- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Драги пријатели,
Се расфрлате со зборови како Љубов, Светлост, Премудрост, Духовност, Личност, а ниеден од тие нема никакво знечење надвор од прородниот хабитус во кој што настанале. Јас знам за љубовта помеѓу маж и жена, помеѓу родители и дете, но не и за Љубовта за која вие зборувате. Така како што го користите тој збор, е само празна апстракција лишена од секакво значење. Знам и за светлоста од сонцето, или од пријатната светлост на уличното осветлување, но Светлост со големо С е ништо. Дефинирајте ги помите, не нижете празни зборови во празни реченици кои звучат како писма на заљубена тинејџерка.
Аман веќе...
А што се однесува до рационализмот, тој е епистемолошко учење кое нема онтолошки препоставки. Тој е начин на гледање на светот, кој во суштина носи позитивна порака дека светот околу нас е подложен на рационална анализа, дека на некој начин кореспондира со нашиот ум...
Од таму до нуклерните експерименти е долг патот, предолг за да го обвинуваме рационализмот. Аме ве разбирам, кутриот рационализам не се пишува со голема буква, како Светлост, Љубов, и други длабоки зборови...