Некаде по бекап дискови имам цртежи за тоа како требало да изгледа центарот на Скопје според Кензо Танге. Добар дел од тоа не е довршено, а и тоа што било направено (градски ѕид) наместо на приземје да бидат празни за да циркулира воздух, сето тоа е претворено во деловен простор, а со самото тоа е затворен протокот на воздух, и скопје се гуши, посебно преку лето.
И самата железничка наместо 10 има 6 колосеци.
Скопје од страна на комунистите било проектирано за паланка, вардарска бановина и слично. Архитектот што ја проектирал Партизански одреди има лежено затвор затоа што нацртал толку широк булевар.
Бај д веј, Скопје е толку направено за никаде, што не може полошо. А вие бранете си ги Мирослав Грчев и компанија.
Без линкови не признавам . Lady Q допринесе премногу со линкови и статии кои верувам дека не сте ги отвориле, додуша се сомневам дека сте доволно писмени да читате на македонски, а камоли англиски . Кажување прикаски дека некој таму лежел без име и презиме зошто нацртал преширок булевар е патетитчен обид да се обвинат комунистите дека они се криви за кршот во скопје. Па сега се труди новата власт составена од
македончиња да ја оправи работата со што ќе изгради барокни згради и стави лошо направени статуи. Грда статуа во секое маало ви е визијата за Скопје, претпоставувам.
Никој не го брани Мирослав Грчев уште еден патетичен обид да се сврти дискусијата на друга страна. Никој не го спомена, ниту го коментираше неговиот лик и дело. Така да не го мешај ниту повикувај за ме оцрниш како клет комуњар. Патетичен обид , ако не си за нас си против нас, ако не си вмро , си сдсм. Дај прекини со смешни и детски обиди да оправдување на лајнаријава која ја прават и наводното бришење на траумите нанесени од комунистите преку градење 100 пати посрање објекти и сјебување целата околина на Скопје.
Вшусност попатетично немам видено од луѓето како тебе, ем со книшка, ем ми држат беседи за моралот и чедноста , ем со партиско вработување.
Сеуште чекам одговор на две прашање од сите страни:
- Што е доволно добро за вашиот префинет вкус ? Скопје пред земјотресот, Скопје во 70 тите , 80 тите, 90 тите или сега?
- Како седиш без кичма?
--- надополнето ---
Исто и тука. И не ми ги крати постовите. И не прави на мавнат.
Постот на кире е ок, генерално. Истата поента ја истакнав и јас.
Проблемот е во тоа што во Скопје премногу се фура овој стил.
Па поради малиот број на градби во други стилови, овие со гол бетон стануваат доминантни и истакнати во урбаната слика на Скопје, а со тоа грдат се околку себе.
Што се однесува до Танге и компанија, па човеков добива само ~50% од проектот за реизградба на Скопје, незнам колку има реализирано од овој процент.
Сега ќе пребираме ли?
Скопје од смрдлива паланка која увек бил градено едно врз друго во слоеви со некои патетични обиди за време на српската окупација да се направи нешто од него после земјотресот направија пристојно место.
Стиловите и премногу не се важни, важно е дали се е во склад и дали личи на нешто. Никогаш не сме биле повеќе од обична провинција дури и денес наводно независни кога сме, ова што сме го добиле било повеќе од добро. Додуша забораваш неколку работи голем дел од Скопје е изграден во 60 тите и 70 тите затоа и доминира тој стил. За после што се градело да не споменувам гледаме сите.
Поентата ми е , не останало скоро ништо од земјотресот од претходните доби, тоа што останало го санирале а остатокот од градот го изградиле во тогашен според нив модерен стил во склоп на можностите кои ги давало тоа подрачје.
Не ни го сваќам кукањето дека комунистите бришеле дрн дрн јариња кога оставиле и санирале голем дел од историските објекти во скопје.