Јас бев во слична ситуација, со моја многу добра пријателка од Австрија, Виена. Ми го кажа истиот муабет (јас имам прошетано, но во споредба со нејзините посети на други земји и градови, моето се рачуна едвај 5%) и бидејќи јас пак со генерации потекнувам од Скопје, прилично ме повреди тој муабет, иако е реално вистинит. Македонија нема нешто ,,свое,, во поглед на архитектура или градби. До пред земјотресот можда и имало нешто од нешто, но после него, во СФРЈ градевме еднолични градби, без некое разубавување, што е и нормално за комунистичка земја (на пример како во Романија, сеуште има населби каде што сите куќи се исти, со иста фасада, иста патека, и исто дрво во дворот на исто место) а и креативноста во таквите општества бележи само минуси.
Јас не верувам дека Скопје нема да биде убаво по завршувањето на градбите, мене реално уште сега ми се допаѓаат, со ТОА ШТО СЕ ГРАДИ објектот на некогашниот Офицерски дом (што исто така си бил на тоа место порано), музејот на ВМРО (не музејот за Груевски, ами за онаа организација што даваше животи за да станеме автономна земја), Финансиска полиција, која нема своја посебна зграда денес, а таква препорака имаме од ЕУ, инаку, и др објекти кои барем јас мислам дека ни се потребни. А што се однесува до шмизли, бикови и ѕвона на плоштад и јас не се согласувам, исто како што не се согласувам со грчките божици - ќерки на Зевс пред новиот театар, но се секој споменик на личност важна за нашава нација се согласувам и оправдувам. А сите оние кои го отфрлаат величењето на Гоце, Јане Сандански, и сите други, нека се запрашаат какви македонци се. Нив не им пречеше да умрат за нас. А вас ви пречи нивното постоење на плоштад.