надополнето ---
ц ц ц ц
Тибам и Франкфурт и се ...