Турција и Русија во битка за Македонија

Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Абе за односите меѓу Македонија и Турција важи правилото: непријателот на мојот непријател е мој пријател. Е сеа ние треба да сме паметни и да искористиме што можеме, без да се продадеме!
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Јас на една тема спомнав во врска за Турција зашто не подржува нас само што многумина не веруваа во моите мислења и ме демантираа дека измислувам непромислени работи. Ќе кажам уште еднаш Турција не подржува зашто сака да го врати влијанието во Балканот како што било до пред 200 години, со помош на муслиманските заедници на Балканот. Ни се прават дека ни се најголеми пријатели, ја подржуваат финансиски македонската заедница во светот, но од друга страна имаат скриени планови за исламизација на Балканот. А за Русија не верувам дека ќе има големо влијание во Македонија зошто Русија повеќе се ориентира на Србија како што е спомнато во горниот текст.
Во право си.
Немам ништо против Турција, но сигурно не го прават од љубов.
Мислам дека колку побрзо сфатиме дека во капиталистичкиот свет денес,
нема пријатели и непријатели, нема братство или омраза меѓу народите,
дека има само интереси,
толку поуспешни ќе сме како нација и држава.
Србија играше на таа карта, словенско братство, и изгуби.

Дури и сето ова што го прават Грците, не е од омраза спрема нас.
Туку од интерес. Можеби не мрази обичниот грчки народ,
но на тие што ја креираат грчката надворешна политика,
знаат дека е во корист на Грција, Македонија да е слаба и непризната,
да не е во НАТО, да се зголемат меѓуетничките конфликти
кои евентуално би кулминирале во војна,
која би завршила со ново прекројување на границите на Македонија,
во која што Грците би го "одржувале мирот" во Охрид, Битола и Гевгелија.
Мендух Тачи е најголем играч на грчката политика во Македонија.

Ист како што и Бугарите не ни даваат пасоши и образование од љубов.

“Nations have no permanent friends or allies, they only have permanent interests.”

Lord Palmerston quotes (English Statesman, 1784-1865)
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Само да не ни воведат повторно данок во крв. :)
Шала на страна,па нека има инвестиции од Турција.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас на една тема спомнав во врска за Турција зашто не подржува нас само што многумина не веруваа во моите мислења и ме демантираа дека измислувам непромислени работи. Ќе кажам уште еднаш Турција не подржува зашто сака да го врати влијанието во Балканот како што било до пред 200 години, со помош на муслиманските заедници на Балканот. Ни се прават дека ни се најголеми пријатели, ја подржуваат финансиски македонската заедница во светот, но од друга страна имаат скриени планови за исламизација на Балканот. А за Русија не верувам дека ќе има големо влијание во Македонија зошто Русија повеќе се ориентира на Србија како што е спомнато во горниот текст.
Не верувам дека некој во 2011 во Турција трга од помислата да не исламизира. Турција е развиена земја која гледа економски интерес. Денес парата го врти светот,ништо друго. Нема љубов помеѓу нации има само интерес.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446

Како се однесуваше Турција 2001? На чија страна беше?
Зошто во Турција постепено но сигурно исламизмот го избуткува секуларизмот?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Како се однесуваше Турција 2001? На чија страна беше?
Зошто во Турција постепено но сигурно исламизмот го избуткува секуларизмот?
Да им забранеме да инвестираат овде,сакаш? Вратете им ги парите од ТАВ,не ни требаат.
Кој може тебе да те исламизира со сила? Или со перење мозок? Како може да ти ја сменат верата?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Да им забранеме да инвестираат овде,сакаш? Вратете им ги парите од ТАВ,не ни требаат.
Кој може тебе да те исламизира со сила? Или со перење мозок? Како може да ти ја сменат верата?
Не реков никаде дека сакаат да не исламизираат со сила.
Само, треба реално, а не романтичарски да се гледа на работите.
Вистинските пријатели ќе ти помогнат, кога си во невоља. Во 2001, не беше така. Турците беа во најмала рака неутрални, со своите изјави и постапки на политички план. Како би било и ние како држава, неутрално и од еквидистанца да гледаме на страните во Турско-Курдскиот или Турско-Грчкиот спор?
Тоа што не согледуваш дека религијата кај нив игра голема улога е само наивност, по која сме познати.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Не реков никаде дека сакаат да не исламизираат со сила.
Само, треба реално, а не романтичарски да се гледа на работите.
Вистинските пријатели ќе ти помогнат, кога си во невоља. Во 2001, не беше така. Турците беа во најмала рака неутрални, со своите изјави и постапки на политички план. Како би било и ние како држава, неутрално и од еквидистанца да гледаме на страните во Турско-Курдскиот или Турско-Грчкиот спор?
Тоа што не согледуваш дека религијата кај нив игра голема улога е само наивност, по која сме познати.
Вистински и реално наивен си ти ако уште веруваш во пријатели и непријатели на МКД.
А во Турско-Курдскиот и Турско-Грчкиот спор не сме никаков фактор,па да заземаме неутрален,за или против став.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Вистински и реално наивен си ти ако уште веруваш во пријатели и непријатели на МКД.
А во Турско-Курдскиот и Турско-Грчкиот спор не сме никаков фактор,па да заземаме неутрален,за или против став.
Онда, ОК бе, ај пак под муслиманска власт, едно 500-тина годинки.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Онда, ОК бе, ај пак под муслиманска власт, едно 500-тина годинки.
Нема пријатели и непријатели,има пари и интерес.Ние не сме тит фактор ни со територија,ни со население,најмалку со економска сила.Никој не зависи од нас.Ние зависиме од сите.Тоа е исто како питачот,зависи од милостината на луѓето кој поминуваат.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Да не беше тоа словенско братство во 2001 каде руските хелихоптери ги пилотираа украински пилоти, како и платениците, ај погодете од каде беа, како бе од истиот тој словенски свет.
Не продавајте муда за бубрези, Турција ќе го фаворизира исламот во Македонија а ако на Македонецот тоа му одговара, нема проблем тогаш никаков.
Сум за Турција за едни коректни нормални односи, пријателски,но да не се инфилтрираат премногу во државата.
Пред некој месец при посетата на Босна и Херцеговина на турскиот министер за надворешни работи му сметаше српското знаме и бараше да се отстрани.
Околу ТАВ, сите изведувачи и подизведувачи се или Турци или Албанци и се што можат носат од Турција.

Мајка Русија може да ја одигра главната улога во демонтирање на системите кои ја уриваат нашата татковина.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мајка Русија ако ја болеше за нас,досега сите прашања ќе ги решеше,тргнувајќи од црквата до економијата.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да не беше тоа словенско братство во 2001 каде руските хелихоптери ги пилотираа украински пилоти, како и платениците, ај погодете од каде беа, како бе од истиот тој словенски свет.
Не продавајте муда за бубрези, Турција ќе го фаворизира исламот во Македонија а ако на Македонецот тоа му одговара, нема проблем тогаш никаков.
Сум за Турција за едни коректни нормални односи, пријателски,но да не се инфилтрираат премногу во државата.
Пред некој месец при посетата на Босна и Херцеговина на турскиот министер за надворешни работи му сметаше српското знаме и бараше да се отстрани.
Околу ТАВ, сите изведувачи и подизведувачи се или Турци или Албанци и се што можат носат од Турција.

Мајка Русија може да ја одигра главната улога во демонтирање на системите кои ја уриваат нашата татковина.
Платеници се симбол за словенско братство !!!
Кои платеници, баш ме интересира...:)
Инаку хеликоптерите и авионите без добиени за кеш, а кешот е симбол на славјанска солидарност.

За кеш руски офицери се солидаризираа со маките на чеченците и ги снабдуваа со оружје и муниција.

Дали на пумпите на Лукоил има попуст за славјани, ако на пример понесат документ од кој се гледа нивното славјанство?
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Бог да те чува.
Бара на Лукоил попуст за Славјани а со брат му за 1м2 нива некоја во курешино очи си вадат.
Заборавивте како Украина беше силно притисната од НАТО да прекине со испорака на воена опрема.
Тенковите Т-72 виза ви америчките инструктори во Арачиново.
Неможам јас да ви ги отварам очите.
Вие сте си укочиле слика за Русија уште од времето на Романови.
Како можам јас да ви ја откочам таа слика ?
Русија се до доаѓањето на Путин беше И сеуште под големи закани по нејзината територија и сувереност.
Секретар на Кирил, патријархот на Русија е Македонец, многу умно дете и ценето.
Да не имате вие некој таков во Мека, или во Ватикан.
Руската православна црква влијае да се изнајде решение.
Но тука е грчката со своето влијание, тројанскиот коњ во цариград итн ...

Со некој со кого го делам СЛОВОТО, ЈАЗИКОТ, ВЕРАТА, па да му онадам таквото, барем заслужил добар ден да му кажам, повели, како сте.
А не како бркање вештерки, ми текнува на медиумската хајка за приклучување на јужниот тек, ама дали ќе ни се налутат американците кои ни беа во арачиново на обука.

Но повторно да не бидам погрешно сватен.
Јас не велам односи со Русија на сметка на затварање на сите други односи со европа, турција и америка, не.
Ние кај РУСИТЕ, исто како СРБИТЕ, можеме да добиеме ПОВЛАСТЕН статус.
Русија е таа која го држи КОСОВО со едно врвче за Србија, Србите одамна ќе го дадеа.
Колку и да сакаш да се инатиш само Русија може да биде партнер по ВЕРА, КУЛТУРА, СЛОВО, ЈАЗИК. Само со Русија може да ги браниме тие заеднички вредности.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Не реков никаде дека сакаат да не исламизираат со сила.
Само, треба реално, а не романтичарски да се гледа на работите.
Вистинските пријатели ќе ти помогнат, кога си во невоља. Во 2001, не беше така. Турците беа во најмала рака неутрални, со своите изјави и постапки на политички план. Како би било и ние како држава, неутрално и од еквидистанца да гледаме на страните во Турско-Курдскиот или Турско-Грчкиот спор?
Тоа што не согледуваш дека религијата кај нив игра голема улога е само наивност, по која сме познати.
Во заблуда си голема.
Дали целиот македонски народ е потурчен за време турско во услови на окупација ???
Ајде спореди со побугарчен процент на македонци во слободна Македонија ,ке ти текне..
Околу 2001 ва ,на играта американска да се држиш неутрално е поддршка.
Околу Турско-Курдскиот или Турско-Грчкиот спор ,не сме неутрални ??? Кај виде ти дека македонската официјална политика зазема страна,што не е исто кога турчин доаѓа во МК и од прес изјавува во наводници кои сме и што сме.
И за крај ,моли турчин да не избега и рус да те натрти ,кого русите натритиле никој не бил закрпен..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom