А зошто би им се смееле на Косово и Албанија? Кога донесувам некоја вест од соседите , како тие напредуваат , не ми е целта да навредам македонци или нешто друго , пошто и сам живеам во Македонија и би сакал тие позитивни примери да станат и наша реалност.
Целта ми е да се освестиме.
Тали памтиш кога илјадници Бугари кај нас вадеа леб , со продавање на бонбони и мастики , чорапи, кашкавал и сирење , дури и проституција ... кај се сега бугарите а кај ние?
Разликата меѓу нас и соседите е дека тие биле полошо од нас , но сега тие градат , а нас ни се уништуваат и тие патишта што ги имаме , од Гостивар до Охрид мизерија , од Окта се до Куманово автопатот е мизерија-уништен, кој се возел знае , натаму кон исток , и кон Битола , Прилеп... не знам како е , сигурно и таму е катастрофа.
Разликата е , соседите порано се возеле на патишта за коњи , а ние сме имале асфалт , сега ние се возиме на уништени патишта , а тие градат нови.
Јас подобро мислење би имал за земја која била мизерија но сега шиба напред , одошто за земја која шибала порано , а сега уназадува.
Еве автопатот кој се изгради во Албанија , во еден од најтешките предели во Европа, со должина од 174км (еднакво на речиси моменталната дистанца меѓу Скопје-Охрид), со многу мостови, ископувања и тунел од 6км (погледни после 0:50 минута)
Исто така ќе се изгради автопат за Елбасан, мислам дека во тек е изградба и на магистрала или автопат Тирана-Дебар , со новиот пат ќе се скрати делницата за 85км.
Бугарија исто така си гради 120км автопат и кој знае уште колку други патишта.
На Косово исто така е во тек изградба на 118км автопат, а ќе се гради автопат и од Приштина до границата со Македонија од 55км.
Косово ќе гради автопат до Македонија
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=897317D6761FFC4DB89B58A50D8E0D36