Скопје се гради. Добро ли е тоа?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
"во многу градови во светот има вакви обележја како триумфалната капија, тоа е сосема нормално", но тука е...
Точно, се наведува неколку страни наназад (кое оправдување е прилично несмасно) за постоење на голем број триумфални порти, но сите или повеќето (исклучок можеби неколку изградени во себеславење и себевеличање на властодршците, кралевите, царевите) биле градени заради некој повод -воена победа, економски пресврт...ние славиме некој настан, победа или она третото-нечие самовеличање. Дали за номинален пораст на просечна плата од 5% или гдп од 2% ни треба порта? Сакаат да испуштаат вработени од државни фирми (со што бројот на муштерии за народни кујни и истерувачи на долгови енормно ќе се зголеми, а приватниците газди ќе тријат раце ради зголемениот број бесплатна работа/коњска сила), нема пари за многу битни функционални проекти, а се зезаме со бисти, палми, банани и коњи.
Кога ќе ја победиме финансиската и животната мизерија, кога ќе се ставиме во ред како држава со сите нишани, тогаш оправдано може да изградиме една порта.Вака, со бесплатни вторници и петоци, народни кујни, давење во кал, средства кои едвај стигаат за храна и гол живот...не знам што славиме со портата и спомениците.

А што стана со црквата, џамијата...ќе се градат или ќе го мењаат проектот...или ги држат како резерва?
 
Еве нешто за триумфалните порти:

http://en.wikipedia.org/wiki/Triumphal_arch

Тука има листа на најпознати во светот, почнувајќи некаде од 17от век, до примери од 20от.

Може да се најде листа и со римски примери.

Дваесетипрвовековната, или уште подобро, новомилениумската листа на триумфални порти може да почне со Скопје :)
 
Не е тачно, порти и тоа ново изградени има низ многу градови низ Америка, сигурно и низ Европа.. И доста веќе триумфална па триумфална.. никој не кажа дека е триумфална , туку ќе се вика Порта Македонја
 
http://www.vecer.com.mk/galerii/skopje2014/index.html

Цитро, душо, еве за тебе едно линкче од ВЕЧЕР. Јупи! Ти личи портава (или по твое што и да е), на некоја од претходниот линк?

Те молам наведи некој пример од оние "ново изградени има низ многу градови низ Америка, сигурно и низ Европа", едно-два-три примера, моља ти се...:) Или мислеше на онаа во Гамбија од 1996? Упс, тоа е у Африка...

П.С Америка не е некој пример кога се работи за вкус, нали така?
 
atlanta_arch_sr160708_3.jpg

Mилениум гејт-Атланта УСА.. завршена 2008 година.. само еден пример за тебе, за повеќе немам време да ти барам.. киссес
 
Attachments

  • atlanta_arch_sr160708_3.jpg
    atlanta_arch_sr160708_3.jpg
    46,5 KB · Прегледи: 2
Aмерика не била пример за вкус, оф лелееее... па за што е пример за кич ? ццц нема надеж за тебе , гад блесс ју
 
atlanta_arch_sr160708_3.jpg

Mилениум гејт-Атланта УСА.. завршена 2008 година.. само еден пример за тебе, за повеќе немам време да ти барам.. киссес

Ова станува добро :D

Гледам ли ја добро, на врх онаму на портана нешто налик на Партенон?

Ти вришти примеров. Пример како треба да се праит...ами шо не клаат еден помал и на нашата порта, сразмерно, со цел во целост да биде нашава порта според светски пример...ХА ХА ХА!!!

Ај, дај нешто друго, баш ме занима што ќе ископаш следно...хе хе хе, шо ти се вика грчко-римски стил...ха ха хи хи хо хо хе хе хеееее
 
А знае некој отприлика кога ќе го постават?
Вака делува огромно, постаментот е огромен, плус Александар... огромно нешто.
П.С Има некој информација за хотелите што требаше да се градат пред т хоум или тоа беше само шпекулација?
 
Ова станува добро :D

Гледам ли ја добро, на врх онаму на портана нешто налик на Партенон?

Ти вришти примеров. Пример како треба да се праит...ами шо не клаат еден помал и на нашата порта, сразмерно, со цел во целост да биде нашава порта според светски пример...ХА ХА ХА!!!

Ај, дај нешто друго, баш ме занима што ќе ископаш следно...хе хе хе

И америте се глупи , ставиле партенон на капија...абе оди,врска немаат од живот,неписмени..ама затоа ти си тука, со твојата естетика и начитаност да солиш памет .. Сакав само да ти дадам еден пример , пред да почнеш да лупаш нешто, да истражиш допро а не од ракав да тресеш .. или наједноставно горе на твојот прелистувач во адрес-барот пиши гугл.ком ..

--- надополнето ---

А знае некој отприлика кога ќе го постават?
Вака делува огромно, постаментот е огромен, плус Александар... огромно нешто.
П.С Има некој информација за хотелите што требаше да се градат пред т хоум или тоа беше само шпекулација?

Има, Мериот треба да гради таму, најверојатно од одва лето ќе почне
 
А знае некој отприлика кога ќе го постават?
Вака делува огромно, постаментот е огромен, плус Александар... огромно нешто.
П.С Има некој информација за хотелите што требаше да се градат пред т хоум или тоа беше само шпекулација?

Не се знае, шпекулации колку сакаш деновиве. Хотеливе веќе поодамна никој не ги спомнува.

Споменикот на Александар е толку голем што, верувам, никој не сака да го задеси земјотрес на плоштад. Ако човек не се удави од изливот на вода од фонтаната, тогаш сигурно ќе го згмечи Александро...:toe:
 
Земјиштето за два хотели и градската куќа(офицерскиот дом) веќе е продадено на грчки газда кој треба да ги изгради како на анимацијата.Ако почнат со градба годинава би можеле да се изградат до 2014-та.

--- надополнето ---

п.с. има некој слика од левиот кеј на Вардар пред да почнат со градбиве таму???
 
Ќе ги тргнам сите забелешки за економската оправданост на проектов и ќе пробам единствено низ естетска призма да гледам на него. Иако не сум архитект, така да моево мислење и не е до толку релевантно. Да речеме дека е ок тоа што се гради и да речеме дека градбите ми се допаѓаат. Можеби е тоа така, затоа што од кога знам за Скопје главна асоцијација ми се некакви сиви коцкасти и безлични згради, како и проектите на Кензо Танге, за кои можам да кажам дека некои и ми се допаѓаат, како на пример поштата и комплексот факултети кај Бит Пазар. Сметам дека се оригинални и имаат некаква уметничка и функционална вредност како претставници на модернизмот. Како резултат на тоа сивило можеби и видов освежување во новите обијекти, кои се во барокен и неокласичен стил и за кои сметав дека во ликот на Скопје никогаш нема да ги видам, таму ја наоѓам причината за првичното допаѓање. Но доколку во Скопје дојде странец, да речеме од некоја балканска метропола како Загреб, Белград, Софија, Љубљана, Сараево (за пошироко да не праиме муабет) и види што градиме сигурно ќе му стане првин чудно а послем и малку смешно. Затоа што во наведените градови овие архитектонски стилови се применувале пред еден или два века кога претставувале, а и сеуште претставуваат, авангарда и од таму произлегува вредноста на нивните обијекти, додека ние покрај временската дискрепанца имаме и промашување во однос на оригиналноста. Според мене и најгрдата зграда е повредна и поубава одколку некаков плагијат (освен ако не ви се допаѓа многу Лас Вегас). Не е ли најглавната поента на уметноста да се биде уникатен и да се понуди нешто ново, нешто што не е видено и нешто од што секој би бил импресиониран. Освен самите себе, пред се мислам на луѓето кои што не мрднале од државава, кој друг ние би импресионирале? Во очите на другите изгледаме покондирено, како неизживеани луѓе кои патат од некаков комплекс. Еве класичен пример

01%20obvinitelstvo.jpg

Јас стварно не знам зошто оваа зграда не би била соодветна за јавно обвинителство и финансиска полиција (инаку ова е второнаградениот труд на конкурсот), а ќе се гради ова

img0110un.jpg

само затоа што Владата на конкурсот барала да преобвладува јонско-готски неокласичен стил. Зарем не мислите дека испуштивме историска шанса да си изградиме модерно Скопје, на кое ќе бевме навистина горди?
 
^^^^^^^^^^^

Значи,ти сакаш модерни зданија,ја сакам класични...се е работа на вкусови.. Европските градови имаат пракса модерните,т.е така наречените модерни зданија од челик и стакло да ги градат по настрана од центар на градот..пример Дефанс во Париз,модерните згради се на крај на градот.. и уште многу примери..се слагам и со тебе дека можело стакло,не да не, ама зошто стакло а не мермер..? Мене тоа ми е исто како на пример,некој сака дома да се грее на клима или парно, а друг сака класично со камин на дрва..Значи за стилот може да се дискутира, зошто ова, а зошто не она.. Ама тука упорно се форсира тезата дека НЕ треба да се гради,треба да се руши, и треба -ло Скопје да остане исто, зашто некој си архитект од ЦК на КПЈ кажал после земјотресот така.. Кога ќе чујам некој дека било грев што се криела сега зградата на Комерцијална, и на Опера и балет, т.е. скокалницата, ја неможам да се изначудам на мислите на тој човек..
 
Да ја градеа таа зграда јас немаше збор да зуцнам против - со две раце потпишувам. Добро, финансискиот аспект (трошење во време на криза) пак ќе беше присутен, и ќе беше (пак) сосем легитимен аргумент, но, ете, барем јас, во име на естетиката ќе си молчев.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom