Во ебан дуќан? Пффффф, комплетно незадолжително. Овој начин на пристап кон "проблемов" е еден од причините зошто некој го бутка албанскиот јазик на мала врата, затоашто сакате премногу нелогични работи.
У кондово, во средина со 100% албанци, при купување на тазе леб и нешто постар јогурт ќе се зборува македонски? Како да не.
Отсекогаш (и веројатно засекогаш) сум бил на ставот дека меѓуетничките односи во земјава (а и ваљда за пошироко важи правилово) може да се одржат на некое пристојно ниво само (и исклучиво) поради меѓусебна почит. Ако леандра ми наложува у кондово да прашувам за леб на македонски, јас од инает и во строг центар на градот ќе се занесувам на албански, у стилу ја нисам био ту како си сутра.
Ај, штом ти е досадно, да позборуваме за почит. Што е почит? Внимание, обѕир, грижа за некој или нешто. Ај сега да видиме кој колку почитува:
Јас летоска бев во Љуботен. Не бев на прошетка за да го видам тоа славно место, каде луѓето живеат мизерно, немаат вода за пиење и каде се живее во беда, ама затоа изградиле споменик на паднатите „борци“ во 2001, кој кошта колку 2-3 од оние на плоштад, туку бев бидејќи така ми наредија. Јас поубав мермер, не само на надгробна плоча, не сум видела, а како беше уредено местото околу е друга приказна. Принцу, дали ти знаеш дека во Љуботен
(чисто албанско муслиманско население) луѓето немаат водовод, туку полнат вода од горе од изворот, од истото место каде ги напасуваат овците? За пиење, за миење, за бањање вода си носат од уџум. Јас се потресов! Не зборувам како Македонка, зборувам како човек. Во 21. век доживеав да го видам тоа. Почнавме обиколка да видиме како живеат луѓето, што треба да им дадеме и како да им помогнеме за да им го подобриме животот. Замисли и покрај целата беда никој не сакаше збор да ми прозбори македонски, а јас бев таму за да им помогнам, а тие нејќеа ни да ми кимнат со глава дали ме разбираат. Бевме во една куќа, во која се погодија само жени. Излегоа надвор, оти бевме и ние повеќето женски, а машките се тргнаа на страна, женски не се мешаа со машките,
Боже и тоа го видов и конечно ми објаснија бедемите околу куќите за што им служеле,
(нема да пукам сеир овде, деградирачки е) почнавме комуникација на англиски. Доживеав да појдам таму за да помогнам, а некој да не сака да ме погледне само затоа што сум Македонка. :pishtoldz
За крај да напоменам дека, очекував одредена почит манифестирана преку разговор за тоа што јас го направив, ама не можеш некого со сила да го направиш човек!
П.С. Е, Прицну јас на фраерите што ги вработија сега им давам плата за да седат дома, а јас не сум вработена. Објасни ми те молам како да имам разбирање за ваквите луѓе кога ме маргинализираат на овој начин? Како вие ме почитувате мене???